Националниот парк Маврово со своите преубави пејзажи исполнети со шуми, езери и реки претставува едно од највпечатливите предели во Македонија. Простирајќи се на површина од 300 км², овој природен резерват на своите посeтители им открива природа која изоблиува со со природно-географски богатства: кањони, планини, езера, густи шуми и вегетација ишарана со безброј реки и потоци со брзаци, водопади и кристално бистра вода кои го збогатуваат овој и онака исполнет предел со разновиден природен и животински свет.
Повеќето од највисоките планински врвови се наоѓаат на планинските масиви кои го сочинуваат овој парк. Планините Шара, Дешад и Бистра кои со своите врвови стојат под импозатниот врв на планината Кораб (2,764 м.) го прават овој планински венец уште пофасцинантен. Шумите на овие планини се дом на разноврсна флора и фауна.
Бистра е една од најинтересните планини на територијата на Република Македонија. На оваа планина има неколку врвови на 2,000 м. од кои најв
исок е Меденица на 2,163 м. надморска височина. Од врвот на Меденица се простира преубава глетка на околината, на запад планината Кораб, а на север Мавровското езеро и Националниот парк кои откриваат нови убавини и разнобоен пејзаж исполнет со коњи, раштркани стада на овци, снежни планински врвови во јули, планински цвеќиња, столетни дрвја,...глетка која мора да се искуси.
Галичник е планинско село на падините на планината Бистра на надморска височина од 1300-1600 метри и на само 10 км од Мавровското езеро. Заедно со Лазарополе овие две села се двете најголеми и најстари Мијачки села во регионот. Галичник ја има зачувано својата традиционална архитектура и заедно со природната околина успева да го задржи вниманието на секој посетител како едно од најмагичните места во Македонија. Во минатото економијата на Галичник зависела од производите што ги добивале од своите стада овци. Во овој предел е развиена богата трговија со кавалитетни производи од млеко, месо и волна. Особено ценет прозивод е кашкавалот и белото сирење. Секако не треба да се заборават и локалните специјалитети како што се бакрдан, јогурт и овчо месо.

Јавањето на грбот на еден коњ нуди посебно искуство и особено возбудлив начин на уживање во богатствата на Националниот парк – Маврово. Ова е несекојдневен начин да се откријат убавините на овој крај, далеку од секојдневните дразби и притисоци од урбаниот начин на живот. Придружете ни се во обиколката на преубавите предели, глетки полни со моќни планини, бистри потоци и пространи и зелени шуми. Сместувањето е во стари села, уживајќи ги вкусовите на традиционално подготвените јадења.
За они кои уживаат во активности во природа, ние ви го нудиме најдоброто јавање. Почнувајќи од с. Галичник нашиот водич ќе ве води длабоко во шумата се до најмалата црква на Балканот –Св. Петка за краток одмор. За време на јавањето ќе можете да ги видите врвовите на Крчин, Стогово и панорамска глетка на с. Галичник, кањонот на реката Радика и многу шумски потоци низ кои тече кристално чиста планинска вода.
Времетраење на турата: околу 4 часа
Поаѓање: 10:00 ч.
Одмор: 12:00 ч. (сендвичи, чоколадо, сок)
Пристигнување: 14:00 ч.
Цена: 1000 денари (за еден јавач)
Ова е идеална тура за оние кои сакаат да го искористат максимумот од еден ден. На оваа тура јавањето е низ шумата Сушица и надолу кон селата Селце и Тресонче, со панормска глетка на северната страна на планината Стогово. На пат кон пештерите се поминува низ селото Тресонче со цел да се почуствува фолклорниот амбиент и старата селска архитектура, по преоѓањето на реката се пристига до пештерите за одмор и скара.

Времетраење на турата: околу 7 часа
Поаѓање: 9:30 ч.
Одмор: 12:30 ч. (скара, салати, десерт,пијалоци)
Пристигнување: 18:00 ч.
Цена: 2000 денари (за еден јавач)
Овие тури се за оние кои сакаат да ги видат сите планински богатства на планината Бистра. Турата започнува со качување на падините на планината и глетка кон неколку планински врвови. На оваа тура потребно е да се носи соодветна облека, како и опрема за заштита од сонце и дожд. Со посета на неколку бачила оваа планинска тура ќе ви го доближи животот на овчарите, а истотака посетата во бачилата ќе ја искористиме да ги вкусиме најдобрите традиционални бели сирења и јогурт. За оние кои сакаат поинтезивно доживување, ја препорачуваме возбудливата и адреналинската тура во која ве носиме на највисокиот врв Меденица (2,163 м.) со спектакуларен поглед на Корабскиот масив (2,764 м.).
Приближно 5 часа
Поаѓање: 9:30 ч.
Дегустација на сирења: 12:00 ч. (сирење, јогурт, салати, домашен леб, пијалоци)

Пристигнување: 16:00 ч.
Цена: 1800 денари (за еден јавач)
Приближно 7 часа
Поаѓање: 9:30 ч.
Дегустација на сирења: 13:00 ч. (сирење, јогурт, салати, домашен леб, пијалоци)
Пристигнување: 17:00 ч.
Цена: 2000 денари (за еден јавач)

