loading...
Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

Christmas Market – Vienna

tzoo.14715.0.619680.Christmas-Vienna-Austria

CHRISTMAS BAZZAR ВO ВИЕНА

 

HOTEL ZEITGEIST 4*

http://www.zeitgeist-vienna.com/homepage

 

4 дeнa / 3 ноќевања

 

Цените во табелата се во ЕВРА за лице, во стандардна соба, со вклучени аеродромски  такси. Плаќање во денарска противвредност.

 

Дати Лице во двокреветна/ Трокреветна соба Еднокреветна соба Дете од 2 – 11.99 г.
30.11-03.12

07.12-11.12

07.12-11.12

416 506 385

 

Цената е во ЕВРА, за лице и вклучува:

  • Авио билет Софија – Виена – Софија со авио компанијата Бугарија Ер;
  • Аеродромски такси;
  • 3 ноќевања со појадок во хотел во Виена;
  • Панорамски разглед на Виена со професионален водич на бугарски јазик;
  • Трансфер во Виена аеродром – хотел – аеродром;
  • Патничко медицинско осигурување 10 000 евра;
  • Водич од Бугарија.

 

Во цената не е вклучено:

  • Превоз до/ од аеродромот во Софија.
  • Екскурзија до Виенската гора и Баден – 46 еур за возрасен / 23 еур за дете;
  • Посета на Императорските апартмани и музеј на Сиси во дворецот “Хофбург” со локален водич на бугарски јазик (со вклучена влезница) за лице – 27 еур. за возрасен / 11 еур за дете;
  • Посета на Императорскиот трезор (императорската куќа на богатството) со локален водич  (со вклучена влезница) 22 еур. за возрасен / 11 еур за дете;
  • Полудневна екскурзија до дворецот Шонбрун со вклучена влезница – 37 еур за возрасен / 19 еур за дете;
  • Зголемување на аеродромските такси или таксата за гориво – ако има такви се плаќа 10 дена пред датата на лет;
  • Влезници и билети за други музеи, обејкти, за посета по желба;
  • Градски транспорт: 2,20 EUR (еднонасочен билет); 7,60 EUR (карта за 24 часа); 15,40 EUR (карта за 72 часа)

 

Резервации:

  • Депозит: 250 евра со пријавување
  • Доплата: 22 дена пред датата на поаѓање

 

Услови за откажување:

до 60 дена пред датата на летот: без задршки

од 60 до 30 дена: 100 еур

од 30 до 22 дена: 250 еур

под 22 дена пред датата на патување: целата  сума

 

Ред на летање:

Софија – Виена: полетува во 14:10 / Слетува во 14:50

Виена – Софија: полетува во 20:50 / Слетува во 23:20

 

Забелешки:

  • Минимален број за пријавени лица за патувањето нема. Седиштата во авион и собите во хотел се гарантирани.
  • Минимален број за спроведување на дополнителните екскурзии е 20 пријавени лица
  • Можна е промена на распоредот на летови, за што клиентите ќе бидат известени правовремено.
  • Туроператорот си го запазува правото да прави промени во програмата.

 

Дополнителни екскурзии

 

Панорамски разглед на Виена

Вклучена во цената

Разгледа на: дворецот “Белведере”, едно од најубавите барокни градби во светот, изграден од Хабсбурговците; Виенската опера, каде што секоја година се одржува бал; булевард “Рингштрасе”, изграден на местото на старата крепосна карпа; дворецот “Хофбург” – зимската резиденција на Хабсбурговците; Парламентот со статуата на Атина Палада; Кметството – зграда во неоготиски стил; Куќата на Хундертвасер со необичните  апартмани, најстариот забавен парк во Европа “Пратер” со симболот на Виена – Виенското тркало.

Цената вклучува: Трансфер и водич на бугарски јазик

 

Виенската гора и Баден

46 еур / 23 еур (деца 2 – 11.99г)

Посета на прекрасниот јужен дел на Виенската гора, минувајќи низ романтичната долина Хеленентал, со посета на опатијата “Светиот крст”, каде што се чуваат моштите на последниот владетел од династијата Бабенберг; прошетка во Баден – основан од римјаните, градот е познат со термалните извори.

Цената вклучува: Трансфер и водич на бугарски јазик

 

Посета на дворецот Шонбрун

37 еур / 19 еур (деца 2 – 11.99г)

Шонбрун и неговите прекрасни барокни градини треба апсолутно задолжително да бидат посетени од секој гостин на Виена. Изграден од познатиот  архитект Фишер фон Ерлах во  17-ти век, дворецот денес е дел од светското  културно наследство на УНЕСКО.

Екскурзијата ќе Ви ги покаже убавините на дел од  1000 соби, многу од нив декорирани од императорката  Марија Терезија. Дворецот се користел како летна резиденција на кралското семејство, а во градината има много интересни знаменитости, како лавиринтот од растенија и зоолошка градина.

Цената вклучува: транспорт, влезница и водич на бугарски јазик.

 

 

Посета на Императорскиот трезор (императорската куќа на богатството) во дворецот Хофбург

22 еур / 11 еур (деца 2 – 11.99г)

Императорскиот трезор  е место каде што се чуваат најзначителните  и богати колекции од светски и религиозни богатства, опфаќајќи повеќе од илјада години од Европската историја, како и Копjето на судбината , за кое што има предание, дека оној, кој што ќе има можност да владее со светот.

Цената вклучува: водич на бугарски јазик, влезница.

 

Посета на Императорските апартмани и музејот на Сиси во дворецот “Хофбург”

27 еур / 11 еур (деца 2 – 11.99г)

Посета на императорскиот дворец и разглд на коморите на императорот Франц Јозеф І и императорката Елизабета Баварска – Сиси.

Цената вклучува: водич на бугарски јазик, влезница.

 

ХОТЕЛ

Zeitgeist 4*, Виена

 

http://www.zeitgeist-vienna.com/homepage

 

Хотел Zeitgeist 4* е одличен избор за престој, за да ја запознаете Виена. Одлична местоположба, одлични услови за одмор.

Еден од најмодерните и нови хотели во Виена.

 

Местоположба

Хотел Zeitgeist 4* се наоѓа непосредно до централната станица во Виена. Станицата на метрото е точно до хотелот. Од друга страна сите знаменитости на Виена можат да бидат достапни и пешки, на пример катедралата Свети Стефан е на 30 минути пешки.

 

Хотел

Хотел Zeitgeist 4* е опремен со најмодерни, современи технологии. Гостите на Zeitgeist 4* можат да го користат одлично опремениот фитнес, како и терасата на покривот на хотелот.

 

Соби

Zeitgeist 4* има 254 модерни соби, кои Ве потопуваат во модерната градска средина.

Хотелот нуди во сите соби:

  • бесплатен интернет
  • удобни кревети со можност за прилагодување на тврдината
  • 42″ LED телевизор со 100 канали
  • Бања со туш
  • сеф во собата
  • ноќна LED лампа за читање
  • телефон
  • биро за работа

 

Бар и Ресторан

Во Zeitgeist 4* има вендинг машини, од кои што деноноќно можете да земете нешто за јадење или освежителен пијалок. Исто така можете да се опуштите во модерниот кафе-бар Pergola.

 

Кафе-бар Pergola е навистина модерен бар, потполно во созвучност со сите модни тенденции. Тука можете да јадете на брзина или да ја добиете својата навистина полна закуска. Топлата дневна светлина ќе допринесе да се опушите и да поминете  многу пријатни моменти.

 

Ресторан Zeitgeist се наоѓа на вториот кат и заслужува да го посетите. Тука се сервира секојдневниот појадок. Можете да порачате исто така и вкусен оброк. Независно од времето со кое располагате, ќе најдете време за кулинарските искушенија, сервирани во модерна но угодна атмосфера.

 

Бизнис

Хотелот им нуди на своите гости 2 конференциски сали, погодни за бизнис случувањата , опремени со се што е  неопходно, се разбира според последните тенденции.

 

ПРОГРАМА

 

ДЕН-1

Средба на аеродромот во Софија,Терминал 2 за лет до Виена. Слетување во Виена. Трансфер до хотел. Сместување. Слободно време – неопходно е користење на градски превоз. Ноќевање.

 

ДЕН-2

Појадок. Панорамски разглед на Виена со локален водич.

Можност за дополнителни екскурзии:

  • Полудневна екскурзија – посета на Императорскиот трезор (императорската куќа на богатството) во Хофбург со локален водич на бугарски јазик, каде што се чуваат најзначајните и богати колекции од светски и религиозни значења. Ноќевање.

 

ДЕН-3

Појадок . Слободно време. Ноќевање.

Можност за дополнителни екскурзии:

  • Полудневна екскурзија „Виенската гора и Баден” со локален водич – посета на прекрасниот јужен дел на Виенската гора, минувајќи низ романтичната долина Хеленентал, со посета на опатијата “Светиот крст”
  • Полудневна екскурзија – посета на Императорските апартмани и музејот на Сиси во дворецот “Хофбург”со локален водич на бугарски јазик.

 

ДЕН-4

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време. Полудневна екскурзија до дворецот Шонбрун со вклучена влезница. Трансфер до аеродом. Лет за Софија. Слетување во Софија.

Спеделете со пријателите!Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestPrint this pageEmail this to someone