Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

Школување во САД

why-study-usa

Средно училиште во САД

  • Возраст од 15-18 години
  • Пријавување (формулар и тест) – 6.200 Денари
  • Школска година – 6.900 USD

Начин на плаќање:

  • со самото пријавување се уплаќа 1 рата: 3 .700 USD
  • до 15.02 се уплаќа 2ра рата: 1.600 USD
  • до 31.05 се уплаќа 3та рата: 1.600 USD
  • За избор на регион се доплаќа околу 750 УСД (сумата точно се утврдува со пријавата) Можност за пријавување до 31.12

Услови кои треба да ги исполнува ученикот:

  • Да е физички и психички способен,
  • Да е редовен ученик во матичната земја,
  • Да има просек минимум 3,00 .
  • Да има солидно познавање на Англискиот јазик (проверка се врши со SLEP тестот)

ЦЕНАТА НА ПРОГРАМАТА ВКЛУЧУВА:

  • Школување во американско државно училиште
  • Сместување во американско семејство
  • 24 часа помош на располагање од координатор од АСПЕКТ
  • Супервизија од регионален супервајзор за време на престојот
  • Медицинско осигурување
  • Документи и формулари за добивање на американска студентска виза
  • Два пати годишно доставување на студентски извештај.

ЦЕНАТА НА ПРОГРАМАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Дополнителни трошоци за лична употреба
  • Книги и тетратки
  • Апликација за виза во Амбасадата на САД
  • I-901 SEVIS трошоци
  • Медицински третмани пропишани од САД пред поаѓање (вакцини и сл.)
  • Авиобилет до крајната дестинација (задолжително повратен годишен билет, резервиран и подигнат во Т.А. АРБОТРАВЕЛ, која се обврзува да ја најде најповолната варијанта за дестинацијата одредена од АСПЕКТ Фондацијата).

Пријавување на програмата најдоцна до:

  • за Школска година – до 15 Март
  • за Пролетен семестар – до 04 Октомври

Добивање на DS-2019 формуларот, само по уплата на целата сума за школување.


УСЛОВИ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ:

Доколку студентот се откаже по прифаќањето на апликацијата од страна на АСПЕКТ Фондација, се задржуваат 750 $. Само 200 $ се рефундираат ако студентот ја откаже програмата пред прифаќањето. 300 $ се задржуваат ако АСПЕКТ ја одбие апликацијата .
Ако апликацијата е примена и се ОТКАЖУВА пред конечното прифаќање на студентот сите средства а студентот ќе бидат вратени, освен 350$ кои се задржуваат.
Ако студентот се ОТКАЖУВА по конечното прифаќање, сите средства ќе бидат вратени, освен 650 $, кои се задржуваат.
Ако се веќе добиени деталите за семејството-домаќин, ќе се задржат уште 2100 $ (вкупно 2750 $)
Во случај студентот да биде одбиен за виза, сите средства ќе му бидат вратени, освен 650 $ апликативните трошоци кои не се рефундираат (трошоци за пријавување и тестирање), како и трошоците на АСПЕКТ Фондацијата.
Во случај на откажување од страна на студентот по неговото пристигање во САД , на студентот НЕ му се рефундира уплатената сума.


РАЗМЕНА НА СРЕДНОШКОЛЦИ ВО АМЕРИКА

ВОВЕД
АСПЕКТ Фондацијата, со која соработуваме повеќе од 20 години, е непрофитна организација, со седиште во Сан Франциско, Калифорнија. Таа работи на оваа програма од 1984 година. Поседува свои канцеларии насекаде низ Соединетите Американски Држави.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА

1. Сите учесници на оваа програма мора да бидат на возраст меѓу 15 и18.5 години, во времето на нивното пристигање во САД исто така и редовни ученици во средно училиште во матичната земја кои сеуште го немаат комплетирано средното образование во матичната земја.

2. Сите учесници на програмата мора да имаат познавање на англискиот јазик кое ќе биде проверено преку тестови и индивидуални документи од АРБОТРАВЕЛ & АСПЕКТ Фондацијата. Учениците кои нема да покажат доволно познавање на јазикот, или ќе се обидат да фалсификуваат документи или поени на тестот, ќе бидат дисквалификувани од програмата. АСПЕКТ го задржува правото да изврши повторно тестирање на учениците, доколку тоа е побарано од семејството-домаќин или училиштето во САД. За плаќање на трошоците на тестирањето ќе бидат задолжени учениците, исто така доколку не го освојат минималниот број на поени се соочуваат со можност да бидат исфрлени од програмата.

