loading...
Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

Нова Година – Истанбул

bosphorus-new-year-s-eve-party-istanbul-1

дена – 2 ноќевања (со автобус)

 

 

29.декември (петок)                СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони и Грција. Ноќно возење со попатни одмори.

 

30.декември (сабота)              ИСТАНБУЛ

Пристигнување во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата, Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век), Аја Софија ( изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

31.декември (недела)              ИСТАНБУЛ

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативна посета на најпознатите палати во Истанбул: Долма Бахче Сарај – првиот дворец изграден во Османлиската империја, кој до 1922г. бил резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 г. во него живеел и Кемал Ататурк. Денес – национален музеј, кој содржи уметничко-историски збирки од непроценливо богатство. Палатата Топ Капи – некогашно главно седиште на Османлиската империја, изградена во времето на Султан Мехмед II. Денес е музеј во кој се наоѓа и мечот нa прорoкот Мухамед. Вечерта, факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан, со богато мени и културно-уметничка програма. Ноќевање.

 

01.јануари (понеделник)          ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативно крстарење со брод по Босфор и панорамско разгледување на палатите од двете страни на каналот. Пловење под мостовите над Босфор, кои ги поврзуваат копната на континентите Европа и Азија, Попладне заминување кон Македонија. Патот води преку Грција. Дневно и ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.

 

Цена на аранжманот: 109 €  (6.750 мкд)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:          

– Превоз со автобус на наведената релација

– Сместување во Истанбул, во хотел ***,  на база 2 ноќевања со појадок

– Организиран панорамски разглед на Истанбул

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:     

– Влезници: Долма Бахче Сарај (15 € харем 10 €),  Топ Капи (15 € харем + 9 €), Аја Софија (15€)

– Влезници за  Skyride и Safir опсерваторија : 18 eur за лице (опсерваторија и  4 D кино)

– Моминска кула (со влезница и слатко + чај), превоз со брод до кулата: 17 eur за лице

– Факултативна Новогодишна вечера во ресторан со уметничка програма (60 €)

– Факултативно крстарење по Босфор  (15 €)

– Влезници за музеи, палати и културно историски споменици

 

НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници

– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА АРБОТРАВЕЛ

 

Спеделете со пријателите!Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestPrint this pageEmail this to someone