телефон +389 2 312-77-28,  +389 2 310-95-18
Винарска визба Попова Кула , Демир Капија

 

pk


танушината е стара македонска автохтона сорта на грозје која може да се најде единствено во Тиквешкиот регион во Македонија.
Винарската визба Попова Кула ја има честа да биде единствениот производител на ова сортно вино во Македонија и во светот...

инарската визба Попова Кула и лозовите насади се лоцирани на јужната падина на Велико Брдо, западно од прекрасното градче Демир Капија.

Уште од дамнешни времиња овој регион го краселе бројни лозови насади распослани по околните ритчиња. Древните жители на овој регион уште пред пред многу, многу векови ја започнале традицијата за правење на квалитетно сортно вино.

 

Во почетокот на 20-от век Кралот Александар Караѓорѓевиќ своите први лозови насади ги посадува токму во Демиркаписко со што овој регионpopovaја покажува својата вистинска вредност како област во која се раѓаат врвни вина. Тогашното Кралство СХС (1918-1941) се протегало на територијата на денешните држави Македонија, Србија, Црна Гора, Босна , Хрватска и Словенија, вклучувајќи ги и брегот на Јадранскто Море и Панонската низина. Со тоа Кралот Александар имал бројни можности да избира локации за садење на лозовите насади низ целото кралство, но следејќи ги препораките на своите мудри советници тој ја донесува вистинската одлука и го избира микрорегонот на Демир Капија како идеална локација за своите лозови насади.


Од раните почетоци на производство на вино до денес, Демир Капија, низ турбулентните историски периоди, има претрпено многу промени. Водени од исконскиот порив да ја зачуваме традицијата и историскте вредности, на оваа територија ја изградивме винарската визба која ја краси импозантна кула висока 17 метри. Винарска визба, со кулата како составен дел, ја именувавме Попова Кула според истоимениот историски објект што некогаш служел како важна набљудивачница на патот Скопје - Солун. Поповата Кула, заедно со Беговата Кула претставувале најмаркантните зданија во тој период, но за жал подоцна биле целосно уништени.
popova kulaСо изградбата на визбата Попова Кула, која може да се види од кое било место во Демиркаписката долина, се оплеменува целиот регион и се воскреснува духот на историските времиња.

Посебно сме горди со убавината на нашата винарска визба, но и со врвниот квалитет на вината кои што ги произведуваме. Дојдете на посета во винарската визба и пробајте ги и нашите вина. Сигурни сме дека ќе бидете воодушевени.