loading...
Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

Индија

  • 202984121153875ab8ae65e472949310_orig
  • d4b22e8d4b1fb6349c7d95bc5629e3c0_XL
  • gateway-of-india-mumbai
  • india
  • indija-farewell-india_52447822a42b5
  • indija-turizam
  • pet-idealni-destinacii-za-foto-turizam-86306
  • туризам
  • 202984121153875ab8ae65e472949310_orig
  • d4b22e8d4b1fb6349c7d95bc5629e3c0_XL
  • gateway-of-india-mumbai
  • india
  • indija-farewell-india_52447822a42b5
  • indija-turizam
  • pet-idealni-destinacii-za-foto-turizam-86306
  • туризам
, Индија
15
50
1615.00€

1615.00€
per adult

Sold Out

Exceed Persons

Индија – Светот на махараџите

15 ДЕНА/13 НОЌЕВАЊА

ТА АРБОТРАВЕЛ Ве кани да се слеете во атмосферата на мистериозната и исткаена од контрасти Индија. Откријте ја нејзината илјадалетна култура, нејзиното единство и разновидност, мирно сожителство на многу видови религии и филозофии, калеидоскоп од 330 милиони божества, систем на касти, 18 јазика и 484 дијалекти, пејсажите: пустини, рамнини, гори, прекрасни крајбрежја и планини.
За тоj, коj за прв пaт доаѓа во контакт со оваа приказна, важно е да ја почувствува убавината, изразена во контрастите – богатство и беда, минато и сегашност, модерни технологии наспроти феудален поредок и атмосфера. Затоа ние ви предлагаме да започнеме од светот на минатото – светот на махараџите. Доживејте ја својата сопствена приказна во дворците и тврдините на Раџастан!

1 ден Скопје – Софија – Индија / Делхи

Патувањето до Индија почнува со трансфер до аеродромот во Софија и лет од Софија кон Њу Делхи.

2 ден Делхи

Пристигање на аеродромот во Њу Делхи. Средба, трансфер до хотелот, сместување и одмор. Ручек. Разглед на Делхи, град со две лица, свртени истовремено кон минатото и современото. Започнуваме со нашето запознавање со престолнината од Стариот Делхи, изрушен од господарите од Моголската империја. Посета на Џама Масџид – тоа е без сомневање најголемата и најубавата џамија во Индија, која датира од 17 век. Продолжуваме со Новиот Делхи, кој носи отпечаток на британското господство, со широки булевари и прекрасни зелени плоштади. Ги разгледуваме: Вратата на Индија, издигната во спомен на индиските војници, загинати во Првата светска војна и зградата на индискиот Парламент, симбол на независноста на Индија и виш орган на законодавната власт. Вечера. Ноќевање.

3 ден Делхи – Шекавати – Навалгарх

Појадок. Заминување кон Шекавати – историска област, представува значајно индо-моголско архитектурно наследство од тврдини и хавели. Хавели претставубаат мали дворци или господарски куќи, сопственост на принцови и богати трговци, покриени однадвор и одвнатре со стенописи. Заминување за Навалгарх –прекрасен град во Шекавати. Сместување во хотел-хавела. Обиколка на хавелите во Навалгарх. Вечера. Ноќевање.

4 ден Навалгарх – Фатехпур – Биканер

Појадок. Заминување кон Биканер – по патот на карваните од Кина кон Блискиот исток. По патот, разглед на прочуеното хавели во Мандава и на Надин Ло Пренс во Фатехпур. Пристигање во Биканер – град во пустината Тар и престолнина на истоимениот округ. Сместување и ручек во бившиот дворец на махараџата, во кој отседнувале кралските личности и истакнати личности од цел свет , претворен во луксузен хотел во почетокот на новиот век. По ручек разглед на Џунагарх форт, изграден во 16ти век од раџата Раи Сингх, генерал во армијата на императорот Акбар Велики – прв допир со богатствата на раџпутските принцови. Посета на Лалгарх палас и на фарма за одгледување на камили – гордост и извор на богатства за Биканер. Вечера и ноќевање во бившиот дворец.

5 ден Биканер – Џајсалмер

Појадок. Заминување за Џајсалмер – Златниот град , наречен така заради златестиот песочник, од кој е изграден градот. Ручек по пат. Пристигање во Џајсалмер – престолнина на истоимениот округ, сместен сред пустината Тар на патот на карваните, на 80 км од границата со Пакистан. Силуетата на градот изпливува како мираж сред песоците на пустината. Сместување во хотел. Вечера и ноќевање.

6 ден Џајсалмер

Појадок. Обиколка на Џајсалмер, жолтиот бисер на Раџастан – крепоста со неверојатен заштитен систем од 99 бастиони, датираат од 12 век, од каде што се открива неверојатен поглед, храмовите во крепоста, езерото Гади Сагар со лакомите риби, кои што се до самиот брег, прочуените хавели на Џајсалмер – поезија од делкани камења, сопственост на богати трговци, кои се збогатиле од зачини, опиум и индиго. Ручек. По ручекот прошетка со камила по песочните дини во очакување на залезот – авантура која навистина се памети. Вечера и ноќевање.

