ПОСЕТА НА ЕГИНА
(СВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ)
23/05-26/05/2019
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
1 ДЕН
Состанок со групата во 18:30 часот пред просториите на агенцијата. Заминување кон Грција во 19:00 часот. Ноќно возење со кратки попатни паузи за царински формалности и освежување.
2 ДЕН
Во утринските часови пристигнување во манастирот посветен на Христос Пантократор, каде што дел од својот живот го има поминато старец Порфирије Кавсокалвит. Од манастирот Пантократор се упатуваме кон Камариза, каде ќе ја посетиме црквата посветена на Свети Нектариј Егински, подигната од старец Нектариј Виталис со помош на верното население, и каде што старецот за време на својот земен живот служел и живеел. Потоа одиме да се поклониме на гробот на скороупокоениот Старец Нектариј Виталис. После посетата на Камариза тргнување кон пристаништето во Пиреја. Превоз до островот Егина со траект. Заминување кон манастирот посветен на свети Нектариј Егински, поклонување на моштите на светителот, разглед на црквата и ќелијата на Свети Нектариј. Сместување во хотел и ноќевање.
3 ДЕН
Рано наутро напуштање на хотелот и се упатуваме кон манастирот. Присуство на Светата Литургија. После Литургијата заминување кон пристаништето, пауза од еден час за слободни активности. Сместување на траектот за Пиреја, од каде се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Цена на аранжманот: 6.200,00 денари
Аранжманот вклучува:
- Превоз со високотуристички автобус и придружник за време на патувањето
- Превоз со траект на релација Пиреа-Егина-Пиреа
- Пристанишна такса
- Патничко осигурување
- Едно ноќевање со појадок
- Организација и водство на патувањето
Во цената не е вклучено:
- Локален туристички водич: 10 евра
- Останати лични трошоци
За реализација на аранжманот потребно е минимум од 40 патника.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. АРБОТРАВЕЛ.