loading...
Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

НОВА ГОДИНА ВО ЕГИПЕТ

600320054_4

 

 28.12.2017 – 04.01.2018

 

Поминете неверојатни Новогодишни празници во Египет!

Уживајте во сончевото време, песочните корални плажи на Црвеното море и да се нурнете  во величествената и древна историја на Египет!

Специјално селектирани хотели оценети со највисока оцена во сајтовите за хотелски резервации!

 

8 дена / 7 ноќевања

Цените во табелата се во евра за лице, во стандардна соба на база All Inclusive со вклучени аеродромски такси, за рани резервации до 10.12.2017г.

 

28.12 – 04.01 Лице во двокреветна/

трокреветна соба

1/1

соба

1-во дете до 11,99г. со 2 возрасни 2-ро дете до 11,99г.

со 2 возрасни

Continental Hurghada 5*, Lux 675 775 385 428
Grand Plaza 4*, Superior 605 700 376 423
Samra Bay Resort 4*, Premium 585 615 383 455
Fort Arabesque Resort 4* , Superior 606 750 385 435
Steigenberger Aqua Magic 5*, Lux 649 760 470 475
Jaz Aqumarine 5*, Ultra Lux 770 935 580 603
Sol Y Mar Makadi Sun 4*, Premium 720 880 575 593

 

  • Возрасен + дете до 11,99г. се сместува во еднокреветна соба.

 

Цената е за лице во ЕВРА и вклучува:

  • Авиобилет  билет Софија – Хургада – Софија со директен чартер лет;
  • Аеродромски такси;
  • Регистриран багаж 20 кг и 5 кг рачен багаж;
  • 7 ноќевања на база All Inclusive во хотел по избор;
  • Трансфер во Египет аеродром – хотел – аеродром;
  • Гала вечера во ресторанот на избраниот хотел;
  • Wi-Fi во заедничкте простории на хотелот;
  • Панорамски разглед на Хургада со водич на бугарски јазик;
  • Патничко осигурување со покритие 10 000 евра;
  • Преставник на туроператорот со бугарски јазик за целиот престој.

 

Цената не вклучува:

  • Превоз од Скопје до аеродромот во Софија и обратно
  • Целодневна екскурзија до градот Луксор со автобус – 78 еур / 39 еур дете до 11,99г.;
  • Целодневна екскурзија до Каиро и Египетските пирамиди со автобус – 82 еур/ 39 еур дете до 11,99г.;
  • Посета на Рајскиот остров – со бротче – 52 еур/ 31 еур дете до 11,99г.;
  • Badawya Vip –прошетка низ Сахара со ATV, џипови и јавање на камили – 52 еур/ 31 еур дете до 11,99г.;
  • Прошетка до чамец со  прозрачно, стаклено дно низ Црвено море – Sea Scope -43 еур/ 22 еур дете до 11,99г.;
  • Вечерно шоу 1001 Ноќ – Alf Leila La Leila – 39 еур/ 17,50 еур за дете до 11,99г.;
  • Туристичка виза околу 25.00 USD.
  • Такса гориво  се објавува 21 ден пред летот.(Цените се калкулирани со параметри 600 $/ тон и 1 евро = 1.10 долари.)
  • Бакшиши за време на престојот во Хургада – околу 30 $.

 

Резервации:

Депозит 200 еур при резервација

Доплата 21 ден пред датата на патување

 

Услови за откажување:
до 60 дена пред датата на лет: без пенали
од 60 до 30 дена: 200 еур
од 29 до 20 дена: 50% од вкупната цена на патувањето
од 19 до 14 дена: 80% од вкупната цена на патувањето

под 14 дена пред датата на патување: целата сумa на аранжманот

 

Распоред на летање: (часовите подлежат на препотврдување)

Софија – Хургада – 09:00ч. – 13:30ч.

Хургада – Софија – 18:00ч. – 21:30ч.

 

Забелешки:

  • Туроператорот си го задржува правото да направи промени во програмата.
  • Минимален број за реализација на програмата 100 патника.
  • Групата се потврдува до 30 работни дена пред патување.
  • Сите екскурзии се реализираат со водич на бугарски јазик;
  • Туристичка виза се плаќа по слетување на аеродромот во Египет – 25.00 USD.
  • Дополнителните екскурзии се реализираат при минимум од 6 лица.
  • Молам, да имате во предвид, дека за патувањето е неопходен меѓународен пасош со важност не помалку од 6 месеци пред датата на патување.

 

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ:

 

Минимален број за реализација на автобуските екскурзии 20 лица.

Препорачуваме предвремено пријавување на дополнителните екскурзии : целодневна екскурзија до Каиро и пирамидите во Гиза и целодневна екскурзија до Луксор

Минимален број за реализација на екскурзите од морски тип 10 лица.

 

Панорамски разглед на Хургада

Вклучена во цената

Панорамска обиколка на познатиот град – летувалиште Хургада. Ќе имате можност да ја посетите големата џамија, Православната коптска црква. Аквариумот во Стариот град, продавници за лековити масла, кожа и текстил. Хургада е основан во почетокот   на XX век. Развитокот го должи и на меѓународниот аеродром Хургада. Градот е познат  со водните спортови и активности, ноќниот живот и топлото време. Подводните градини на Хургада се едни од најубавите во светот. Можат да бидат видени и при разлед со чамец со стаклено дно.Во продолжение на вековите Хургада  била дом на различни рибарски заедници и успева да се сочува непроменета до 90-те години на ХХ век, кога туризмот го открива ова идилично селце. Тука ќе видите широки плажи, кои се простираат на километри покрај морето, и води, безопасни за практикување на водни спортови. По панорамскиот разглед ќе располагате со слободно време за шопинг и фотографирање.