3. Учениците мораат да бидат здравствено способни за да можат да се вклучат во оваа програма. АРБОТРАВЕЛ & АСПЕКТ Фондацијата го задржуваат правото да го откажат учеството во програмата на ученикот кој ќе има промена во здравствената и психофизичка состојба и ќе бара медицински третман кој неможат да му го пружат АРБОТРАВЕЛ & АСПЕКТ Фондацијата или семејството – домаќин. Секое фалсификување и непријавување на белешките за здравствената состојба на ученикот, ќе резултира со итно исклучување од програмата.

4. Учениците мораат да поседуваат медицинско осигурување, кое го препорачува АСПЕКТ Фондацијата или свое сопствено со доплата за месечните трошоци за осигурување во САД, што е во согласност со стандардите на Владата на САД за учениците кои учествуваат во ваков вид на програми (Ј-1). Доколку ученикот поседува сопствено осигурување, АРБОТРАВЕЛ & АСПЕКТ Фондацијата, како и семејството-домаќин, не се обврзани на никакви медицински трошоци во врска со медицинските третмани на ученикот за време на неговиот престој во САД.
Исто така строго е забрането учество на учениците во спортови со висок ризик. Ученичкото осигурување не ги покрива трошоците произлезени од учество во овој вид на спортови како и возење на моторни возила.

5. АСПЕКТ Фондацијата е должна да го обезбеди семејството-домаќин не подоцна од 31 Август за учениците кои ќе престојуваат цела академска година или 15 Јануари за учениците кои ќе престојуваат само еден семестар.
Семејствата домаќини се ВОЛОНТЕРИ кои не примаат никаква финансиска компензација за сместувањето на студентот. Семејствата – домаќини се од различен вид на социјално, економско, расно, религиозно и културно потекло. Семејство-домаќин може да биде и самохрана мајка или татко (еден родител) со дете , пензионирани двојки чии деца пораснале и го напуштиле домот, или вработени двојки со или без деца. Семејствата – домаќини живеат во разни видови на рурални области или мали градови. Но, сите имаат нешто заедничко- желбата да го делат својот дом и живот со ученик од друга земја.

Студентот може да го одбие сместувањето ако:
– семејството-домаќин се состои од едно лице (самец) без деца
– Ако студентот мора да плати цена за приватно школо, а студентот нема побарано опција приватни школи.
– Ако е сместен во семејство до уште еден ученик од странство (размена од друга земја), а не сака да живее со друг студент.

6. АРБОТРАВЕЛ & АСПЕКТ Фондацијата не гарантираат сместување на ученикот во определен клас, можноста за запишување на одредени курсеви во училиштето, можност за добивање на возачка дозвола, или учество во спортски тимови и активности. Сето ова е детерминирано, индивидуално од секое училиште, во зависност од регионот – државата во која се наоѓа, што не е под контрола на АРБОТРАВЕЛ & АСПЕКТ Фондацијата.

7. Родителите на секој ученик се должни да му обезбедат доволна парични средства за текот на неговиот престој во САД, кои изнесуваат најмалку 300 УСД месечно. Доколку родителите не го обезбедат овој износ-месечно, АСПЕКТ има право да го исклучи студентот од програмата.

8. Учениците како и нивните родители, се оговорни за секое оштетување или уништување на имот или навреда и повреда на лице предизвикана од ученикот кој учествува во програмата. Исто така АСПЕКТ Фондацијата и семејството-домаќин се одговорни за секоја штета направена од ученикот, а која резултира од неговите активности додека учествува во програмата.

9. АРБОТРАВЕЛ & АСПЕКТ Фондацијата имаат процедура за комуницирање со семејството на ученикот за времетраењето на програмата. Родителите на ученикот можат во секое време да комуницираат со претставникот на АСПЕКТ Фондацијата- АРБОТРАВЕЛ, но не и директно со АСПЕКТ Фондацијата и нејзините локални претставници во САД, со локалниот координатор, училиштето или семејствот домаќин. АРБОТРАВЕЛ & АСПЕКТ Фондацијата не превземаат одговорност за било кој проблем предизвикан од непочитување на правилата на Фондацијата од страна на ученикот и неговите родители.

10. Родителите на ученикот мора да ги подржуваат одлуките на семејството-домаќин, кои се однесуваат на правилата на однесување и дисциплината на ученикот, и да се согласат дека во текот на неговиот престој и учество во програмата нема да бидат во постојан контакт со него. Доколку не успеат да ги регулираат контактите со ученикот може да се стави во опасност опстојувањето на ученикот на овој програм.

11. АРБОТРАВЕЛ & АСПЕКТ Фондацијата ќе сторат се што е во нивна моќ да ги решат настанатите проблеми, доколку се појават, на нај коректен начин. Конечната одлука за исклучување на ученикот од програмата, доколку проблемите се нерешливи, ја донесува АСПЕКТ Фондацијата.

