loading...
Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

Минхен – City Break

minhen_d7703441d322e2664245ddb7bb8ef1a0
Минхен, Германија
4
55
325.00€

325.00€
per adult

Sold Out

Exceed Persons

Минхен – City Break

Помеѓу уметноста и културата, помеѓу BMW и пивници, помеѓу барок и модерно време, Минхен, главниот град на Баварија нуди толку знаменитости, што се двоумите од каде да започнете. Град познат по најголемата манифестација на светот – Октоберфест, каде секоја година се испиваат безброј кригли пиво.
Не пропуштајте во Минхен:

Главниот градски плоштад Мариенплац, кој се наоѓа во центарот на градот, Новата градска куќа со раскошниот часовник, Старата градска куќа, која е претворена во музеј за играчки, најстарата црква во Минхен – црквта Св. Петар…

Бројни театри, музеи и галерии, познати шириум светот: Старата, Новата и Пинакотеката на модерната уметност, музејот Брандхорст, Германскиот музеј, Националниот театар – седиште на Баварската опера и Баварскиот оркестар, Националниот балет и опера, Минхенскиот театар и многу други.
За љубителите на автомобили, музејот на BMW е незаобиколна локација.

Пивниците се места каде туристи од целиот свет уживаат во веселата атмосфера пиејќи баварско пиво. Хофбраухаус (Hofbräuhaus) – најстарата пивница во Минхен, воедно е и најпозната таверна во целиот свет, каде дневно се испиваат преку 10.000 литри пиво.

Како да стасате од аеродромот Меминген до Минхен:

Сите информации за ред на возење и цена на билетот може да ги проверите на следнава страница: http://www.allgaeu-airport-express.de

Уживајте во градот со срце и традиција!

Во цената на аранжманот вклучено е:
• Авиобилет на релација СКОПЈЕ-МИНХЕН-СКОПЈЕ
• Аеродромски такси
• Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром
• Индивидуални трошоци

Цената на аранжманот зависи од расположливоста и слободни места на летот и во хотелите

Плаќањето се врши во денарска противвредност

Спеделете со пријателите!Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestPrint this pageEmail this to someone