Цената вклучва: трансфер и водич.

 

Екскурзија до градот Луксор

78 еур / 39 еур дете до 11,99г.; – при предвремено пријавување

90 $/45 $ за дете (2-11,99) – при запишување на место

Заминување од хотелот рано наутро.Посета на Луксор – древната престолнина на египетските фараони. Тоа е местото, каде што бил древниот град Тива. Разглед на останките од храмовите-комплекси Карнак и Луксор.

Неверојатниот Храм на царицата Хатшепсут – единствената жена-фараон. Посета на Долината на царовите со исклучително убавите 62 гробници, Колосите на Мемнон и др.

Илјадници туристи од целиот свет секоја година го избираат Луксор за своја  дестинација за одмор, за да уживаат во овие споменици на историјата и архитектурата. Луксор е идеалното место и за оние, кои решиле да го посетат Горен Египет. Во Луксор е и крајната станица на бродските патешествија по река Нил. Крајречниот булевар на Нил во Луксор е идеалното место за бегство од вруќините.

Цената вклучува: двонасочен трансфер, водич и ручек. (Цената не вклучува пијалок за време на ручекот).

 

Екскурзија до Каиро и Египетските пирамиди со автобус

82 еур/ 39 еур дете до 11,99г. – при предвремено пријавување

95 $ / 45 $ за дете (2-11,99г) – при запишување на место

Заминување од хотелот многу рано наутро. Посета на Музејот на Египет во Каиро.Во музејот се изложени повеќе од 12 000 артефакти од секој период на египетската историја. По разгледот на музејот се насочуваме кон познатите пирамиди во Гиза. Пирамидите во Гиза подолго време се најпосетуваната атракција околу Каиро. Од времето на изградбата на пирамидите во Гиза се преплетуваат т древноста, мистеријата – и даваат повод за неверојатни хипотези. Пирамидите се единственото чудо на древниот свет, кои преживеале речиси непроменети.Погребалната голема пирамида на Кеопс е најстарата во Гиза и најголемата во светот, изградена околу  2500 г. пр.н.е. од близу 2,3 милиони варовникови блокови, тешки  по 2,75 тона и придвижувани од 100 000 робови. Трите помали пирамиди во соседството припаѓаат на Кеопсовите царици или сестри. Сфингата се наоѓа наблизу,  фигура со тело на лав, лице на човек и царска брада.

Цената вклучува: двонасочен трансфер, водич и ручек.(Цената не вклучува пијалоци за време на ручекот.)

 

Посета на Рајскиот остров – Paradise Island (со бротче)

52 еур/ 31 еур дете  (2-11,99) – при предвремено пријавување

60 $ / 30 $ за дете (2-11,99г) – при запишување на место

Прошетка со моторно бротче до прекрасниот Рајски остров. Paradise островот е олицетворение на идеално катче за одмор и еко туризам. Ќе имате можност да уживате во уникатни морски и пустински пејсажи. Островот нема растителен свет, но  посипан е со фин, белоснежен песок, заобиколен е од кристална вода во сини нијанси и глетки , кои се скоро нереални. Прошетката  вклучува две застанувања до коралните гребени. Можност за плажа на островот. Ручек во ресторан на островот. Можност за нуркање околу рајските брегови на островот. Препорачуваме да носите си Вас: костим за капење, фотоапрат, заштитен лосион за сончање, шапка, очила за сонце, пари и  обувки за вода.

Цената вклучува: прошетка со моторно бротче, ручек на островот, лежалки и чадори.

 

Badawya Vip – попладневна  полудневна екскурзија низ Сахара со ATV, џипови и јавање на камили

52 еур/ 31 еур дете (2-11,99) – при предвремено пријавување

60 $ / 30 $ за дете (2-11,99г) – при запишување на место

Ќе имате можност да уживате во проштката со АТВ низ песочните дини на Сахара.

По прошетката со АТВ , се продолжува со можност за јавање на камила и типично ориентално шоу.За оние ,кои избрале варијанта за утринска прошетка низ Сахара ќе биде сервиран вкусен ориентален појадок. За вечерната варијанта на прошетка е предвидена романична вечера во ориентален стил.

Цената вклучува: двонасочен трансфер од хотела, прошетка со АТВ, јавање на камила, ориентално шоу , појадок или вечера со вклучени безалкохолни пијалоци

 

Прошетка со чамец со прозрачностаклено дно низ Црвено море – Sea Scope.

43 еур/ 22 еур дете до 11,99г.– при предвремено пријавување

50 $ / 25 $ за дете (2-11,99г) – при запишување на место

Трансфер до пристанището со автобус и качување на чамец со должина 18 м.

Чамецот е со прозрачно дно ви дава можност да уживате во незаборавно пловење над неповторливи коралови гребени и шарени морски жители.

