| Австралиска виза |
ВИЗА ЗА АВСТРАЛИЈА (туристичка) ОД АВСТРАЛИЈА (ОД ГАРАНТОРОТ) - Гаранција за туристичка посета ( STATUTORY DECLARATION) во која се гарантира вашето сместување, финансиската помош, трошоците за (евентуално) лекување и изјава дека ќе ја напуштите Австралија пред истекот на визата. - Фотокопија од државјанство или од Австралиската постојана виза на гаранторот - Изводи од банка ( further evidence of founds или evidence of access to funds)
ОД МАКЕДОНИЈА (ОД АПЛИКАНТОТ) - Потврда за уплата на таксата за обработка на молбата, која изнесува 50 Евра (во Стопанска Банка ад Скопје) - Своерачно потпишан пасош, важечки за целиот планиран престој во Австралија - 4 фотографии - 1 формулар 48Р - Изјава А, Б, Ц и додатен прашалник потпишани - Извод од родени не постар од 4 недели (преведен на англиски) - За лица коиу се во брак, да се достави венчаница не постара од 4 недели - Уверение за семејна положба заверено на нотар - Потврда за примања за последните 3 месеци - Потврда од МВР за неказнуваност за лица меѓу 15-65 години, не постара од 4 недели, должината на работниот стаж и висината на месечните примања и изјава дека продолжува со работа по враќањето од Австралија. - Доказ за посредување на одредени недвижности - Ако сте сопственик на фирма, евиденција за регистрација на фирмата - Ако сте пензионер, чек од последната пензија - Ако сте ученик/ студент потврда од училиште/ факултетдека сте редовен ученик/студент, дека е одобрено отсуство од наставата. За студенти и индекс (оригинал) - За деца под 18 г. старост кои патуваат сами или со еден од родителите, потребна е согласност од двајцата родители потпишани лично. - Ако вашиот брачен другар е во работен однос, доказ за висината на неговите месечни примања - За лица постари од 70 години се доставува потврда од матичен лекар дека лицето е способно за патување - Здравствено патничко осигурување - Ако посетувате близок роднина (родител, брат, сестра...) се доставуваат и нивните изводи на родени – оригинал - Воена книшка за мажи (во оригинал) - Резервација за повратен авио билет Времетраење на постапката за добивање на виза: 3 недели – 5 недели. Сите приложени документи треба да бидат во оригинали или заверени фотокопии и документите кои не се на англиски јазиктреба да се приложат со оверен превод.
Документите се поднесуваат во Амбасадата во Белград. |










