loading...
Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

Прага – City Break

praga1
Прага, Чешка
4
50
318.00€

318.00€
per adult

Sold Out

Exceed Persons

Прага – City Break

Архитектурата на Прага е разновидна: од ренесансна, барок, рококо, класична до модерна. Сите тие кули, цркви, мостови и замоци, како да се оттргнати од минатото и залепени во денешно време само за нас, чекајќи да ги посетиме!
Најдобро е да се тргне од Václavskih náměstí, плоштад кој го носи името на заштитникот на овој град, и каде доминира зградата на Националниот музеј. Навечер овој плоштад делува импресивно, особено за Новогодшната ноќ.

Пред да се спуштите во Staré Město (Стар град), посетете го Josefov, еврејскиот кварт, познат по живописните синагоги, и потоа веке сте во Staroměstské náměstí, делот кој се наоѓа под заштита на UNESCO. Týnský chrám со своите две препознатливи кули е еден од симболите на овој плоштад. Ова е веројатно најубавиот дел од Прага, кој зрачи со посебна атмосфера, каде се наоѓаат уште и Градското Собрание, црквата Св. Никола и Астрономскиот часовник, околу кој на секој час се одвива мала представа која не ја пропуштаат илјадници туристи.

Прошетката по Карлов мост е прошетка во минатото, низ историјата. Од лева страна на реката Влтава, се наоѓа Malá Strana, бисер на барокната архитектура, Hradčany, историскиот дел од градот каде се наоѓа Pražský hrad (замокот на Прага), најголемиот антички дворец во светот со должина 530м и ширина 130м, изграден во 9 век, во чија внатрешност секоја градба и уличка е посебна приказна. Тука ќе ги видите и катедралата Sv. Víta, најстара готска катедрала во Средна Европа, и базиликата Sv. Jiří , чии двете бели кули се наречени Адам и Ева. Денес овој дворец претставува истирско и политичко средиште, а воедно е и рерзиденција на претседатолот на Чешка.

Zlatá ulička е позната по писателот Франц Кафка, како и по шаренилото на бројните куќи, каде може слободно да се раскомотите, да уживате во средновековна Прага, да го пробате вкусот на домашната кујна, а оние со авантуристички дух може да ја испробаат својата вештина на ракување со самострел.

Да не го заборавиме и Ленон ѕид (Мала Страна)- на кој во 1980 год., по смртта на Џон Ленон, се испишани песните на Битлси со графити и претставува симбол на љубовта и мирот кај младите.
За оние чие задоволство е шопингот, постои широк спектар на трговски центри: Myslbek, Kotva, Palladium и др.
И ако не ве освои Прага со нејзината култура, ќе ја засакате поради ноќниот живот. Многубројните пивници и клубови ќе го исполнат очекувањето на секого. Karlovy Lazne, најголемиот градски клуб на 5 ката, Roxy или Lavka можат да задоволаат секаков вкус. Пробајте и нема да пожалите!

Како да стасате од аеродромот до Прага:
Со автобус – со линија 119 и 100 се пристига до градот.
Со минибус – со минибуси “Cedaz” од аеродром до станицата “Dejvicka”.
Со taxi – цена околу 28 еур. (претходно проверете со регистрирани taxi возила).

Уживајте во посетата на градот од бајките!

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: од 318 €

Во цената на аранжманот вклучено е:
• Авиобилет на релација СКОПЈЕ-ПРАГА-СКОПЈЕ
• Аеродромски такси
• Сместување во хотел 3* во Прага на база 3 ноќевања со појадок

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром
• Индивидуални трошоци

Цената на аранжманот зависи од расположливоста и слободни места на летот и во хотелите

Плаќањето се врши во денарска противвредност

Спеделете со пријателите!Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestPrint this pageEmail this to someone