arbotravel.com

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech English French German Greek Italian Polish Romanian Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish Ukrainian

contact

Work and Travel во USA

Печати PDF

Благодарение на нашите спонзорски партнери во можност  сме оваа година да ви овозможиме незаборавно искуство во С.А.Д.



Full Adventure

Work and Travel програмa на Арботравел

Совршен начин да го поминете летото на невообичаено место, да запознаете доста нови и интересни луѓе, да го подобрите вашето знаење на англискиот јазик и да стекнете први работни искуства.
Со програмата на Арботравел во можност сте да одберете каде сакате да престојувате, ќе бидете постојано информирани за новите случувања. Нема дополнителни и скриени трошоци на програмaтa, едноставно и проверено најдобра опција за Work and Travel 2012.

Work and Travel 2012 USA

Во програмaтa имаат право да учествуваат сите лица кои:


- имаат над 18 години
- редовно ги полагаат испитите
- поседуваат знаење на англиски јазик доволно за комуникација
- не се кривично гонети и осудувани
- прифаќаат да се вратат во својата земја по завршување на програмaтa
- се толерантни, флексибилни, лесно се прилагодуваат, совесни се и вредни


Цената на програмaтa вклучува:


- обезбедена работа
- медицинско осигурување
- услуга на обезбедување сместување кое зависи од работодавачот
- целосен опис на работа и подготовка на кандидатот (на пример позиција food server – кандидатот ќе добие упатство за начинот на работа, менијата во САД, однесување кон гостите, нивните барања...) за работа во Америка
- подготовка на документација, закажување и целосна подготовка на студентот за интервју во амбасада
- организирање на ориентација пред одење во САД на која кандидатот е должен да присуствува. Кандидатот детално ќе се запознае со програмата  и ќе ги добие сите информации кои му се неопходни за неговиот престој во Америка

Во текот на ориентацијата, студентите добиваат детални информации за:



- условите и правилата на програмата
- DS-2019 и J-1 виза како и податоци за датумите кои строго мораат да се почитуваат
- правила на однесување и обврски на работникот, како и деловна пракса
- процедура на доаѓање и податоци за SEVIS, финансиски обврски, располагање со пари, данок
- начин на живот во САД, упатство за отворање на сметка во банка, резервирање на авио билет
- подготовка за среќавање со нова култура и обичаи
- постојана помош и поддршка од страна на компанијата во САД
- одговорности на студентите



Цената на програмата НЕ вклучува:


- авио билет за САД (се купува исклучиво во агенцијата со специјален студентски попуст)
- трошоци на визирање на пасошот за САД (141$ се уплаќаат во Комерцијална Банка ад Скопје)

- трошоци за  SEVIS (35$)
- трошоци на сместување во текот на престој во САД



Начин на пријавување и плаќање на програмот:


Пријавата може да се изврши во нашите канцеларии секој работен ден од 9 до 19 часот или кај овластени агенти.
Пријавата се состои од следните чекори:
- се пополнува пријава и се плаќаат 6000 денари за пријава на програмата
- уплата за пријава на програмата треба да се направи во просториите на Арботравел
- по пријавата на програмата се потпишува договор со Арботравел и во рок од 15 дена се плаќа аванс во износ од  350 $ (USD), во денарска противвредност, според курсот на девизниот пазар.
- остатокот од сумата се плаќа во рок од 75 дена од потпишување на договорот, најдоцна до 20/03/2012

Трошоци за откажување:


1. доколку учесникот се откаже:
- од пријава на програмата пред уплата на авансот се задржуваат 6000 денари
- по добивање на DS-2019 и потпишување на работната понуда се задржува авансот во износ од 350 $ (USD), во денарска противвредност, според курсот на девизниот пазар и 6000 денари од пријавата
- по добивање на американска виза, нема право на поврат на средствата.

2. доколку кандидатот е одбиен, не добил американска виза,

се за задржува авансот во износ од 350 $ (USD) во денарска противвредност, според курсот на девизниот пазар и 6000 денари од пријавата. Доколку кандидатот не добие виза, неопходно е најдоцна во рок од 5 дена да ги достави во агенцијата документот со кој амбасадата ја наведува причината за одбивање за виза на кандидатот и оригинал DS-2019 документот кој се поништува и се враќа во САД и доколку е потребно, дополнителна документација.  Најдоцна до 15/11/2012 ќе биде извршен поврат на уплатените средства намалени за горенаведените износи.

 

Work and travel 2012

Work and Travel 2012

Понуди на вашиот e-mail

Име:

E-mail:

You are here:   ПочетнаПонудиWork and Travel 2012

Kонтакт Информации

ТА Арбо Травел - Скопје

locationБизнис Центар Буњаковец, бул. Партизански Одреди 21 A2/1 локал 6, 1000 Скопје

telephone++ (389) (2) 3109 518; 3127 728; 3132 027

faxfax ++ 389 2 3127 729

emailarbo@t-home.mk

timeпон - пет 09:00 - 19:00ч, сабота 09:00 - 15:00ч

Конвертер на Валути

Сума:
Од:
Во: