Дати на поаѓање:
02.12 - 11.12.2011 г и 17.02.2012 г.

Откријте ја нејзината илјадагодишна култура, нејзиното единство и различност, мирно сожителство на многу религи и филозофии, калеидоскоп од 330 милиони божества, систем на касти, нејзините 18 јазици и 484 дијалекти, различните пејсажи– пустини, рамнини, прекрасни крајбрежја и митски планини. Затоа ние ви предлагаме да почнете од светот на минатото – светот на махараџите. Живејте ја својата сопствена приказна во дворците и тврдините на Раџастан!
1 ден Трансфер до аеродромот во Софија. Лет од аеродромот во Софија до Њу Делхи.
.jpg)
2 ден Пристигање на аеродромот во Њу Делхи. Трансфер до хотелот, сместување и одмор. Ручек. Обиколка на Делхи, град со две лица, завртени истовремено кон минатото и сегашноста. Почнуваме со запознавањето со престолнината од Стариот Делхи. Посета на Џама Масџид - тоа е без сомнеж најголемата и најубавата џамија во Индија, датира од 17 век.Следува гробницата на императорот Хумајон, споменик на љубовта, подигнат во 16 век од неутешната вдовица на моголскиот владетел по проект на персиски архитект – еден своевиден прототип на Таџ Махал. Продолжуваме во Новиот Делхи, кој носи отпечаток на британското владеење со широки булевари и убави зелени плоштади. Разглед на Вратата на Индија, подигната во сеќавање на индиските војници, загинати за време на индо-англиските војни и во Првата светска војна и зградата на индискиот Парламент , симбол на независноста на Индија и висок орган на законодавната власт. Вечера. Ноќевања.
.jpg)
3 ден Појадок. Заминување кон Шекавати – историска област, представува забележително индо-моголско архитектурно наследство од тврдини и хавели. Хавели представуваат мали дворци или господарски куќи, сопственост на принцови и богати трговци, покриени од надвор и од внатре со стенописи. Ручек во дворецот во Мандава – тоа е првиот контакт со прикажаниот свет на Раџастан. Посета на прочуените хавели во Мандава. Заминување кон Навалгарх – втор прекрасен град во Шекавати. Сместување во хотел-хавели. Обиколка на хавелите во Навалгарх. Вечера. Ноќевање.

4 ден Појадок. Заминување кон Биканер – пауза по патот на караваните од Кина кон Блискиот исток. По патот разглед на прочуеното хавели на Надин Лјо Пренс во Фатехпур. Пристигање во Биканер – град во пустината Тар и престолнина на истоимениот округ. Сместување и ручек во бившиот дворец на махараџата, во кој отседнувале кралски и истакнати личности од цел свет , претворен е во луксузен хотел во почетокот на новото илјадалетие. По ручекот разглед на Џунагарх форт, изграден во 16 век од раџата Раи Сингх, генерал во армијата на императорот Акбар Велики – прв допир со богатствата на раџпутските принцови. Посета на фарма за одгледување на камили – гордост и извор на богатства на Биканер. Вечера и ноќевање во бившиот дворец.

5 ден Појадок. Заминување кон Џодпур – Синиот град, наречен така поради куќите бојадисани во сино. Ручек во Џодпур – вториот по големина град во Раџастан и престолнина на истоимениот округ. Посета на крепоста Мехрангарх, заслепувачко орлово гнездо, сместен на врвот на скалите на над 100 м височина. Наречената “Великолепна” тврдина од 17 век е една од најимпозантните во Индија, засолнет зад високите, со карпи богато украсен дворец, давајќи ни претстава за животот и богатствата на махараџите. Посета на Џасвант Тада – великолепните гробници на принцовите, извајани од бел мермер. Замунување кон Луни – восхитувачко мало село, познато со својата крепост-дворец со интересна архитектура од 19 век, претворена во хотел. Вечера со програма и ноќевање во дворецот.

6 ден Појадок. Заминување за Пушкар – Светиот град. По пат- ручек и разглед на крепоста Читоргарх – најголемата крепост во Индија, изградена во текот на 7-8 век. Таа е позната по саможртвата на жените и децата , кои на 3 пати (во 14, 15 и 16 век) се самозапалуваат (џаухар), за да не паднат живи во рацете на ѓаволот, подвиг пофален од бардовите низ средновековието. Заминување кон Пушкар – град, изникнат според легендата од лотосов цвет и еден од петте центри на поклонение за верниците хиндуисти. Посета на Светото езеро и храмот на богот Брама, изграден во 14 век и еден од малкуте, посветени на богот на Создавањето. Вечера и ноќевање во хотелот.