7 ден Џајсалмер – Џодпур – Мехрангарх – Џасвант Тада – Луни

Појадок. Заминување кон Џодпур – Синиот град, наречен така поради куќите бојадисани во сино. Ручек во Џодпур – вториот по големина град во Раџастан и престолнина на истоимениот округ. Посета на крепоста Мехрангарх, вртоглаво орлово гнездо, слетано од врвот на скалите на над 100 м височина. Наречената “Великолепна” крепост од 17 век е една од најимпозантните во Индија, која се притаила зад високите карпи, богато украсениот дворец, давајќи ни представа за животот и богатствата на махараџите. Небаре најмногу таму го наоѓа својот израз рицарскиот дух на тие принцови, бесмртен во минијатурите од локалната школа. Посета на Џасвант Тада – великолепните гробници на принцовите, извајани од бел мермер. Заминување кон Луни – прекрасно мало село, познато со својата крепост-дворец со интересна архитектура од 19 век, претворена во хотел. Вечера со програма и ноќевање во дворецот.

8 ден Луни – Удајпур – Белиот град

Појадок. Заминување за Удајпур – Белиот град. По патот пауза во Ранакпур – најпознатото светилиште на џаинистката религија. Ручек. Во една долина на планинската верига Аравали се скрил најпрочуениот џаинистки храм – огромна мермерна творба од 15 век со 1444 колони, секоја се разликува од другите по својата резба. Огромниот 1500 м2 комплекс со своите архитектонски и естетски решенија e симбол на џаинистката космогонија. Заминување кон Удајпур, “Градот на езерата”. Вечера и ноќевање во хотела – прекрасен мал дворец на брегот на езерото.

9 ден Удајпур – Белиот град – езерото Пичола

Појадок. Обиколка на Удајпур , наречрен Градот на Зората и “Источната Венеција”. Посета на Градскиот дворец –најимпресивниот комплекс дворци во Раџастан, лоциран на брегот на езерото Пичола, чија изградба започнува во 16 век и продолжува низ следните 3 века. За разлика од други градови, каде што строги цитадели будно ги чуваат кралските дворци, во Удајпур елегантниот дворец кротко се огледува во смарагдните води на езерото. Од сите царски особи во Раџастан единствено махараџата на Удајпур имал право да носи титлата “махарана”, белег за голем престиж, кој можеби се објаснува со легендата, дека семејството му произлегува од…сонцето. Посета на Храмот Џагдиш – убав хиндуистки храм од 17 век. Следува пропшетка со бродче по езерото Пичола – вештачко слатководно езеро, создадено во 14 век, сред кое што блеска белиот Езерски дворец, летната резиденција на махараџата на Удајпур, изграден во 18 век и дочекувал значајни гости како кралицата Елизабет, Жаклин Оназис, Роџер Мур и др. Посета на Сахелион Ки Бари – прекрасен парк со фонтани, летниковци, езерца со лотоси, создаден од махараџата на Удајпур за принцезата и нејзината свита. Вечера и ноќевање во хотел.

10 ден Удајпур – Пушкар – Светиот град – Читоргарх

Појадок. Заминување за Пушкар – Светиот град. По патот- ручек и разглед на крепоста Читоргарх – најголемата крепост во Индија , изградена во 7-8 век. Таа е позната со само жртвата на жените и децата , кои што на 3 пати (во 14, 15 и 16 век) се самозапалуваат (џаухар), за да не паднат живи во рацете на ѓаволот, подвиг воспеан во средниот век. Заминување за Пушкар – град кој никнал, според легендата, од лотосов цвет и еден од петте поклоненички центри за хиндуистите. Посета на Светотo езеро сo кaпчите, верници, и храмот на богот Брама, изграден во 14 век и еден од малкуте, посветени на богот на Создвањето. Вечера и ноќевање во хотел.

11 ден Пушкар – Џајпур – Розовиот град

Појадок. Заминување за Џајпур – Розовиот град, бојадисан во розово по повод гостувањето на Велшкиот принц пред многу, многу години. Сместување и ручек во хотелот – прекрасен мал дворец од 19 век. Обиколка на Џајпур , престолнината на Раџастан, создаден од еден махараџа – астроном и урбанист – во почетокот на 17 век.Градот воодушевува не само со прекрасните дворци, паркови и тврдината, но и со забележителниот распоред, изразен во прави и широки улици, кои се пресекуваат под прав агол. Започнуваме со посета на Џантар Мантар, камена опсерваторија од 18 век, впечатлива со својата точност и до денес и на Градскиот дворец, комплекс од кој дел е превтворен во музеј, а другиот дел и до денес е резиденција на махараџата на Џајпур. Можеби ќе пробате да вечерате со махараџата – нешто што е сосема изводливо, но би ви било доста скапо, бидејќи тарифите му се високи… Вечера и ноќевање во хотел.

