| Школување |
|
There are no translations available. Sprachcaffe Најдобрите училишта во :
НОВО ВО 2005: МЕКСИКО (Плаја Дел Кармен) – КИНА (Пекинг)
Без двоумење, најефективниот начин да се научи странски јазик е да се престојува во земјата каде што се зборува тој јазик. Нашите програми не само што Ви отвораат нови хоризонти кон изучувањето и запознавањето на обичаите и културата во овие земји, туку Ви помагаат да го совладате и усовршите Вашето познавање на јазикот користејќи го во комуникација со луѓето на кои им е мајчин јазик и користејќи го во разни секојдневни ситуации. Освен тоа ние Ви нудиме и разни културни активности, за времето на Вашиот престој во некое од нашите училишта, како и повеќе опции за сместување, од приватни апартмани до сместување во семејство, во зависност од Вашите желби и потреби. Запрашајте се: Зошто сакам или имам потреба да научам нов јазик? Што би сакал да постигнам? Воглавно има две причини за изучување на странски јазик. Желбата да се комуницира и соработува со странци (луѓе од други земји), водење разговор, изнајмување на возило или хотелска соба. Овие причини се најважни за повеќето луѓе кои сакаат да патуваат или за луѓето од бизнисот. Ако припаѓате на некоја од овие групи, тогаш Вие навистина треба да посветите внимание на изучувањето на јазикот и содржината на часовите во училиштето, зошто за ова Ви е потребно повеќе од обичен учебник. Втората причина е да го искусите различниот начин на живот, да ги проширите своите хоризонти со откривањето на културата на земјата во која ќе престојувате. Да запознаете нови пријатели со кои ќе ја надминете бариерата на јазикот, која досега била граница во Вашиот сопствен свет. Ова е повеќе филозофска причина за изучување на странски јазик, но ако тоа е Вашата мотивација потребно е да посветите внимание на Вашиот изговор и да го споредите јазикот кој го изучувате со сопствениот, мајчин јазик. За да разберете како да зборувате и размислувате на јазикот кој сте одбрале да го изучувате, потребно е наставниците да бидат способни да Ве водат по патот на откривањето на јазикот и културата на земјата во која престојувате. Перфекцијата подразбира комбинирање на практиката и културата, кога е возможно во средината која инспирира со интересни луѓе. Тоа е всушност нашата филозофија. Мешавина од практика, учење и забава. Учењето може да биде успешно единствено ако часовите и наставата се прилагодени на потребите на ученикот. Со нас ќе учите во пријатна и стимулативна околина, која Ви гарантира успех во текот на Вашиот учебен процес. НАШИТЕ МЕТОДИ
Часови Клучот на прогресивна и ефективна настава со долготрајни резултати е најважната улога на комуникацијата. Уште од првиот ден многу е нагласено слободното говорење, така што студентите ја изучуваат практичната страна на јазикот и како да го користат речникот и изразите во секојдневниот говор. Часовите се високо стандардизирани, со посебна грижа и внимание упатена на секој студент. Токму поради тоа нашите групи(класови) се составени од 8 до 13 студенти, што всушност претставува правило. Искуство и доверба во наставните методи Во нашите училишта секојдневно, во текот на целата година се развиваат и усовршуваат методите на настава што се покажува со користење во реалните ситуации. Ние ги трансформитаме напнатите ситуации во текот на учењето во спонтани и креативни. Комуникацијата во најшироки размери значи да бидеш вклучен во доживувањето на останатите. Нашата желба е да го мотивираме секој учесник до перфекција во секое ниво. Високо квалификувани професионалци Покрај значајната квалификација како луѓе на кои им е мајчин јазик, нашите професори имаат и големо искуство во работата со луѓе. Тоа се индивидуалци кои должностите не го сфаќаат само како работа. и кога ѕвончето ќе го означи крајот на часот, нашите професори Ви се на располагање, да Ви дадат потребен совет и асистенција за да ги совладате потешкотиите во изучувањето на јазикот, исто така тие го поминуваат своето слободно време со нашите гости. Нашите професори се добро информирани за тековните случувања од весниците, глобални и локални, како и за културните случувања и секако за студентите ориентирани кон бизнисот, со специјални материјали и написи. Сигурен квалитет Часовите се одржуваат во училиштата на SPRACHCAFFE Languages PLUS, кои се идеално опремени и соодветно со околината за одмор и културни активности. Затоа може да изберете меѓу модерен Европски град и релаксирана атмосфера во провинција. Можете да бидете сигурни, без разлика на локацијата која ќе ја одберете нашите вработени ќе направат се за да се чувствувате прекрасно и ќе го исполнат вашето време . Не се сомневаме дека ќе го цените нивното настојување и грижа.
