loading...
Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

Work&Travel 2016

work-and-travel-usa

Информатор

Work and Travel USA е програма направена од страна на US Department of State во 1960-те за студентите од целиот свет кои сакаат да јa посетат Америка во текот на летните одмори. Не само туристички да ги посетат Соединети Американски Држави, туку и да заработат и да стекнат една незаборавна авантура.

Work and Travel USA ви дава можност да бидете повеќе од турист, а ние веруваме дека оваа програма е едно од најдобрите искуства со кои можете да се стекнете.

American Adventure Macedonia
Булевар Партизански одреди 21 А2/1 локал 6
1000 Скопје
(02) 3109 518
(02) 3127 728
www.workandtravel.mk

Информатор
Историјат на Work and Travel програмите

Во текот на шеесеттите години US Department of State стартува програма низ која млади луѓе од целиот свет имале прилика да го искусат американскиот начин на живеење во одреден временски период. Она што почнало како програма на патување, евалвирало во поголем проект, Work and Travel,  кога луѓето од US Department of State сфатиле дека многумина од учесниците кои сакале да ја видат Америка сакале да ги покријат трошоците на патот работејќи преку лето.

Ј-1 виза овозможува на учесниците на Summer Work and Travel програмот да патуваат легално во Соединети Американски Држави во текот на летниот одмор. Датум на почеток на програмата во Македонија се од 20 Maj до 20 Oктомври. Можете да работите до 20. септември а потоа да патувате со заработените пари уште 30 дополнителни денови (се додека тоа не ве спречува да се вратите на време на факултет).

Кој се може да оди во Америка преку оваа програма:

Редовен студент

Мора да сте запишани на акредитирана високообразовна институција, државна или приватна, и морате да имате под 30 години старост. Треба да сте ученик на редовно запишана година (не повторена), со просечно познавање на англиски јазик.

Студенти на завршна година

Можете да одите во Америка дури и ако сте на завршна година на основните студии. Исто така се квалификувате за програма доколку имате намера да продолжите со студирање на мастер или докторско ниво.

Бруцош

Можете да учествувате во програмата и ако сте студент на прва година на студирање доколку сте редовен студент на акредитирана високообразовна институција, на државен или приватен универзитет.

Информатор
Опции за Work and Travel програмата

Ви нудиме три опции кои можете да ги одберете во зависност од ваши желби и афинитети. Можеме да ви организираме работа и сместување или можете да го одберете Work&Travel PRO пакетот доколку ги исполнувате условите за тоа.
Self Arranged програма

Ако сте во можност самостојно да пронајдете работа и место за престој, ние ќе ви организираме поддршка од спонзорската агенција и помош во процесот на добивање на виза.

Како би го поедноставиле процесот на аплицирање ве молиме да не контактирате пред пријавувањето на програма како би го превземале официјалниот формулар Job Offer и да го прашате вашиот работодавач истата да ја пополни.

Full Arranged програма

Во рамка на оваа програма American Adventure ви пронаоѓа работна понуда и учествува во организирање на сместувањето врз основа на опции кои го добиваме од нашите американски партнери. Во овој случај, ваша единствена грижа е да ги положите сите испити и да се спакувате за лето.

Ако е ова ваше прво патување во Америка, овој програм е идеално решение за вас. Можеме да ви понудиме разни работни понуди во ресторани, хотели, голф терени или забавни паркови, каде ќе бидете платени исто како и Американци на слични позиции. Тоа значи дека ќе заработувате од 7$ до 12$ за час, при што секоја прекувремена работа се плаќа по систем „време ипол„ вообичаена сатница плус 50% за прекувремена работа (прекувремена работа е обично се над 40 часа неделно).

Work and Travel Pro

Доколку сте студент на некој од факултетите кои имаат основа во Hospitality индустрија (хотелиерство, туризам) и доколку имате забележително работно искуство во оваа индустрија (на пример part time работа во некој ресторан/хотел или завршена пракса) и ги исполнувате повеќето услови за пријава на овој  програм. Заедно со нашите партнерски организации во Соединетите Американски Држави,  ја креиравме оваа програма за да  ги споиме искусните учесници со најдобрите работодавачи кои знаат да го ценат залагањето кое го вложувате на факултетот. Оваа програма дава добра основа за понатамошно пријавување на Internship програмата која овозможува 6-18 месеци работа во текот на последната година на студирање или по дипломирањето. За дополнителни прашања, контактирајте не и закажете интервју како би можеле да поразговараме за вашето незаборавно искуство ова лето во Америка.

