Манастир Острог
Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василиј Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василиј во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица. Сместување во Горниот Манастир во повеќекреветни простории со кревети на спрат, на чардак или во манастирскиот двор. Во манастирот се добива душек и ќебиња. Или можност за сместување во Долeн Манастир, кој поседува 29 повеќе креветни соби (8, 10 кревети во соба).
1 Ден (Петок)
Состанок со групата во 22:00 часот. Заминување кон Црна Гора во 22:30 часот (ноќно возење). Се патува преку Косово, Албанија, Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 Ден (Сабота)
Пристигнувањето во манастирот Свети Василиј Острошки и сместување по желба на патниците во Горниот или Долниот конак. Факултативен разглед на околината каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му се пресечени рацете и е погубен од Турците во 1712 година. По желба искачување пешки или со локален минибус до Горниот Манастир. Поклонение на моштите на Светителот. Вечерната служба почнува во 17 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.
3 Ден (Недела)
Факултативно – во недела наутро присуство на Литургијата во Горниот манастир, која вообичаено се одржува од 06:00 до 07:30. По завршувањето на Литургијата спуштање до Долниот конак. Тргнување кон Скопје. Попатна пауза во трговскиот центар Делта во Подгорица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 1.500 мкд
Аранжманот вклучува:
- Превоз со високотуристички автобус
- Ноќевање во Горниот конак
- Патничко осигурување
- Придружник за време на патувањето
Во цената не е вклучено:
- Ноќевање во Долниот конак 5 еур (се плаќа во конакот)
- Превоз (по избор) со локален минибус од Долниот до Горниот Манастир по цена од 1 еур за лице во правец
- Туристичка такса во Црна Гора-1 еур
Дополнителни информации:
- Потребно е да се понесе храна за време на патувањето
- Можност за ручек во ресторан во близина на Долниот манастир
- Можност за ручек во трговскиот центар Делта во Подгорицa
Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.
За реализација на аранжманот потребно е мин. од 40 патника.
За овој аранжман важат општите услови за патување на туристичката агенција АРБОТРАВЕЛ.