Слободно време и културни активности Како додаток на перфектните методи на настава, слободните активности играат решавачка улога исто така. Ние нудиме голем избор на програми и активности со минимален трошок за нашите студенти. Кога ќе завршат часовите нашите програми ви нудат откривање на новата држава, култура и обичаи. Нашите културни и социјални активности ви овозможуваат запознавање и создавање на нови пријатели со кои ќе учествувате во културните активности, ќе го практикувате новонаученото од јазикот во ситуации од вистинскиот живот. Ви нудиме излегувања, забави, вечери, спортски активности, диско, патувања и екскурзии кои ви се овозможени речиси секојдневно. Исто така ги цениме и подржуваме вашите спонтани побарувања и сугестии. Сместување Нашето мислење е дека доброто сместување е предуслов за да се чувствувате пријатно во текот на Вашиот престој на курсевите. Не сме заборавиле дека нашите гости претежно го минуваат годишниот одмор со нас. Поради тие причини, сметаме дека не е доволно да понудиме само училници, учебници и компјутери туку и модерно, отмено и комфорно сместување. Апартмани Sprachcaffe Languages PLUS поседува сопствени апартмани со комлетно опремена кујна и купатило на скоро секоја локација каде се одржуваат курсевите. Тие се уредени со намештај кој е типичен за секоја држава во која се наоѓаат. Можно е сместување во еднокреветни и двокреветни соби. Живеењето во заедница помага да се растераат чувствата на осаменост или плашливост. Делејќи го апартманот со друго лице Вие се поттикнувате на комуникација на Вашиот нов јазик со луѓе од различни земји. Училишни резиденции Многу од училиштата ја нудат можноста за сместување во резиденции. Ужениците живеат и учат под ист покрив. Живеат како семејство со семејство, така и комуницираат. Во овој случај не само што ќе можете да го практикувате вашиот нов јазик туку и ќе бидете побогати за многу трајни пријателства. Семејства Секој на кого му е навистина важно да се образува би го одбрал овој начин на сместување, кој овозможува поблиски релации и запознавање на обичаите и навиките на земјата домаќин. Хотели За оние кои сакаат луксуз и комфорт ви нудиме убави, комфорни хотели со прекрасно опкружување.
Курсеви и нивоа Стандарден курс Ова е најдобар компромис меѓу учењето и слободното време. Четири часови на ден гарантираат ефективно учење, додека попладнето е слободно за секаков вид слободни активности. Основниот курс трае најмалку 2 недели. Интензивен курс (шест 45-минутни часови дневно, 5 дена во неделата) Ако сакате да учите поинтензивно, но сепак да си дозволите и одмор, Вашиот најдобар избор ќе биде интензивниот курс. Индивидуален курс “Еден со еден” наставата е најбрз и нај интензивен начин да го научите и да го усовршите јазикот. Формата на часовите е детерминирана според потребите и желбите на студентите. Дури и времетраењето на часовите е флексибилно. Ви нудиме индивидуални курсеви од четири или шест часа дневно. Сите делови од наставната програма се изучуваат во најкус можен рок. Цертификат Секој учесник во нашите програми добива цертификат (диплома) од училиштето. Во курсевите кои траат подолго време студентите можат да полагаат и тестови со Интернационален Стандард (Cambridge Certificate, Diploma de Espanjol como Lengua Extranjera itn.. .) Тест за познавање на јазикот Првиот ден на посета на училиштето Вие полагате тест за познавање на јазикот кој сакате да го изучувате. Следниве нивоа на познавање на јазикот ќе бидат распределени според овој тест: И ако започнувате како “апсолутен почетник” со нас ќе можете побрзо да ги научите секојдневните изрази. Ќе ги развивате чувствата за јазикот и ќе можете да ги разберете едноставните зборови Вие можете да разговарате за секојдневните активности и да ги користите основните граматички конструкции. Можете да ги разберете едноставните пораки, инструкции и наредби. Вие можете спонтано да манипулирате со ситуации од секој вид. Вашиот активен и пасивен речник ќе ви овозможи да го усовршите вашето ниво на познавање и длабочина на конверзацијата. Исто така ќе можете да пишувате писма и читате едноставни новинарски написи. Интензивниот курс ќе ја усоврши вашата доверба и спонтаност. Имате големо разбирање, сфаќање на голем дел неспецијализирани текстови а многу добро ја разбирате граматичката конструкција. Ќе биде можно да ги изразите и подржите вашите гледишта со довербата. Напредно ниво Во овој случај вие имате добро ниво на способност и можете да манипулирате со јазикот. Можете да дискутирате за секојдневните работи, да ја следите конверзацијата, да ги изразите своите мислења, читате весници и друга литература. Сега можете да комуницирате скоро како на вашиот мајчин јазик, стекнувајќи перфектно владеење на граматиката и содржината.
ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК ВО НИЦА Училиштето во Ница е лоцирано во прекрасна зграда која датира од the Belle Epoque, на кратка одалеченост од катедралата Нотр Дам и автобуската/ железничката станица. Училиштето располага со светли и удобни училници за интернационалните студенти. ЦЕНА: 620 ЕУР / Двонеделен курс + сместување/
ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК ВО ПАРИЗ Училиштето во Париз е основано во 1986 како приватен институт акредитиран од Ректоратот на Париз и Министерството за Труд и е добро познато по својата методологија базирана на педагошкиот проект за изучување на Францускиот јазик во соработка со Ректоратот на Париз. Се наоѓа во центарот на само неколку минути од историскиот, културниот, уметничкиот и економскиот центар. Најблиска метро станица е "Grand Boulevard", на пешачка дистанца од музеите, хостелите и рестораните, како и безбројните мали бутици и барови. ЦЕНА: 850 ЕУР / Двонеделен курс + сместување/ Училиштето едноставно го одзема здивот. Тоа е прекрасен архитектонски објект изграден на почетокот на 20-ти век.Овој прекрасен камен објект изграден во класичен Грчки стил ќе остави длабоки импресии во вас со својот прекрасен изглед. Училиштето е лоцирано во тивкиот дел на St. Julian’s Bay, во близина на центарот каде се одвива ноќниот живот. Комплексот, училниците, апартманите, рестораните и градината - а да не зборуваме за базенот и игралиштата за одбојка на плажа, се одлично место за учење и релаксација. Како што сонцето практично сјае и грее во текот на целата година можноста за релаксација и уживање е практично безгранична. ЦЕНА: 430 ЕУР / Двонеделен курс + сместување/
PADI SCUBA DIVER COURSE: За апсолутни почетници. Студентите учат со 3 часови во базенот на училиштето, 3 часа на отворено море со квалификуван инструктор и 3 часа теорија на нуркање. 3 часа во базен/ 3 часа на отворено море/ 3 лекции – 260 ЕУР PADI OPEN WATER COURSE: За апсолутни почетници. Студентите учат со 5 часа во базенот на училиштето и 4 часа на отворено море со квалификуван инструктор и 5 часа теорија на нуркање. 5 часа во базен/ 4 часа на отворено море/ 5 лекции – 360 ЕУР DIVE PACKAGE: За искусните нуркачи нудиме пакет програма за нуркање покрај прекрасното крајбрежје на Малта. Сите трансфери од/ до местата каде се одржуваат часовите како и изнајмувањето на опремата се вклучени во цената. 6 часа на отворено море – 180 ЕУР
Лоцирано е во срцето на Midtown – Manhattan, веднаш покрај престижната Carnegie Hall и на само неколку минути од Хард Рок Кафе, Петтата Авенија и Theatre District. Прекрасниот Централ парк во Њујорк е одалечен на само три блока. Во близина се наоѓа и подземната железница која го поврзува секој дел од градот. ЦЕНА: 1.270 УСД / Двонеделен курс + сместување/
АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ЛОС АНЏЕЛЕС Лоцирано е во срцето на Westwood Village, дом на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес (UCLA), еден од најдобрите Универзитети во САД. Школскиот центар се наоѓа на само 5 минути пешачење од UCLA и студентите имаат опција да престојуваат во резиденциите веднаш до кампусот што им овозможува да се запознаат со многу американски студенти. Овој регион е доста безбеден и обилува со ресторани, кина, театри и продавници... ЦЕНА: 1.120 УСД / Двонеделен курс + сместување/
АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО БРАЈТОН Училиштето во Брајтон е прекрасна реновирана зграда од Едвардијанскиот период, сместена на шеталиштето, веднаш спроти West Pier, а исто така близу до Гранд Хотелот. Тоа е на кратка одалеченост од плажата и центарот на градот. Покрај модерно опремените училници со поглед на море, училиштето поседува сопствен ресторан, паб и диско. Располага со повеќе од 50 комфорно опремени двокреветни соби, секоја со сопствено купатило. ЦЕНА: 396 ГБП / Двонеделен курс + сместување/
АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ДЕВОН Прекрасната крајбрежна област на устието на реката Exe , на англиската Ривиера, северно од Torbay е домот на нашето популарно училиште, кое е лоцирано на градскиот плоштад. Ова училиште се повеќе добива популарност во последниве години. Целата опрема и сите помошни средства ви се на дофат во ова училиште. ЦЕНА: 372 ГБП / Двонеделен курс + сместување/ Ако една работа е сигурна во животот , тоа е дека вие никогаш нема да се досадувате во Лондон! Само погледнете во “Time Out”, таткото на сите градски магазини и ќе пронајдете илјадници случувања и активности кои се случуваат во градот секоја недела. Сакате да се забавувате во театар? Нема проблем, Лондон е светската престолнина на театрите. Или што со забавата во ноќните клубови? Во Лондон е еден од најголемите клубови во светот. ЦЕНА: 712 ГБП / Двонеделен курс + сместување/
НОВО!!! ШПАНСКИ ЈАЗИК ВО МЕКСИКО – ПЛАЈА ДЕЛ КАРМЕН Училиштето е основано во 1997 година и го води млад тим кој ќе направи вашиот престој во Мексико да биде незаборавен дел од Вашиот живот преполн со убави спомени. Школото е лоцирано во познатата пешачка ареа, полна со шармантни ресторани, кафеа и бутици. Школото се наоѓа на само 2 минути пешачење од песочната плажа и тиркизното Карипско море. Часовите се одржуваат под отворен покрив кој е перфектен за овие климатски услови. Попладне и навечер, на студентите им се нуди богат избор на активности како екскурзии, спортови, забави и др. ЦЕНА: 620 УСД / Двонеделен курс + сместување/
Училиштето е сместено во Андалузиска вила и отсекогаш било многу популарно меѓу сите академии за изучување на шпанскиот јазик. Се наоѓа близу до плажата во Малага, на 2 км од центарот. На шеталиштето покрај плажата се наоѓаат голем број на барови и автентични ресторани со морска храна. Тука можете да уживате и што е најважно да го усовршите шпанскиот јазик. ЦЕНА: 440 ЕУР / Двонеделен курс + сместување/ Училиштето е сместено во прекрасен “Listed” објект. Лоцирано е близу до Порта Дел Сол, во срцето на градот, во модерен и отмен кварт. На само неколку минути пешачење ќе стигнете до скалите на Кралската Палата и “El Prado” музејот. ЦЕНА: 530 ЕУР / Двонеделен курс + сместување/
НОВО!!! ШПАНСКИ ЈАЗИК ВО МАЈОРКА Школото е лоцирано источно од центарот на Палма де Мајорка, 25м. од флавната плажа “Playa de Palma”. Со должина од 5.5 км плажата и шеталиштето се идеални за џогинг, возење ролери, велосипеди и уживање во кристалното чиста вода. Јавниот транспорт до центарот е овозможен со 2 директни автобуски линии за пшто е потребно возење од 25 минути. Центарот на ноќниот живот се наоѓа на “Playa de Palma” во нејзините барови, ресторани и најголемите дискотеки на островот, на 5 мин. возење со автобус или 20 мин пешачење. Се заедно – перфектна локација за учење на Шпансиот јазик во релаксирана атмосфера покрај плажа, како и изобилниот ноќен живот во близината. ЦЕНА: 520 ЕУР / Двонеделен курс + сместување/
НОВО!!! ШПАНСКИ ЈАЗИК ВО БАРСЕЛОНА Најновото училиште на Sprachcaffe е лоцирано во културниот епицентар на Барселона. Училиштето нуди перфектно балансирана атмосфера за учење, со сите пријатности кое вашето срце ги посакува. Ramblas, познатиот шопинг булевар во Барселона е лесно дофатлив. Но кога ќе пристигнете до галериите, продавниците, бутиците, музичките продавници итн, веќе нема потреба да патувате понатаму, се се наоѓа ”веднаш зад аголот”. ЦЕНА: 530 ЕУР / Двонеделен курс + сместување/