Цената вклучува: билет за чамец, двонасочен трансфер, безалкохолен пијалок

 

Вечерно шоу 1001 Ноќ – Alf Leila La Leila

39 еур/ 17,50 еур за дете до 11,99 – при предвремено пријавување

45 $ / 20 $ за дете (2-11,99г) – при запишување на место

Нурнете се во една Арапска приказна и уживајте во едно пријатно доживување. Осветлените во различни бои струи на фонтаните под звуците на  класичната музика, променувајќи ја својата насока, форма и боја, извивајќи се, се стремат кон висините. 1001 ноќ е приказна од истокот, која што ќе Ве пренесе во времињата на фараоните и Шехерезада. Ќе видите вешти арапски акробати, ќе уживате во фолклорно шоу со ориентални танци.

Цената вклучува: двонасочен трансфер, влезница, шоу програма

 

Подморница во Црвено море

53 еур / 25 еур за дете (2-11,99) – при предвремено пријавување

55 $ / 25 $ за дете (2-11,99г) – при запишување на место

Ќе го видите велелепниот подводен свет на Црвено море од вистинска подморница. Таа е во отворено море и се нурка на голема длабочина. До неа ќе ве однесе специјална моторна јахта. Посета на еден од најпознатите подводни резервати со разнобојни корали и голема разновидност од риби. Ќе се запознаете одблизу со природната водна средина на едни од најатрактивните морски жители. Исто така ќе имате можност да уживате во подводно шоу , преставено од специјалисти по нуркање.

Цената вклучува: двонасочен трансфер, билет за подморницата ,шоу програма

 

 

Полудневна екскурзија до Ел Гуна – „ Малата Венеција на Египет“

48 еур / 24 еур за дете (2-11,99) – при предвремено пријавување

50 $ / 25$ за дете (2-11,99г) – при запишување на место

Прошетка низ спокојниот ресорт Ел Гуна, наречен уште „Малата Венеција на Египет“. Ел Гуна е всушност составена од повеќе острови и полуострови, одделени со вештачко создадени канали, по кои водата од Црвено море е одведена навнатре во сувиот дел. Ваквата инфраструктура природно води кон тоа основниот начин на движење е со мали моторни чамци. Територијата на ресортот е поделена меѓу големите хотелски вериги и малите приватни вили, така што Ел Гуна е поделена на квартови, секој од нив има свој облик. Досегот до морето е 11 км  линија на брегот, а ресортот има три големи плажи – Мангруви, Зејтона и Марина бич.

Цената вкучува: двонасосочен трансфер, водич

 

 

CONTINENTAL HURGHADA RESORT 5*, Lux

 

http://continental-hurghada.com/

 

Местоположба:

Хотел Continental Hurghada Resort е расположен на западниот брег на Црвено море. Комплексот се наоѓа сред великолепни градини со плоштина од 135 декари, на девствена песочна плажа, со приватно пристаниште за јахти. Со одлична местоположба хотелот се наоѓа на неколку минути пешачење од центарот на Хургада.

Уживајте во големиот избор на храна, дневна забава, здравствен клуб, водни спортови, вклучително можност за нуркање и приватен центар за нуркање со акваленд, како и на затоплен базен преку зима.

Continental Resort Hurghada е само на 10 минути пат со автомобил од живописниот  кварт Sakkala во Хургада. Има и бесплатен приватен паркинг.

 

Соби : Собите имаат балкон со поглед кон морето или базенот. Сите стандардни соби дозволуваат сместување на двајца возрасни  со до две деца. Имаат  голема спална или две самостојни легла и опција за дополнителни легла.

Секоја од собите е опремена со:

  • Клима уред
  • телевизор со рамен екран
  • телефон
  • мини бар
  • апарат за чај или кафе
  • козметика за бања
  • фен
  • сопствена бања

 

Концепција на All Inclusive:

Појадокот се служи од 07:00 до 10:30 ч  на шведска маса во Palm’s Brasserie и лесен појадок од 10:30 до 12:00 ч во Captain’s Bar.

Ручек се сервира на шведска маса во Palm’s Brasserie од 13:00 до 15:00 ч. Пијалоци  се служат секој ден од 10:00 ч до залез на сонцето во La Terrace Pool Restaurant & Bar, а исто така и во Al Khalig Beach Restaurant & Bar.

Попладневна  закуска се служи во La Terrace Pool Restaurant & Bar од 15:30 до 17:00 ч. Сладолед можете да земете од барот до базенот (еднаш дневно).

Вечерата се служи во интернационалниот  ресторан Palm’s Brasserie од 18:30 до 21:00 ч. Еднаш неделно можете да вечерате (со претходна најава) во Al Dente (италијанска кујна) или Fish Market.

Fish Market предлага мени à-la-carte и ориентални специјалитети како египетска морска супа, мезе и  разновидност од локални специјалитети со локални или увозни вина.

Локални пијалоци, кои се нудат во баровите од 10:00 наутро, но не покасно од 23:00 ч: флаширана минерална вода, безалкохолни пијалоци во чаша, изладен сок, лесно пиво, вино во чаша, кафе и чај.

Локални алкохолни пијалоци (вотка, џин, виски, текила и рум), алкохолни и безалкохолни коктели се служат во сите барови до 23:00 ч.

Флаширани безалкохолни пијалоци, фрешови, флаширани пива и вино, како и сите увозни пијалоци се нудат со плаќање.