12. АРБОТРАВЕЛ & АСПЕКТ Фондацијата во својата програма вклучуваат седум дена по завршувањето на училиштето или неколку дена пред завршувањето на училиштето доколку ученикот мора во тој период да ја напушти програмата. Обврските на АРБОТРАВЕЛ & АСПЕКТ Фондацијата, како и на семејството – домаќин завршуваат на овие дати. Учениците, учесници на оваа програма мораат да се вратат во својата матична држава пред или кога ќе им истече визата. АРБОТРАВЕЛ & АСПЕКТ Фондацијата нема да им асистираат на било каков начин да се продолжи или измени нивната виза.


ПРАВИЛА НА ПРОГРАМАТА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

Учениците кои учествуваат во програмата за размена на ученици од средните училишта мораат да ги почитуваат одредените правила додека престојуваат во Соединетите Американски Држави. Можеби правилата изгледаат доста строги во однос на правилата на однесување во матичната држава, меѓутоа тоа е со цел да се заштитат учениците за време на нивниот престој. Овие 10 (десет) правила се истите оние за кои се бара потпис за согласност од ученикот и неговите родители , кога ученикот пристапува на програмата и ги пополнува апликациите. Со самиот потпис ученикот се обврзува да ги почитува правилата за време на престојот во САД. Доколку не ги почитува овие правила ученикот ризикува да биде отстранет од програмата.

1. Строго е забрането пиење на алкохолни пијалоци, пушење и користење на наркотични средства, секаков вид на дроги.

2. Учениците не смеат да донесуваат одлуки од животно значење за време на престојот на програмата. Тоа го вклучува стапувањето во брак и/или промена на религијата.

3. Не смеат да возат автомобили и други моторни возила за кои немаат соодветна дозвола и подготовка.

4. Учениците мораат да ги почитуваат правилата и должностите во семејството – домаќин (времето во кое мораат да се вратат дома навечер, домашните обврски и сл.).

5. Учениците мораат да ги почитуваат училишните правила и нивниот успех мора да биде најмалку добар 3,00 за секоја година.

6. За време на програмата на АСПЕКТ Фондацијата сите ученици се под јурисдикција на локалните, државните и федералните закони и мораат да ги почитуваат владините одлуки и закони, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на доселеничкиот статус.

7. Учениците не смеат да патуваат без придружба во текот и по завршувањето на програмата. Патувањето единствено е дозволено ако ученикот е придружуван од возрасен ( над 25 години) или во организирани групи. Истотака ученикот мора да има одобрување од училиштето доколку се патува во текот на училишната година. Ученикот мора да има дозвола за патувањето од неговите родители, од семејството – домаќин и АСПЕКТ Фондацијата.

8. Родителите на ученикот, роднините или пријателите несмеат да го посетуваат ученикот пред 1 Мај. Сите посети мораат да бидат одобрени на писмено од канцелариите на АРБОТРАВЕЛ и АСПЕКТ Фондацијата. Празниците ученикот мора да ги минува со семејството-домаќин.

9. Учениците мораат да ги почитуваат одлуките донесени од страна на АРБОТРАВЕЛ, АСПЕКТ Фондаијата и Интернационалниот Координатор.

10. Учениците несмеат да позајмуваат пари или да даваат пари на заем од нивното семејство-домаќин. Ученикот несмее да има овластување или контрола на банковите сметки на членовите на семејството-домаќин. Родителите на ученикот несмеат да вршат трансфер на пари директно до семејството домаќин или локалниот претставник на АСПЕКТ Фондацијата.


ПРЕДВРЕМЕНИ ВРАЌАЊА: ОТКАЖУВАЊА И ОТПУШТАЊА

• Ученикот може да биде отпуштен од програмата доколку прекрши некое од правилата на АРБОТРАВЕЛ и АСПЕКТ Фондацијата кои се наброени во документите на програмата.
• Ученикот може да биде отпуштен доколку не го заврши успешно пробниот период
• Истотака ученикот може да биде отпуштен и од следниве неприфатливи однесувања:

1. Постојано незадоволство и грубо однесување кон семејството-домаќин, без никаква причина.
2. Одбивање да се следат правилата на семејството-домаќин како на пример пушење, пиење, времето во кое мораат да се вратат дома, и избегнувањето на домашните обврски.
3. Лош успех без видливи ефекти кои би гарантирале подобрување.
4. Доколку ученикот е исклучен или суспендиран од училиштето.
5. Доколку се констатира негативно држење или однесување на ученикот.
6. Користење на било каков вид наркотични средства, дроги , за што не постои никаква толеранција.
7. Насилно однесување според градскиот, државниот и федералниот закон.
8. Одбивање на комуникација со претставниците на АРБОТРАВЕЛ и АСПЕКТ Фондацијата
9. Интригантство кое е насочено да ги повреди останатите.

Студентите кои ќе го прекршат законот, автоматски ќе бидат исклучени од програмата без било каква надокнада или предупредување.