12 ден Џајпур – Розовиот град

Појадок. Искачување на слон до крепоста Амбр – цитадела, сместена на рид крај Џајпур, од каде управувале махараџите на Џајпур од 11 до 18 век. Надворешната строгост на тврдината Амбр е во контраст со внатрешноста и величественоста. Зад високите ѕидови ќе видите уникатни нешта – сала со мозаик од огледала , стаклописи од венецијанско стакло, клима систем и целата величественост, сред која махараџата се радувал на животот заедно со своите 12 фаворитки и … 300 наложнички! Завршување во Џајпур и фотосесија пред Хава Махал, Дворецот на ветровите – великолепна фасада со 953 прозорци од изделкани орнаменти, зад кои жените од харемот незабележано го набљудувале животот на улицата. Ручек во дворец – бивш посед на кралската фамилија. Попладне посета на локален пазар. Вечера. Ноќевање.

13 ден Џајпур – Розовиот град – Агра – Фатехпур Сикри

Појадок. Заминување кон Агра, бившата престолнина на Моголската Империја, лоцирана на двата брега на реката Јамуна. Ручек по пат и посета на Фатехпур Сикри – Градот на победата. Тој е изграден од императорот Акбар Велики во знак на благодарност ком еден муслимански светец, кој го претскажал раѓдањето на неговите три сина. За кратко бил престолнина на Империјата, но подоцнабил изоставен поради недостиг на водни ресурси. Ќе слушнетее и некои детали за личниот живот на императорот. Пристигање во Агра и посета, за време на залезот на сонцето, на прочуениот Таџ Махал – величествениот мавзолеј, подигнат од Шах-Џахан во спомен на љубената жена Мумтаз Махал и сега е најголемиот симбол на љубовта. Спореден од големиот индијски поет Тагоре како “солза, одронета на усната на времето”, тоа единствено по род ремек дело во себе ги сплотува величината на Монголската Империја, љубовта, филозофијата, мистиката, симболиката, техничките достигања, естетското чудо, математиката, парадоксите – сите тие елементи, споени во една целина, го претвораат во најубавиот споменик на светот. Сместување, вечера и ноќевање во хотел.

14 ден Агра – Делхи

По појадокот посета на Црвената тврдина – изградена од црвен песочник од Акбар Велики како дворец за син му Џаханџир, а подоцна е преобразена од Шах-Џахан, создавачот на Таџ Махал, со бел мермер, украсен со полускапоцени камења.
Заминување кон Делхи. Ручек по пат. Пристигање во Делхи и сместување. Посета на Кутаб Минар – нај-високото во светот минаре изградено од тули. Слободно време за последни купувања во Стариот Делхи и гробницата на императорот Хумајон – еден своевиден прототип на Таџ Махал. Вечера и ноќевање.

15 ден Индија – Софија – Скопје

Рано наутро трансфер до аеродромот. Лет Делхи – Софија. Пристигање доцна навечер. Трансфер до Скопје.

За минимум 8 туристи 12 туристи 15 туристи
Цена за пријавување до 90 денс пред датумот на поаѓањ 1806 Евра 1743 Евра 1616 Евра

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
– Авиобилет Софија – Делхи – Софија
– 13 ноќевања во хотели 3-4 * со појадок
(од кои 2 ноќевања во Делхи ;1 во Агра ; 1 ноќецање во Навалгарх; 1 ноќевање во Биканер, 2 ноќевање во Џајсалмер, 1ноќевање во Луни, 2 ноќевање во Удајпур, 1 во Пушкар и 2 во Џајпур во бивши дворци и резиденции на махараџи и принцови, претворени во хотели )
– 13 ручека (од кои 3 во бивши дворци и резиденции)
– 13 вечери (од кои 10 во бивши дворци и резиденции)
– трансфери аеродром–хотел–аеродром
– програма со таци за време на една од вечерите
– прошетка со камила крај Џајсалмер
– Прошетка со брод по езерото Пичола во Удајпур
– прошетка со слон до тврдината Амбр во Џајпур
– разглед со локален водич на Делхи, Мандава, Навалгарх, Фатехпур, Биканер, Џајсалмер, Џодпур, Ранакпур, Удајпур, Читоргарх, Пушкар, Џајпур, Фатехпур Сикри и Агра.
– сите влезници за објектите кои се посетуваат според програмата
– климатизиран минибус/автобус за време на целото патување (трансфери и екскурзии, вклучени во програмата)
– водич-преведувач од агенцијата за време на целото патување
– по едно шише минерална вода за лице во секој град
– 4,94 % такси Индија

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА :
– Трансфер до/од аеродромот во Софија
– Аеродромски такси околу 396 Евра
– Виза за Индија (околу 60 еур)
– Бакшиши за водичи и шофери – 40 Евра
– Пијалоци
– Трошоци од личен карактер

Понудата важи за минимум 8 лица.
Се резервира со депозит од 850 евра!!!
Остатокот се доплаќа не подоцна од 20 дена пред поаѓање!!!
Агенцијата го задржува правото на промени во редоследот на исполнување на програмата.

Спеделете со пријателите!Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestPrint this pageEmail this to someone