loading...
Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

Барселона – City Break

image5a
Барселона, Шпанија
4
50
374.00€

374.00€
per adult

Sold Out

Exceed Persons

Барселона – City Break

Со титулата “La Gran Encisera”, Барселона, престолнината на Каталонија е еден од највозбудливите и најдинамичните дестинации на западен Медитеран. Раскрсница на различни култури, француска, шпанска, арапска и афричка, овој град нуди разноврсни архитектонски знаменитости, изложби, концерти и авангардни клубови.

Прошетајте низ легендарната улица Las Ramblas, видете ја атракцијата на градот – волшебната фонтана Font Magica (игра на вода и светла), катедралата Sv. Eulalije, црквата Sagrada Familia, уживајте во најубавиот градски парк Montjuic, посетете го музејот на Пикасо. Не ги заборавајте архитектонските дела на модернистичкиот архитект Antoni Gaudi, чии градби ја прославија Барселона, а за љубителите на најважната споредна работа на светот – посетете го Museo de FC Barcelona (стадионот Camp Nou).
Незамисливо е да се пропушти шопинг во овој монденски град. Продавниците и бутиците долж Paseo de Grasia, во квартот Eixample, ќе го задржат вниманието и на најпробирливите купувачи.

А, за оние кои се во потрага по возбудлив ноќен живот – вкусете ја аромата на оваа дива и фантастична метропола преку бескрајниот избор на ресторани, барови, ноќни клубови и дискотеки.

Не пропуштајте во Барселона:

– Barrio Gótico – Готски кварт со римски градби, тесни улички и бројни тапас барови и кафетерии.
– Las Ramblas – 2 км долг булевар познат по кефетериите, улични претстави, продавници, галерии, живи статуи и акробати.
– El Puerto – Пристаниште кое нуди поглед на градот, од кој ви застанува здивот, од врвот на споменикот на Колумбо.
– El Ensanche – Во овој дел на Барселона се наоѓаат луксузни населби и познати споменици – креации на aрхитектот Antoni Gaudi, како што се Parc Güell и катедралата Sagrada Familia. Неговите дела (Bellesguard – симболот на Каталонија, la Casa Batlló и др.) може да се видат низ целиот град и секако треба да се ужива во неговата единствена уметност.
– Montjuïc- импресивно брдо кое ги привлекува посетителите со своите ботанички градини и музеи.
– Tibidabo – на овој 350 метри висок врв се наоѓа најпознатиот забавен парк во цела Европа.
– Parc de la Ciutadella – во овој парк се наоѓаат Золошката градина, Музејот на природни науки, Парламентот на Каталонија и монументални фонтани.

Како да стигнете од аеродромот до Барселона:

Со автобус – www.barcelona-airport.com: постои Aerobus (A1) услуга до Plaça de Catalunya. Патувањето трае околу 30 минути, а поаѓањето е на секои 10 -15
Со воз – www.castelldefels.com: директен шатл до градот кој поаѓа на секој половина час. Патувањето трае 25 минути.
Со Rent-a-car: Avis, National Atesa, Europcar i Hertz чии канцеларии се наоѓаат на приземје на терминалите 1 и 2.

Уживајте во градот кој никогаш не спие и им нема крај на приликите за уживање!

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: од 374 €

Во цената на аранжманот вклучено е:
• Авиобилет на релација СКОПЈЕ-БАРСЕЛОНА-СКОПЈЕ
• Аеродромски такси
• Сместување во хотел 3* во Барселона на база 3 ноќевања со појадок

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром
• Индивидуални трошоци

Цената на аранжманот зависи од расположливоста и слободни места на летот и во хотелите

Плаќањето се врши во денарска противвредност

Спеделете со пријателите!Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestPrint this pageEmail this to someone