Приближно 8 часа
Поаѓање: 9:30 ч.
Дегустација на сирења: 13:00 ч. (сирење, јогурт, салати, домашен леб, пијалоци)

Пристигнување: 18:00 ч.
Цена: 2400 денари (за еден јавач)
· 1 1 ден (Галичник – Селце – Тресонче –Лазарополе)
· 2 2 ден (Лазарополе – Маскарвец – Кирилевец – Маврово)
· 3 3 ден (Маврово – Салтаница – Суво поле – Галичник)
Оваа тура ја истражува најспектаткуларната природа на Нациналниот парк – Маврово. Јавањето заедно со логорувањето нудат незаборавно искуство за оние кои сакаат да кампуваат во природа.
Ден 1 – Јавачите се состануваат во 9:30 ч. во селото Галичник да ги запознаат своите водичи и коњите. Првиот ден се јава низ шумски предел до крајната дестинација – Лазарополе, минувајќи низ селата Селце и Тресонче. На оваа тура ви нудиме две можности за сместување: сместување во шатори и скара и појадок или пак сместување во локалниот хотел со вечера и доручек.
Приближно 5 часа
Поаѓање: 9:30 ч.
Одмор: 12:00 ч. (сендвичи, чоколадо, сок)
Пристигнување: 14:30 ч.
Вечера: 16:30 - Вечера покрај оган (скара, салати, десерт, пијалоци)
Сместување: Шатори (5 часа јавање, ужина, вечера) – 2200 денари
Ден 2 – По доручекот, заседлување за возбудливо јавање до Мавровското езеро. Овој ден е предвиден за јавање низ преубавите предели на Бистра со прекрасен поглед кон планински врвови, пасишта, бачила, дегустација на локално сирење и јогурт. Сместувањето и за овој ден е со две опции – шатори или пак хотел.
Приближно 9 часа
Доручек: 8:00 ч.
Поаѓање: 9:30 ч.
Ручек : Дегустација на сирења: 14:00 ч. (сирење, јогурт, салати, домашен леб, пијалоци)
Пристигнување: 18:30 ч.
Вечера: 19:30 - Вечера покрај оган (скара, салати, десерт, пијалоци)
Сместување: Шатори (9 часа јавање,доручек, ручек , вечера) – 2800 денари
Ден 3 – За жал секое патување има свој крај, но има ли подобар начин да се заврши вакво патување од јавање од Мавровското езеро до селото Галичник. На овој начин ќе направиме цел круг и јавачите ќе пристигнат на точката на поаѓање во 14:30 ч.
Приближно 5 часа
Доручек: 8:00 ч.
Поаѓање: 9:30 ч.
Одмор: 12:00 ч. (сендвичи, чоколадо, сок)
Пристигнување: 14:30 ч.
Ручек: 15:00 – Ручек во локалниот ресторан (Јагнешко, прилози, десерт, пијалоците не се вклучени)
Цена: (5 часа јавање, доручек, ужина, ручек Јагнешко во ресторан) - 2500 денари
Вкупна цена за целата експедиција :
· Шаторско сместување (19 часа јавање; 2 доручеци; 2 ужини,1 Ручек - дегустација на сирења, 1 Ручек , јагнешко, 2 вечери – скара) – 7500 денари;
|
Часови јаванје |
доручек |
ручек |
вечера |
денари |
|
19/20 |
2 |
2/Јагнеско,Сиренја |
2/скара |
7500 |
* Без разлика за кои тури ќе се одлучите ресторанската понуда во локалнио ресторан во
Галичник е секогаш достапна.
Цена: (јагнешко, прилози, салати, десерт) – 900 денари
· Хотелското сместувње е секогас достапоно во Хотел НЕДА .
|
Нокевање со доручек (Традиционален кацамак ) |
Нокевање со доручек и вецера |
|
1000 ден |
1300 ден |
Без разлика дали сакате да ни се придружите на еден час или пак да одберете некоја од турите кои се овде понудени, ние секогаш можеме да ви понудиме опции кои ви се вам соодветни. На нашите тури ние јаваме Балкански планински коњи: питоми селски коњи, мали но особено издржливи и сигурни за планински терен. Организраме тури за сите нивоа на јавачи од почетници до напредни јавачи. Инструкторите за јавање се обучени за својата работа и слободно консултирајте ги. Овие тури се одлични за групни и фамилијарни одмори, но секако се и добар начин да запознаете отворени и дружељубиви луѓе со авантуристички дух и љубов кон природата.
Листа на опрема:
- Удобни чевли;
- Соодветна облека за планински временски услови;
- Крема за заштита од сонце;
-Вреќа за спиење доколку одите со опцијата за ноќевање во шатор;
HORSE CLUB BISTRA- GALICNIK
ТА Арбо Травел - Скопје
Бизнис Центар Буњаковец, бул. Партизански Одреди 21 A2/1 локал 6, 1000 Скопје
++ (389) (2) 3109 518; 3127 728; 3132 027
fax ++ 389 2 3127 729
пон - пет 09:00 - 19:00ч, сабота 09:00 - 15:00ч