 

Хотелот нуди:

  • Фитнес центар
  • Тениски терен
  • Spa & Wellness center (се доплаќа)
  • 4-ри ресторани
  • Бар и снек бар
  • Сопствена плажа
  • Градина
  • Солариум (се доплаќа)
  • Сауна (се доплаќа)
  • Базен
  • Паркинг
  • Wi-fi (се доплаќа)
  • Вечерни забави
  • Детски клуб
  • Аниматорски услуги
  • Билијард
  • Менувачница
  • Туристичко биро
  • Банкомат
  • Продавници
  • Рент а кар
  • Бизнис центар
  • Конференциска сала
  • Сеф
  • Хемиско чистење
  • Лифт

 

Домашни љубимци: Не се допушта.

 

 

 

 

 

 

GRAND PLAZA 4*, Premium

http://www.grand-plaza.net/indexr.htm

Местоположба:

Хотелот се наоѓа на 5 км од аеродромот во Хургада, на 10 км од центарот на градот, на брегот на морето. Изграден е во 2000г. Се состои од основна 3 катна зграда, вкупно  232 соби: 210 Standard соби и Sea View соби (макс. 3 лица , 30-33 м2). Има соби Family room, соби Suite, connected rooms и соби за непушачи.

 

Хотел:

Хотел Grand Plaza 4* , е прекрасен избор за семејна или самостоен одмор.

Хотелот се наоѓа на 2,5 км од аеродомот Хургада, на 5,5 км од центарот на градот, на брегот на морето. Изграден  е во 2000 г. Се состои од основна 3 катна зграда.

Хотелот нуди комфор кој е неопходен за пријатен одмор.

Персоналот на деноноќната рецепција може да организира изнајмување на автомобили. Интернационалниот аеродром  Хургада е на 5 минути со автомобил од хотел Grand Plaza 4*. Гостите можат да најмат велосипеди или да играат тенис во хотелот. Најмалите гости можат да се забавуваат  на детското игралиште. Хотелот располага со:

  • 24-часовна рецепција;
  • Банкомат;
  • Менувачница;
  • Хемиско чистење;
  • Сеф;
  • Фризерски салон;
  • Фитнес центар;
  • Откриен базен за пливање ;
  • Када за хидромасажа ;
  • Џакузи;
  • Сауна;
  • Анимација;
  • Нуркање;
  • Пинг понг;
  • Билијар;
  • Детско игралиште;
  • Тениски терен;
  • Сали за игри;
  • Пикадо;
  • Лифт;
  • Wi-fi ( со доплата 10 $ на час);
  • Масажи (со доплата);
  • Наем на велосипеди (со доплата);

 

Соби:

Хотел Grand Plaza 4* располага со 230 комфорни соби. Секоја соба на хотел Grand Plaza е декорирана во пријатни топли пастелни нијанси. Сите соби се опремени со сите неопходни услови за пријатен престој:

  • сателитска телевизија;
  • централен клима уред (само ладење)
  • сопствена бања;
  • тоалетна козметика;
  • тераса;
  • фен;
  • минибар.

 

Ресторан:

Има поглед кон базен, ресторанот нуди поjадок и ручек на шведска маса и а-ла-карт специјалитети за вечера. Гостите можат да нарачаат пијалок во колоритниот чаен салон или да слушаат пијано музика во живо во лобито на хотел Grand Plaza 4*

 

Хотелит го предлага следните услови за децата:
Детско игралиште, беби ситер – на барање, дел за деца во базенот за возрасни (без затоплување), детски клуб (4-12 год.), детски столчиња во ресторанот, детско легло – на барање, бесплатно.

 

Бесплатни услуги во хотел:
Пинг понг, маса –фудбал,  водна топка, аква-аеробик, пикадо , боча, фитнес, музика во живо, одбојка на плажа, тениски терен (без осветлување), аеробик

 

Усуги кои се плаќаат:
Билијрд, катамаран, нуркање, масажа, џакузи, парна бања, виндсурфинг, дискотека ( хотел Grand Plaza Resort), сауна, банана, наем на тенис ракети и топки, кану.

 

Плажа:
Сопствена (до 150м длабочина), песок, има корали. На базен: чадори, лежалки, душеци, пешкири – бесплатно. На плажа: чадори, лежалки, душеци, пешкири- бесплатно.

 

 

FORT ARABESQUE RESORT 4* , Superior

 

http://www.fortarabesque.com/

 

Местоположба

Хотел Fort Arabesque Resort 4* се наоѓа во најубавиот дел на заливот на ресортот  Макади Беј на Црвено море. На 20 км јужно од аеродромот Хургада и е лоциран меѓу прекрасни песочни дини. Кристално чистата вода на Црвеното море и златестиот песок на плажите ви нудат можност за еден незаборавен и прекрасен одмор. Хотел Fort Arabesque Resort 4* Ви нуди опција за превоз до Хургада со шатл два пати на ден.

 

Соби

Хотел Fort Arabesque Resort 4* има 587 раскошни  луксузни двокреветни и семејни  соби. Секоја соба ги нуди сите неопходни удобности за вашиот престој:

  • луксузна бања со туш;
  • тераса или балкон;
  • сателитска телевизија;
  • директна меѓународна телефонска линија;
  • минибар;
  • фен;
  • сеф;
  • можност за приготвување на чај и кафе (еспресо машина).

