loading...
Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

Париз – City Break

cheap-paris-hostel

Париз – City Break

Париз – град на љубовта, културата и светлината. Најромантичниот и најубавиот град во светот, Париз, е и главен град на модата во светот, важно средиште на интернационален транспорт и дом на универзитети, спортски настани, опера и музеи, кои го прават најпопуларна туристичка дестинација во светот со повеке од 30 милиони странски туристи во годината.

Што да се посети во Париз? Се!

При самото влегување во Париз се среќавате со неговата единствена архитектура: широки авении, дрвореди, паркови, згради од бел камен и црвени кровови. Најпознатата авенија, Елисејските полиња е прва на списокот на посета, не само заради многуте разновидни продавници, туку поради близината на најпознатите споменици:

– Триумфалната капија – (http://www.monum.fr)
– Музеј Лувр – (www.louvre.fr)
– Ајфелова кула – (www.tour-eiffel.fr)
– Версајскиот дворец – (The Château de Versailles – http://www.chateauversailles.fr)
– Богородичната црква – (Notre-Dame-de-Paris – http://www.notredamedeparis.fr )
– Монмартр – (Montmartre – www.montmartre-paris-france.com)

Прошетка по булеварот Montparnasse, преку улицата Rennes, кејот на реката Сена, улиците на островот St. Louis и многу други….
Шопинг во Le Bon Marché, Printemps Haussmann, Gallery Lafayette, Montparnasse Tower, каде што може да пронајдете производи од најпознати брендови.
Да не ги заборавиме и децата со Дизниленд http://www.disneylandparis.com), Астериксленд (http://www.parcasterix.fr/en)..
А навечер…. Париз е град на ноќниот живот, град на кабареата Moulin rouge, Lido, Pigalle, бројни барови, ноќни клубови и дискотеки Baron, VIP room, La Loco, Le Club 79, La Casa 128, Queen Club, Les Bains Douches, Folies Pigalle, се само дел од познатите клубови каде доаѓаат светските DJ-и.
Уживајте со сите свои сетила во магијата која ви ја нуди градот на светлината!

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: од 357€

Во цената на аранжманот вклучено е:
• Авиобилет на релација СКОПЈЕ-ПАРИЗ-СКОПЈЕ (преку Загреб со Croatia Airlines)
• Аеродромски такси
• Сместување во хотел 3* во Париз на база 3 ноќевања со појадок

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Трансфер Аеродром Хотел Аеродром
• Индивидуални трошоци

Цената на аранжманот зависи од расположливоста и слободни места на летот и во хотелите во Париз
Плаќањето се врши во денарска противвредност

Спеделете со пријателите!Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestPrint this pageEmail this to someone