Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

JОРДАН и ИЗРАЕЛ

majorca-main
, Израел
8
48
1100.00€

1100.00€
per adult

Sold Out

Exceed Persons

JОРДАН и ИЗРАЕЛ

8 дeнa/7 ноќевања / 7 појадоци / 7 вечери

1 Ден Скопје- Софија – Тел Авив – Галилејско море – Табха – Назарет
Заминување кон аеродромот во Софија. Лет од Софија во 11.10 ч.со авиокомпанијата El Al. Пристигање на аеродромот Бен Гурион во 13.40 ч. Разглед на стариот град Јафо (Јафа): Мостот на желбите, старото пристаниште, кулата со часовник. Заминување кон Библијската Галилеја. Обиколка на местата каде што Исус правел чуда околу Галилејското море. Табха – местото каде се случило чудото со хранењето на 5000 лица со 5 леба и 2 риби. Заминување кон Назарет. Разглед на базиликата „Благовештение”, работилницата на Јосиф, параклисата „Св. Архангел Гаврил” и православната црква со изворот на Дева Марија. Сместување во хотел во Тверија. Вечера. Ноќевање.

2 Ден Тверија – Капернаум – Џераш – Аман

Појадок. Разглед на руините на древниот Капернаум, каде што во куќата на Симон (Петар) живеел самиот Исус. Заминување кон Јордан. Туристичка обиколка на Џераш – древен град населуван уште од бронзената епоха и познат како „Помпеја на Средниот Исток” со сочувани до денес остатоци од римски храмови, театри, улици и згради. Заминување кон престолнината на Хашемитското кралство – Аман – панорамска обиколка на градот. При можност и ако остане време посета на Цитаделата и археолошкиот музеј. Сместување во хотел во Аман. Вечера. Ноќевање.

3 Ден Аман – реката Јордан – Мртво море – Аман

Појадок. Посета на реката Јордан, каде што е крстен Исус Христос од Јован Крстител.
Заминување кон Мртво море – најниската точка на планетата. Слободно време за капење во Мртво море. Враќање во хотел во Аман. Вечера. Ноќевање.

4 Ден Аман – Мадаба – Небо – Керак – Петра

Појадок. Патување до Мадаба (на 30 км од Аман), едно од најзначајните места во Светата земја. Тука се наоѓа најголемата христијанска заедница во Јордан. Во текот на два века (од V до VII) стотици мозаци се наредени во црквите на Мадаба и обичните домови, како и восочниот под на грчката ортодоксна црква „Св. Георги”, кој е највпечатливиот (оригиналниот размер на мозаикот е 15,6 х 6 м – 94 м2, но само една четвртина е сочувана до денес). Патување кон планината Небо, едно од најпочитуваните свети места во Јордан и посета на местото каде што е погребан Мојсеј. Продолжуваме по патот на кралевите со панорамска глетка кон кањонот Ал Мухеб. Патување кон Керак и посета на Замокот на крстоносците (дворецот Керак), кој е долг 220 м и широк 125 м во северниот дел и до 40 м во јужниот дел. Во замокот јасно се разликуваат два типа архитектура – грубата ѕидарија на крстоносците и меката обработка на варовник, користен во доцните арапски зданија. Замокот, кој го гледаме денес во Керак, датира од XII в. и служел како крепост уште од библијски времиња. Патување кон Петра. Сместување во хотел во Петра. Вечера. Ноќевање.

5 Ден Петра

Појадок. Екскурзија до „Изгубениот град” Петра – едно од новите Седум чуда на светот. Се пешачи околу еден час низ кањонот кој се извива среде планината, во кој што се наоѓаат остатоците од стариот град. Локалниот водич раскажува за историјата и археолошките наоди во тој необичен комплекс од храмови, живеалишта и гробници, вдлабени во разнобојните скали на кањонот пред повеќе од 2000 години. Посета на пустината Вади Рум – едно прекрасно место, скоро недопрено од човечка рака. Тука времето и ветровите извајале високи песочни „облакодери” , познати како „Долината на месечината” – местото, каде што принц Фејсал бин Хусеин и Лоренс од Арабија ги лоцирале штабовите за време на арапското востание за време на Првата светска војна. Сместување во хотел во Акаба. Вечера. Ноќевање.

6 Ден Акаба – Еилат – Масада – Ерусалим

Појадок. Заминување кон Ерусалим. Попатна посета на најпопуларниот израелски ресорт Еилат, на брегот на Црвено море. *По желба (се плаќа дополнително) посета на најголемата атракција на Еилат – аквариумот и највпечатливата подводна опсерваторија – големата челична кула, забиена во морето, околу која од природни материјали е изграден корален остров. Посета на Масада – древна полуразрушена тврдина со неверојатна историја. Се наоѓа во источниот крај на Јудејската пустина и недалеку од западниот брег на Мртвото море, меѓу Сдомом и Ен Геди. Пристигање во Ерусалим. Разглед на светите места: Маслиновиот рид – местото на Вознесението Христово, православната црква „Марија Магдалена”, Гетсеманската градина и базиликата во неа. Сместување во хотел во Ерусалим. Вечера. Ноќевање.

7 Ден Витлеем – Ерусалим

Појадок. Посета на Витлеем и базиликата „Раѓањето Христово”, каде е роден Исус Христос. Обиколка со пешачење на Стариот град Ерусалим. Пешачење низ ерменскиот, арапскиот и еврејскиот кварт на градот по „Виа Долороса“ (Патот на Страдањето), по кој минал Исус кон Голгота. Поклонение на Божјиот гроб – по што сите веќе се аџии. Посета на ридот Сион – местото на Тајната вечера и гробницата на цар Давид, и на Ѕидот на плачот. Враќaње во хотел. Вечера. Ноќевање.

8 Ден Ерусалим – Софија – Скопје

Ран појадок. Трансфер до аеродромот „Бен Гурион”. Лет за Софија во 07.00 ч. Пристигање на аеродромот во Софија во 09.45 ч. Трансфер до Скопје

Цените вклучуваат:
авио билет Софија – Тел Авив – Софија
7 ноќевања со појадок во хотели 3*/4*
7 вечери
трансфери во Израел според програмата
Еднодневна екскурзија до Древниот град Петра
туристичка обиколка на Џераш и Аман
туристичка обиколка на Тел Авив и Јафо
туристичка обиколка на Ерусалим
посета на Витлеем, реката Јордан, Галилејското море, Капернаум, Табха, Назарет, Тверија
локален водич на бугарски/руски јазик
водич од агенцијата партнер
Сертификат за аџилак

Цените не вклучуваат:
аеродромски такси – 122 EUR (променливи).
Такса за гориво – 40 ЕUR
Трансфери до и од аеродромот во Софија
влезна такса за Древниот град Петра – 78 $ / за деца до 14 г. нема влезна такса
влезна такса за Масада – 28 $( вклучува искачување со лифт, влез за крепоста и музејот )
влезно-излезни такси на границата со Јордан – 50 $
трошоци од личен карактер
бакшиши за водичи шофеpoт ~ по 5$ на ден ( 24 $)

При промена на курсот цените ќе бидат изменети според датата на плаќање.
*екскурзии кои не се вклучени во цената
Аеродромските такси подлежат на препотврдување.
Понудата важи за минимум 35 туристи. Резервација се прави со 50% од сумата.
Остатокот треба да биде доплатен до 20 дена пред датата на поаѓање.
Агенција го задржува правото на промени во редоследот на исполнување на програмата.

Спеделете со пријателите!Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestPrint this pageEmail this to someone