loading...
Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

Рим – City Break

Roma-deluxe2
Рим, Италија
4
55
352.00€

352.00€
per adult

Sold Out

Exceed Persons

Рим – City Break

Да се види Рим, град што живее 27 века, значи да се видат илјадници дела на човековиот копнеж за бесмртност. Пред вас во полн сјај се откриваат стотина ренесансни палати, барокни плоштади, фонтани и антички градби, поради кои Рим го нарекуваат Вечен град, колевка “dolće vite”, седиште на западното римско царство.

Препорачуваме три варијанти на обиколка на Рим:
– Првата опција е со црвеното метро А од станицата Термини, каде секоја станица е обележена со важни туристички атракции (Termini, Piazza della Repubblica, Piazza Barberini – Fontana di Trevi, Piazza di Spagna, Piazza del Popolo).
– Втора опција е со автобус бр.64 од Термини, која води до плоштадот Венеција (Piazza Venezia), од каде почнува историскиот центар на градот, поминувајќи по една од најпознатите шопинг улици на Рим, Via Nazionale.
– Трета и најдобра опција е прошетка од Термини до плоштадот Република (Piazza della Repubblica) кој започнува од Via Nazionale, каде неизбежно треба да пробате италијански сладолед во една од многуте слаткарници и стасувате до плоштад Венеција (Piazza Venezia).

Не пропуштајте во Рим:

Фонтана ди Треви – најпознатата римска фонтана
Kолосеум – најголемиот амфитеатар во Рим и во светот.
Пантеон – антички храм на сите богови
Piazza Navona, – еден од најубавите римски плоштади со фонтаната на Бернини Fontana dei quattro fiumi.
Ватикан и базиликата на Свети Петар
Музеите на ватикан, најпознатите музеи во Рим, каде освен класични црковни дела, ќе видите дела на Рафаел, Микеланџело, Тицијан, Леонардо Да Винчи
Сикстинската Капела (Capella Sistina), каде декорацијата е дело на Микеланџело.
San Pjetro in Vinkoli – Свети Петар во ланци, каде се наоѓа скулптурата Мојсије, дело на Микеланџело.
Piazza del Popolo– позната по црквите близначки Chiese Gemelli и црквата Santa Maria del Popolo, во која се наоѓаат фрeски на Микеланџело.
Вила Медичи и вила Боргезе

А за љубителите на шопинг улица која не се одминува Via del Corso и Шпанските скали – познати по модните ревии, кои се одржуваат секоја година, најскапата улица Via Condotti, атракција за љубителите на “made in Italy” роба, каде ќе најдете продавници на Pradа, Gucci, Versaci, Armani, Dolce&Gabanа.
За навечер ги препорачуваме квартовите San Lorenco, центар на сите студенски настани, Pinjeto, Testaccio и Via Ostiense познати по ноќните барови и клубови.

Како да стасате од аеродромот до Рим:

• Со воз – од аеродром Leonardo da Vinci (Fiumicino) до центарот со возот Leonardo-Express, кој поаѓа на половина час и оди до станицата Термини.
• Со автобус – од вториот аеродром Ciampino вози COTRAL Bus до метрото во близина на Термини и до Via Appia Nuova.
Двата аеродрома се поврзани со станицата Termini со Shuttle bus.
• Со taxi – од аеродром до Рим цената е околу 40 еур.
Почуствувајте ја магијата на вечниот град, спој на медитеранска клима, италијанска кујна и мода!

Во цената на аранжманот вклучено е:
• Авиобилет на релација СКОПЈЕ-РИМ-СКОПЈЕ
• Аеродромски такси
• Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром
• Индивидуални трошоци

Цената на аранжманот зависи од расположливоста и слободни места на летот и во хотелите

Плаќањето се врши во денарска противвредност

Спеделете со пријателите!Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestPrint this pageEmail this to someone