Максимално сместување во стандардна соба е максимум 2 возрасни + 1 дете.

 

Плажа

Хотелот Fort Arabesque Resort 4* располага со приватна плажа опремена со лежалки и чадори. (Користењето на лежалки и чадори е бесплатно).

На плажата се организираат различни забави и водни спортови – одбојка на плажа ; пловење ; нуркање и др.

 

Ресторани и барови

Хотелот претставува комплекс со трговски објекти , четири ресторани и пет бара. Сите четири ресторани и пет бара ги служат гостите на база All Inclusive од 09:00ч. до 00:00ч.

 

·         Хотел Arabesque Resort Makadi 4*  располага со два основни ресторани за удобност  на своите гости. Основен ресторан во источното крило на комплексот и основен ресторан во западното крило. Рестораните нудат појадок, ручек и вечера на богата шведска маса. Појадок: 07:00 – 10:00 часот.

 

Ручек: 13:00 – 14:30 часот.

 

Вечера: 19:00 – 22:00 часот

 

  • Beach ресторанот и барот се наоѓаат на брегот на морето и нудат пијалоци и лесни закуски од 09:00ч. до 22:00ч.

 

  • Red Rocks Lobby bar – се наоѓа во источното крило на комплексот. Барот сервира пијалоци од 09:00ч. – 00:00ч. ( По полноќ пијалоците се плаќаат).

 

  • The Swim-Up Бар – се наоѓа крај големиот базен на комплексот и служи пијалоци од 09:00ч. до 21:00ч.

 

  • The Sunset Lobby bar – се наоѓа во западното крило на комплексот. Барот служи пијалоци од 09:00ч. – 00:00ч. ( По полноќ пијалоците се плаќаат).

 

  • The Arena Bar – Барот се наоѓа во Амфитеатарот на комплексот. Пијалоците се служат од 20:00ч. – 00:00ч.

 

Хотелот располага со:

  • WI-FI (се доплаќа);
  • 5 базени за пливање;
  • 3 затоплени базени;
  • 24/7 рецепција;
  • Банкомат;
  • Градина;
  • 4 ресторани;
  • 5 лоби барови;
  • Приватна песочна плажа;
  • Менувачница;
  • Продавница за подароци;
  • Продавница за сувенири;
  • Пешкири за плажа;
  • ТВ сала;
  • СПА Центар ;
  • Џакузи;
  • Салон за убавина;
  • Фитнес;
  • Тениски терен ;
  • Пикадо;
  • Детско катче;
  • Театар;
  • Амфитеатар.
  • Анимација;
  • Мултифункционални игралишта за кошарка, фудбал или различни други спортови;

 

SAMRA BAY RESORT 4* , Premium

 

http://www.samrabayhotel.com/

 

Местоположба:

Хотелот Samra Bay Resort & Spa 4* е лоциран на златната плажа во новиот дел на ресортот Хургада. Хотелот има лесен достап до централните делови на Хургада и го прави исклучително удобен за самостојни прошетки и забава. Се наоѓа на работ на  брегот на Црвено море, хотелот има прекрасна песочна приватна плажа. Растојанието до аеродромот Хургада е само на 10 мин. со автомобил.

 

 

Хотел:

Хотел Samra Bay Resort & Spa 4* е изграден во арапски стил, со модерно опремени соби.

Хотелот нуди спокој и комфорт во луксузна атмосфера. Идеален избор за одмор за семејства со деца, како и парови кои бараат спокојство и потполен одмор. Хотелот нуди на своите гости:

  • 24 часовна рецепција
  • Лоби Бар
  • Бар на плажа
  • Бар на базен
  • Главен ресторан
  • Базен
  • Снек Бар
  • Лежалки и чадори (бесплатни)
  • Нуркање и водни спортови
  • Анимација за време на престојот
  • Детски клуб (04г.-12г.)
  • Детски базен
  • Детски игралишта
  • Детска кошарка
  • Водни прскалки
  • Конференциски сали
  • Одбојка на плажа
  • Фитнес
  • Аеробик
  • мини фудбалско игралиште на плажа
  • Билијард
  • Wi-fi достапен на рецепција
  • Амфи театар со анимациона програма
  • Спа центар
  • Турска бања
  • Парна Бања
  • Салон за убавина
  • Центар за нуркање
  • Доктор
  • Wi-fi (во собите ) – 35$ за седмица / 10$ за ден / 5$ на час
  • Пинг понг
  • Банкомат
  • Продавници

 

Соби : Хотел Samra Bay Resort & Spa 4* располага со 160 стандардни соби , 34 супериор соби и 6 апартмани.

Стандардната соба располага со:

  • Тераса или балкон
  • Телефон
  • Сеф
  • Сателитска телевизија
  • Фен
  • Мини Бар
  • Клима уред
  • Бања со када или туш
  • Машина за чај и кафе
  • Поглед кон базен

 

Анимација: Специјално одбрана екипа од аниматори се грижи за доброто расположение на гостите на хотелот.

Анимацијата започнува во 10:00ч. и продолжува до 23:00ч. секој ден.

 

Ресторани: Хотел Samra Bay Resort & Spa 4* им нуди на своите гости:

  • Главен Ресторан– Појадокот во главниот ресторан почнува во 07:00 ч. до 10:00ч.

