loading...
Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

Нова Година – Атина

greece-nye

Нова Година 2018 во АТИНА                              

        …Атина  КоринтЕпидаурус НафлионМикенаПиреа-Сунион

    (4 дена / 2 ноќевања)

1 ден 29.12. СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата пред хoтел Холидеј Ин во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2 ден 30.12. АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови.

Панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Факултативно-Традиционална грчка вечера со фолклорна програма. Ноќевање.

3 ден 31.12. АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен факултативен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, најакустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион – (Првата престолнина на Грција по Отоманскиот период),Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Враќање во хотел. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. ***Вечерта Новогодишна прослава на плоштадот Синтагма.***  Ноќевање

4 ден 01.01 АТИНА – ПИРЕА – СУНИОН – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки. Попладне Ве водиме на полудневен факултативен излет со посета на најголемото патничко пристаниште во Европа Пиреа . Пиреа е втор центар на Атина, нејзиното второ срце низ кое годишно поминуваат повеќе од дваесет милиони патници. Патувањето го продолжуваме долж Аполоновиот брег до Сунион – најјужниот ‘рт на Медитеранот, каде се наоѓа храмот на богот Посејдон.

По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 02.01. СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

 Цена: 6.750,00 денари (109 евра)

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување на база 2 НП во хотел 3*

*  Организирани разгледи и посети според програмата

  • Организација на аранжманот и лицинциран туристички пратител на групата

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 150 ден
  • Факултативна посета на Пелопонез (20 €)
  • Вечера во Таверна со програма (35 €)
  • Факултативна Новогодишна вечера во Таверна
  • Влезници за локалитетите и други факултативни посети

 

Напомена:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Арботравел
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
Спеделете со пријателите!Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestPrint this pageEmail this to someone