Посета на манастири во Србија

(манастир Свети Роман и манастир Ѓунис)

На десната обала од Јужна Морава, на 20 км од Крушевац, во близина на Ѓунис, се наоѓа манастирот посветен на Свети Роман, со храм посветен на Благовештение на Пресвета Богородица. Прв пат, овој манастир се спомнува во византиска хрисовула од 1020 година. Во него монахот Роман, ученик на Свети Климент Охридски, го поминал својот земен живот, исполнет со подвизи и чуда, за на крајот и самиот да се освети и да биде прогласен за светител после неговата смрт. Гробницата на Св. Роман со неговите свети мошти се наоѓа во јужниот дел на црквата. Многубројни се примерите каде се услишени молитвите пред светите мошти.
Djunis_Manastir123554.png...........

Со ова се согласува и Свети Николај Велимировиќ, кој повеќе пати го посетил светороманскиот манастир и напишал служба на овој Божји угодник, кого го нарекува Роман Моравски во која се вели: „Со неговите молитви слепите гледаат, глувите слушаат, сакатите проодуваат, обземените со лошите демони се прочистуваат…“

Во манастирот се наоѓа и гробното место на рускиот полковник Николај Рајевски, кој му послужил како инспирација на Лав Толстој за ликот на Вронски, во романот “Ана Карељина”.

Манастирот Ѓунис со црквата Покров на Пресвета Богородица е женски манастир, кој се наоѓа во долината на Јужна Морава во истоименото село Ѓунис. Ова Свето место е откриено на чудесен начин, на 24 Јули 1898 година. На овој ден Пресвета Богородица се јавила на тринаесетгодишната Милојка Јоциќ, фрлајќи стомна со вода на камен, благословувајќи го изворот од кој потекла вода и за кој прорекла дека ќе исцелува болни, и посочувајќи го местото каде треба да се изгради црква.

Каменот денес се наоѓа во малата црква, подигната во 1934 година по благослов на Светиот владика Николај.

1dju 49908742

 

ЦЕНА НА ПАТУВАЊЕТО:

Група од 15 патници – 1240 ден
Група од 40 патници – 1000 ден

Во цената е вклучено:

Превоз со автобус/минибус
Придружник од Т.А. Арботравел

Во цената не е вклучено:

Патничко осигурување
Лични трошоци

 

Напомена:

Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата. Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари. Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Арботравел. Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

Агенцијата го задржува правото за промена на реализација на програмата во зависност од други објективни околности (временски прилики, задржувања на гранични премини од страна на царинските служби, ограничувања врзани за работно време на одредени објекти, застои на автопат).

За овој аранжман важат општите услови за патување на туристичката агенција АРБОТРАВЕЛ.

Спеделете со пријателите!Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin
Pin on Pinterest
Pinterest
Print this page
Print
Email this to someone
email