Ручекот се сервира од 13:00ч. до 15:00ч., а вечерата започнува од 19:00 ч. до 22:00ч.

Главниот ресторан нуди различна интернационална кујна со различни видови јадења секој ден. За вкусната храна се грижи добро одбрана екипа од мајстори готвачи.

Доцна вечера од 22:00 ч. до полноќ.

 

А ла Карт Ресторани:

  • Ориентален ресторан – Насладете се на вкусот на арапската кујна во ориенталната атмосфера на ресторанот.
  • Азијски ресторан – Вкусна Азијска кујна приготвена од Мајстор Готвач.
  • Пицерија – Пицеријата нуди пици по Италијански оригинален рецепт.
  • Сладолед

 

Важно: Концепцијата на All Inclusive дозволува една вечера за време на престојот во еден од А ла Карт рестораните.

 

Барови:

  • Lobby Bar: Хотел Samra Bay Resort & Spa 4* располага со лоби Бар кој се наоѓа во лобито на хотелот. Барот е идеално место да се насладите на различни видови пијалоци и да се одморите на крајот на денот. Лоби барот нуди пијалоци од 00ч.-00ч.
  • Pool Bar: Барот на базенот нуди различни видови освежителни безалкохолни и алкохолни пијалоци. Pool Bar нуди пијалоци од 10:00ч. до залез на сонцето.
  • Beach Bar: Хотел Samra Bay Resort & Spa 4* располага со бар на плажа. Ќе имате можност да уживате во прекрасна глетка кон Црвено море со коктел во рака. Beach bar нуди пијалоци од 10:00ч. до залез на сонцето.
  • Диско Бар: Дискотеката на хотелот отвара врати во 23:30ч. до и работи до кога има клиенти.

 

Важно: Според сезона може да има разлика во работните часови на рестораните и баровите на хотелот.

 

Плажа: Хотел Samra Bay Resort & Spa 4располага со собствена приватна прсочна плажа. Користењето на чадори и лежалки е бесплатно.

 

Домашни љубимци: Не се допуштаат.

 

STEIGENBERGER  AQUA MAGIC 5* , Lux

https://www.steigenberger.com/hotels/alle-hotels

 

Местоположба

Хургада е една од најпопуларните дестинации за одмор на Црвено море. Со својата централна местоположба, исклучителниот хотел Stigenberger Aqua Magic 5* има  свои гости од целиот свет. Фината песочна плажа се наоѓа само на 6 минути пешачење, а за 10 минути со автомобил, гостите можат да стигнат до аеродромот.

 

Хотел

Уживајте во престојот во една од 394-те соби, 294 семејни соби и 15 апартмани со поглед кон крајбрежната алеја, базенот или морето. Ќе имате задоволство да го откриете големиот избор на удобности, како балкон, клима уред, плазма телевизор, сеф, како и прибор за приготвување на чај и кафе.

 

 

Соби

Хотелот располага со различен тип соби – стандардни соби, супериор соби, делукс соби, Aqua – апартмани, семејни соби и мал семеен апартман.

 

Стандардните соби се  24м² и располагаат со:

  • 2 одделни легла или 1 голема спална;
  • поглед кон градината;
  • индивидуален клима уред;
  • бања со када или туш;
  • минибар;
  • прибори за приготвување на чај и кафе;
  • телефон;
  • сателитска телевизија;
  • сеф.

 

Супериор собите се 34м² и располагаат со:

  • 2 одделни легла или 1 голема спална;
  • со поглед кон градината или базенот;
  • со балкон или тераса;
  • индивидуален клима уред;
  • бања со када или туш;
  • минибар;
  • прибори за приготвување на чај и кафе;
  • телефон;
  • сателитска телевизија;
  • сеф.

 

Забава:

Љубезниот персонал на хотелот а ќе биде навистина среќен да Ви препорача различни масажи и грижа за убавина, како и уште понуди кои ги предлага хотелот. За да ја дополните Вашата програма ние би Ви ја предложиле 2,5 километарска патека за џогинг во непосредна близина до Al DauBeach Hotel. Хотелот предлага и други различни спортски занимавања, како боча, пинг понг, базен, пикадо и фудбал на маса, како и мини голф со 9 дупки.

Искористете го широкиот дијапазон од спортски опции, за да го тренирате своето тело, со еден од почетните курсови по нуркање или виндсурф. Водните тркала и кануто се бесплатни, а сертифицираниот Аква парк нуди забава и релаксација за млади и возрасни.

По многуте вежби ќе имате можност да го посетите СПА центарот Vista, кој се наоѓа  на 7 кат, каде што ќе можете да се опуштите во сауната, амам бањата, турската бања или за време на масажата.

 

 

JAZ AQUAMARINE 5* , Lux

 

http://www.jaz.travel/hurghada/hotels/jaz-aquamarine.aspx

 

Местоположба

Замислете си , како живеете како кралска личност во пет-ѕвезден раскош на брегот на Црвено море. Хотелот се наоѓа во јужниот делт на ресортот Хургада – познат со своите ненадминати понуди за нуркање и виндсурфинг.