Информатор
Чекори во пријавување и потребни документи

Посетете ја нашата канцеларија или стапите во контакт со еден од нашите советници што побргу, бидејќи постојат неколку чекори во процесот на пријавувањето. Што порано се регистрирате, имате подобри шанси за добивање на посакуваната работа.

Доколку мислевте да се јавите пред почеток на летниот одмор, тоа веројатно не е најдобра идеа. И покрај ефикасноста на нашиот апликативен процес, големи се шансите дека нема да можеме да ви помогнеме во тој момент. Што побргу реагирате и си го резервирате вашето место на програмата, во подобра позиција сте да ја одберете посакуваната позиција и локација на работа. Понудата на работни места ќе биде поголема, а стресот околу визирањето документи помал.

Чекор 1 – Одбирање на програма

Одберете една од трите понудени опции: Self-Arranged, Full Arranged или Work and Travel PRO. Ве советуваме убаво да ги прочитате информациите на нашата интернет страница и да стапите во контакт со некој од нашите советници како целосно би ги разбрале можностите и условите за учество во програмата.

Чекор 2 – Пријава на програмата

По одбирање на саканата програма потребно е да го пополните пријавниот образец на нашата интернет страница. Откако успешно ќе го завршите пополнувањето на образецот ќе ве контактира еден од нашите советници и ќе ви даде документи и  информатори за услугата вклучувајќи ги и инструкциите за плаќање . Цената на програмата е составена од пријава која се плаќа на денот на потпишување на договорот, аванс за програмата кој се плаќа во рок од 15 дена од моментот кога е потпишан договорот (период за приготвување и предавање на сите потребни документи), а остатокот  за 90 дена од потпишувањето.

Чекор 3 – Аплицирање за работа

По прием на програмата, наши соработници ќе бидат во контакт со вас и ќе ве водат низ целиот процес на аплицирање за работа (подготовка на CV, обука за интервју со работодавач…). Апликацијата за работа ќе биде усогласена со вашите барања за локација каде сакате да бидете сместени и сите расположливи работни понуди ќе ви бидат проследени на е-маил. Доколку сте се одлучиле за Self Arranged програма, ваша задача ќе биде да доставите потребна работна понуда (Job Offer).

Чекор 4 – Ориентационен состанок

Пред самото визирање ќе одржиме состанок на кој ќе бидете детално информирани кои се вашите обврски пропишани според програмата во текот на вашиот престој во Америка. Присуството е задолжително.

Чекор 5 – Прифаќање на работа и аплицирање за виза

Кога ќе ве примат на бараното работно место, спонзорската агенција која е задолжена за вас во текот на вашиот престој во Соединетите Американски Држави ќе започне со припрема на програмските документи кои овозможуваат издавање на Ј1 виза. Во меѓувреме, ние ќе го обезбедиме DS2019 образецот, ќе го извршиме плаќањето на здравствено осигурување и SEVIS трошоци. Кога сите документи ќе бидат средени, се закажува интервјуто во амбасадата во Скопје.

Чекор 6 – Визирање и купување на авио билети

По поднесувањето на документи во амбасадата и кратко интервју ќе ве известат дали сте ја добиле визата. Ние практикуваме купувањето на авио билетот да се остави за крај, т.е. момент кога ќе знаете дали сте ја добиле визата како би се намалил ризикот од дополнителни трошоци. Ние обезбедуваме привилегирани цени на авио билети за сите учесници на програмата.

Амбасада и Ј-1 виза

Пред одење во САД, како би оствариле законско право да работите и патувате, сите учесници во програмата мораат да обезбедат Ј-1 виза која ја добиваат по интервјуто во американската амбасада во Скопје. Во текот на интервјуто ќе ви бидат поставени стандардни прашања за вас, што планирате да работите во САД, каде ќе работите… Најдобар совет кој можеме да ви го дадеме за интервјуто е да бидете искрени, одлучни, сталожени. Нема потреба за нервоза и одговарајте искрено на прашањата.

Неопходни документи за аплицирање:

– Оригиналниот пасош
– DS160 формулар (кој ние ќе го генерираме)
– Докази за уплата на такса во Американска амбасада
– Пополнет DHL образец за достава на пасошот
– DS2019 образец (добиен од спонзорот и потпишан од учесникот на програмата)/ вклучен во цена на програмата
– Доказ за уплата на SEVIS трошоци/ вклучен во цена на програма
– Индекс
– Уверение за статус на редовен студент
– Потврда за положени испити заверена од страна на вашиот факултет
– 2 фотографии за американска виза (дигитална копија да се достави во агенција)