ШПАНСКИ ЈАЗИК ВО ХАВАНА Куба, лоцирана во срцето на “Американскиот Медитеран”, јужно од “Tropic of Cancer”, на крајот на Мексиканскиот залив, наликува на цигара меѓу прстите на Флорида и полуостровот Јукатан. Училиштето е основано во 2001 и е едно од поновите училишта на Sprachcaffe. Нуди повеќе од убави со модерни училници, од опременост со видео опрема, интернет, кафетерија и др. кои ви се на располагање. Апартхотелот е опремен со дневна соба, кујна, ТВ, клима уред лоциран е во прекрасната ареа на Мирамар, на обалата на реката Алмендарес. Мирамар е отмена област во Хавана со најголем број на хотели, амбасади, интернационални компании, и најголем број на места каде се одвива ноќниот живот: клубови, барови и др. Реката Алмандарес ги дели областите Мирамар и Ведадо. ЦЕНА: 572 ЕУР / Двонеделен курс + сместување/
ЦЕНА: 572 ЕУР / Двонеделен курс + сместување/ За почетници. Студентите ќе имаат часови по нуркање во базен и часови по нуркање во отворени води со квалификуван наставник по нуркање. Исто така тука се вклучени и часови теоретска настава. ЦЕНА: 539 ЕУР / Еднонеделен курс + сместување/ Студентите ќе имаат часови по нуркање во отворени води со квалификуван наставник по нуркање. Вклучен е наемот на опремата за нуркање. ЦЕНА: 308 ЕУР / Еднонеделен курс + сместување/ ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК ВО ФИРЕНЦА Во Фиренца поседуваме прекрасна локација за сите љубители на Италијанската култура и јазик. Училиштето се наоѓа во многу чист и сликовит дел на Фиренца, на само 5 минути пешачење од станицата “Piazza della Stazione”. Со кратко пешачење можете да стигнете до плоштадот со катедралата и во срцето на градот. ЦЕНА: 465 ЕУР / Двонеделен курс + сместување/ Ако барате место со релаксирачка атмосфера, можеме да ви понудиме перфектна адреса за изучување на Италијанскиот јазик. Училиштето кое се наоѓа близу до центарот во прекрасна градина од портокали е отворено само во текот на летните месеци, нормално од Мај до Октомври. Училиштето е единствено по тоа што се наоѓа во опкружување од градини, портокалови дрвја, со идилични апартмани и училници. Многу од часовите се одржуваат на отворен простор, под самите дрвја, а самиот објект се наоѓа на неколку минути пешачење од плажата и центарот на селото. Училиштето нуди релаксирана и пријателска, фамилијарна атмосфера и наставниците се секогаш подготвени да го практицираат јазикот со студентите, во и надвор од училниците. ЦЕНА: 440 ЕУР / Двонеделен курс + сместување/ Франкфурт лежи на бреговите на реката Мајна и е центар на европската економија и валута. Некогаш најживото пристаниште и центар на трговијата, сега е најголем Европски финансиски центар после Лондон. Покрај брегот на реката се протегаат прекрасните катедрали и музеи. Во делот од Франкфурт наречен “ Sachsenhausen” каде е сместено училиштето е најелегантниот дел од градот. Тоа е всушност најстариот дел од Франкфурт, кој изобилува со кафетерии, бутици и движење кое тешко ќе го најдете на друго место. ЦЕНА: 600 ЕУР / Двонеделен курс + сместување/ Дизелдорф се наа на брегот на реката Рајна, во северозападниот дел на Германија . датира од 1159 год., како престолнина на Северна Вестфалија и претставува комерцијален центар и модна престолнина на Германија. Исто така познат е по производството на стакло, текстил и познатите први летачи Вилјам и Маркс чија куќа изградена 1924 год. се наоѓа во Дизелдорф. Училиштето е сместено во традиционална зграда од 19-от век, што го рефлектира шармот и раскошот на европското наследство. Лоцирано во центарот на Дизелдорф, но поинакво од останатите градби, Училиштето се наоѓа во прекрасно опкружување од стари дрвја. ЦЕНА: 600 ЕУР / Двонеделен курс + сместување/
НОВО!!! КИНЕСКИ ЈАЗИК ВО ПЕКИНГ Училиштето е лоцирано во една од најубавите области, меѓу Забранетиот Град (комплексот на Царската Палата) и најголемата шопинг – улица во градот Wang-Fu-Jing. На околу 10 минути пешачење од продавниците, рестораните, кафеа и вечерна продавница. Во кафетеријата на школото се служи појадок и ручек. ЦЕНА: 540 УСД / Двонеделен курс + сместување/ |