 

Хотел

Jaz Aquamarine 5* е голем ресорт за одмор и спокојство, со 18 базени за пливање ( три,  кои што се наоѓаат во непосредна близина до Jaz Bluemarine), 3 водни паркови и многу ресторани и барови. Огромниoт дворец има 1001 луксузна соба за гости, со многу дополнителни услуги и комфор, како собна услуга, рент а кар , аптека, доктор на повикување, трансфер од и до трговскиот центар Esplanada Mall во Хургада со дополнително плаќање и АТМ апарати (банкомати). Резервирајќи во Jaz Aquamarine 5* имате на свое располагање достап до плажа, раскошна уметност и ноќен живот.

 

Ланецот  Jaz hotels доминираат во квалитетот на услугите што ги нудат, но Jaz Aquamarine ги одведе на многу повисоко ниво. Дополнително на водните паркови, прскалки и базените за пливање, ресортот уште нуди базени, сосема опремен спортски центар и внатрешен театар со секојдневни представи. Младите гости можат да уживаат во детскиот клуб, додека возрасните можат да уживаат во СПА центарот.

 

Соби

Jaz Aquamarine 5* има голема колекција од 1001 соби – по една за секоја Илјада и една ноќ. Има различен тип соби – собим  за парови за романтично бегство од секојдневието, семејства спремни за забава и  патници, кои што би сакале да истражуваат.

 

Сите соби се за непушачи, со индивидуален клима уред и вклучуваат балкон или тераса со прекрасна глетка. Стандардните удобности во собите се:

  • луксузна бања со туш;
  • сателитска телевизија
  • директен меѓународен телефон;
  • минибар;
  • фен;
  • сеф;
  • можност за приготвување на чај и кафе (еспресо машина).

 

Стандардните соби 30 м², со максимален капацитет за сместување до 2 возрасни, со 2 единични крвети и поглед кон базенот или градината.

 

Супериор соби 38 м², со максимален капацитет за сместување до 2 возрасни и 1 дете, со 2 единични кревети и поглед кон градината, морето или базен.

  • Забелешка: Максимум сместување до 3 лица.

 

 

Плажа

Сопствената плажа е опремена со лежалки. Во близина до неа има 2 базена. Можат да се организираат виндсурф, нуркање, длабоководен риболов или јавање на камила по песокот.

 

Ресторани и барови

Ресторанот Topaz е главниот ресторан со прекрасна шведска маса за појадок, ручек и вечера, вклучувајќи тематски вечери и сладолед.

 

Ресторанот Four Corners нуди различни видови на кујна – Средоземноморска, Азијска и Италијанска.

 

Лоби барови – ресортот има 2 лоби бара, идеални за студени пијалоци по активен ден:

  • Fayrouz лоби бар;
  • Waves лоби бар – отворен 24 часа.

 

Снек-барови – нудат лесни закуски и пијалоци. Расположени се на стратешки места – во близина до базените и плажата:

  • La Perla;
  • Paradisio;

 

А-ла-карт ресторани – дополнително на рестораните на шведска маса, хотелот располага со неколку а-ла-карт ресторани:

  • Makai Tukai – Азијска кујна, со суши бар ;
  • Ресторанот на Nino – класична италијанска кујна;
  • Ресторан Sofra –  кујна од Блискиот Исток;
  • Ресторан Corallo – свежа морска храна во современа атмосфера.

 

На располагање на гостите има и ресторани за брза храна во близина до плажата со лесни закуски и пијалоци.

 

Хотелот располага со:

  • Бесплатен Wi-Fi интернет на јавните места;
  • Избор од трговски објекти;
  • Салон за убавина
  • 18 базени за пливање, од кои 4 за деца;
  • Водни паркови – 3 за возрасни и 1 за тинејџри;
  • 22 водни прскалки;
  • Фитнес;
  • Мултифункционални игралишта за кошарка, фудбал или различни други спортови;
  • Тениски терен;
  • Одбојка на плажа;
  • Водна топка;
  • Боча;
  • Пикадо;
  • СПА центар Mivida – разполага со 19 соби, вклучително соба за парови и Турска амам бања;
  • Детски клуб за деца од 4-12 години;
  • Театар;
  • Сала за игри за тинејџери со 17 Playstation конзоли;
  • Дискотека Fantasia за возрасни.

 

SOL Y MAR MAKADI SUN 4* , Premium

 

http://www.jaz.travel/hurghada/madinat-makadi/hotels/solymar-makadi-sun.aspx

 

Местоположба

Се наоѓа на најубавиот брег на Црвено море, хотелскиот комплекс Sol y Mar Sun 4* во ресортот Мадинат Макади, нуди чудесна можност за полн престој на полн All Inclusive со достап до најубавите делови за нуркање  на Црвено море.

 

Хотел

Sol Y Mar Makadi Sun 4* е прекрасен избор за одмор, нуди 4* лукс и висок квалитет на услуга. Хотелот може да се пофали со поглед од кој запира здивот, прекрасни можности за прошетки , бескрајна забава, вкусна кујна и сите неопходни услови за една незабравна почивка. Исклучително подобен за семејства со деца. За најмалите се грижи екипа од аниматори. Хотелот има многубројни можности за забава, спорт , релаксација и Спа зона.

 

Соби

Хотел Sol Y Mar Makadi Sun 4* им нуди на своите гости супериор и семејни соби декорирани со топли и пријатни бои и типичен за Египет ориентален стил. Има соби со средна врата за поголема удобност за компании и семејства со деца.