7 ден Појадок. Заминување кон Џајпур – Розовиот град, обоен во розово по повод гостувањето на Велшкиот принц пред многу, многу години. Сместување и ручек во хотелот – восхитувачки мал дворец од 19 век. Разглед на Џајпур , престолнината на Раџастан, создаден од еден махараџа - астроном и урбанист - во почетокот на 17 век. Градот воодушевува не само со прекрасните дворци, паркови и крепосни карпи, но и со извонредното планирање, изразено во прави и широки улици, пресечени под прав агол. Започнуваме со посета на Џантар Мантар, камена опсерваторија од 18 век, впечатлива со својата точност и до денес, и на Градскиот дворец, комплекс, дел кој е претворен во музеј, а друг дел и до денес е резиденција на махараџата на Џајпур. Вечера и ноќервање во хотелот.

8 ден Појадок. Искачување на слон до крепоста Амбер – цитадела, лоцирана на брдо крај Џајпур, од каде управувале махараџите на Џајпур од 11 до 18 век. Зад високите ѕидови ќе видите уникатни нешта – сала со мозаици од огледало, испишано венецијанско стакло, клима-систем и целото богатство , сред кое махараџата се радувал на животот заедно со своите 12 фаворитки и ... 300 наложнички! Завршување во Џајпур и фотосесија пред Хава Махал, Дворецот на ветровите – фасада со 953 прозорци од изделкани орнаменти, зад кој жените од харемот го набљудувале незабележани, животот на улицата. Ручек во дворецот – бивш имот на кралската фамилија. По ручекот посета на локален пазар. Вечера во имотот на главниот командант на армијата на махараџата во почетокот на 20 век. Ноќевање.

9 ден Појадок. Заминување кон Агра, бившата престолнина на Монголската Империја, сместена на двата брега на реката Јамуна. Пауза за ручек по пат и посета на Фатехпур Сикри – Градот на победата. Тој е изграден од императорот Акбар Велики во знак на благодарност кон еден муслимански светец, кој го предскажал раѓањето на неговите три сина. За кратко бил престолнина на Империјата, но потоа бил изоставен поради недостиг на водни ресурси. Ќе дознаете и некои детали од личниот живот на императорот. Пристигање во Агра и посета на Црвената тврдина – изградена од црвен песочник од Акбар Велики како дворец за син му Џаханџир, а подоцна е преуредена од Шах-Џахан, сoздавачот на Таџ Махал, со бел мермер, украсен со полускапоцени камења. Сместување, вечера и ноќевање во хотелот.

10 ден По изгревањето на сонцето посета на прочуениот Таџ Махал – величествен мавзолеј, изграден од Шах-Џахан во спомен на љубената жена Мумтаз Махал и се претворил во симбол на љубовта. Спореден од големиот индијски поет Тагоре како “солза, одронета по усната на времето”, тоа единствено по вид ремек дело во себе ја отелотворува величината на Моголската империја, љубовта, филозофијата, мистиката, симболиката, техничките постигнувања, естетското чудо, математиката и парадоксите - сите тие елементи, споени во една целина, го претвораат во најубавиот споменик на светот. Враќање во хотел и појадок. Заминување кон Делхи. По пат - ручек. Пристигање во Делхи и сместување. Посета на Кутаб Минар – највисокото минаре во светот. Слободно време за последни пазарувања во Стариот Делхи. Вечера и ноќевање.

11 ден Појадок. Трансфер до аеродромот. Лет Делхи – Софија. Пристигање доцна навечер. Трансфер до Скопје.
|
За минимум |
8 лица |
12 лица |
15 лица |
|
Цена |
1785 Евра |
1640 Евра |
1590 Евра |
Плаќање во денарска противвредност.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Авио билет Софија – Делхи – Софија
- 9 ноќевања со појадок (од кои 3 ноќевања во хотели 3-4 * во Делхи и Агра и 6 ноќевања во бивши дворци и резиденции на махараџи и принцови, преуредени во хотели )
- 9 ручека (од кои 3 во бивши дворци и резиденции)
- 9 вечери (од кои 6 во бивши дворци и резиденции)
- трансфери аеродром Делхи– хотел – аеродром Делхи
- Програма со танци за време на една од вечерите
- прошетка со слон до крепоста Амбер во Џајпур
- обиколка со локален водич на Делхи, Мандава, Навалгарх, Фатехпур, Биканер, Џодпур, Пушкар, Џајпур, Фатехпур Сикри и Агра.
- сите влезници за објектите кои се посетуваат според програмата
- климатизиран минибус/автобус за време на целото патување (трансфери и екскурзии, вклучени во програмата)
- водич-преведувач од агенцијата партнер за време на целото патување
- по една флаша минерална вода за лице во секој град
- 4,94 % такси Индија
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА :
- Трансфери Скопје-Аеродром Софија - Скопје
- аеродромски такси во износ 396 Евра
- виза за Индија околу 60 евра / ТА АРБОТРАВЕЛ може да посредува за Индиска виза).
- бакшиши за водичи и шофери – 30 Евра
- пијалоци
- лични трошоци
ТА Арбо Травел - Скопје
Бизнис Центар Буњаковец, бул. Партизански Одреди 21 A2/1 локал 6, 1000 Скопје
++ (389) (2) 3109 518; 3127 728; 3132 027
fax ++ 389 2 3127 729
пон - пет 09:00 - 19:00ч, сабота 09:00 - 15:00ч