Собите се за непушачи. Секоја соба е климатизирана со поглед кон градината или базенот и нуди за пријатен престој:

  • бања со туш;
  • сателитска телевизија;
  • директен меѓународен телефон;
  • минибар;
  • фен;
  • Сефот се наоѓа на рецепцијата на хотелот (не се плаќа)

 

Супериор собите се со големина 31 м², со максимален капацитет за сместување до 2 возрасни и 1 дете, со 2 единични легла или спална и поглед кон градината или базен.

 

Супериор Семејна соба е со големина 31 м², максимален капацитет за сместување до 3 возрасни и 1 дете со 1 голема спална и поглед кон базен или градината.

 

Плажа

Sol Y Mar Makadi Sun 4* има приватна плажа, плажата е опремена со лежалки и чадори. Користењето на чадорите и лежалките на хотелот е бесплатно.

 

Базен

Во централниот дел на хотелот има голем базен за пливање чадори и лежалки. Во зима базенот се затоплува. Користењето на чадори и лежалки на базенот е бесплатно.

 

Ресторани и барово

Ресторан Bella Luna е главниот ресторан со пректасна шведска маса за појадок, ручек и вечера, вклучително и тематски вечери.

 

All Inclusive предности:

  • Еднаш седмично Гала Вечера во главниот ресторан – Bella Luna;
  • Бесплатен сладолед во Taverna Beach Bar;
  • Забава со чај секое попладне со избор од десерти на Star Pool Bar.

 

 

Лоби барови – ресортот раководи со 4 бара, кои нудат пијалоци во зависиност дали одмарате на базен , плажа или сте се сокриле од силното сонце во лобито на хотелот.

  • Taverna Beach Bar – на плажа (сервираат безалкохолни и алкохолни пијалоци во текот на целиот ден)
  • Sunset лоби бар – им нуди на своите клиенти пијалоци во романтична атмосфера
  • Star Pool Bar – Бар на базенот (нуди освежителни пијалоци и лесни закуски)
  • SunBuco Fun Pub – паб кој нуди весела атмосфера и забавни вечерни програми

 

Хотел

  • Бесплатен Wi-Fi интернет на јавните места;
  • АКВАПАРК со над 50 лизгалки/ слајдови за возрасни и деца.(Аква паркот се наоѓа вон хотелскиот дел на комплексот)
  • 24/7 рецепција;
  • Банкомат;
  • 2 ресторани;
  • 4 бара;
  • Приватна песочна плажа;
  • Бесплатни чадори и лежалки;
  • Менувачница;
  • Продавница за подароци;
  • Машина за лед;
  • СПА Центар ;
  • Џакузи;
  • Салон за убавина;
  • 2 базени за пливање;
  • Водни паркови – 3 за возрасни и 1 за тинејџери;
  • 22 водни лизгалки/слајдови;
  • Фитнес;
  • Мултифункционални игралишта за кошарка, фудбал или различни други спортови;
  • Тениски терен;
  • Одбојка на плажа;
  • Водна топка;
  • Аптека;
  • Боча;
  • Пикадо;
  • Детски клуб за деца 4-12 години;
  • Ориентални танци;
  • Сала за игра за тинејџери со Playstation конзоли;

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА

ДЕН-1 /28.12.2017/

Средба на Терминал 1 аеродром Софија. Директен лет  до  Хургада. Слетување на аеродром  Хургада. Панорамски разглед на Хургада. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Информативна средба со Вашиот преставник во хотелот. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН-2 /29.12.2017/

Појадок. Слободно време за плажа и забава или екскурзии по желба:

  • Целодневна екскурзија до Каиро и Египетските пирамиди во Гиза.

Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН-3 /30.12.2017/

Појадок. Слободно време за плажа и забава или по желба:

  • Можност за дополнителна екскурзија – Badawya Vip – прошетка низ Сахара со ATV, џипови и јавање на камили со ориентална вечера и шоу програма.

Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН-4 /31.12.2017/

Појадок. Слободно време за плажа и забава или по желба:

  • Целодневна посета на Рајскиот остров.

Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН-5 /01.01.2017/

Појадок. Слободно време за плажа и забава или по желба:

  • Полудневна екскурзија до Ел Гуна – „ Малата Венеција на Египет“ .
  • Вечерно шоу – Alf Leila La Leila – 1001 ноќ со шоу програма.

Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН-6 /02.01.2017/

Појадок. Слободно време за плажа и забава или по желба:

  • Целодневна екскурзија до Древниот Град Луксор – Долината на царевите.

Враќање во хотел. Ноќевање.

 

ДЕН-7 /03.01.2017/

Појадок. Слободно време за плажа и забава или по желба:

  • Можност за прошетка со чамец со прозрачностаклено дно низ Црвено море – Sea Scope

или

  • Дополнителна екскурзија Подморница во Црвено море.

Слободно време. Ноќевање.

 

ДЕН-8 /04.01.2017/

Појадок . Напуштање на собите . Трансфер до аеродромот Хургада за лет кон Бугарија.

 

Важно: Молиме да имате во предвид  дека турпоператорот си го задржува правото за промена на редоследот на програмата.

Спеделете со пријателите!Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestPrint this pageEmail this to someone