loading...
Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

Венеција – City Break

4332229
Венеција, Италија
4
50
278.00€

278.00€
per adult

Sold Out

Exceed Persons

Венеција – City Break

Венеција – градот изграден на вода, најромантичен град на светот и еден од најпосетените градови во Италија. Во Венеција ќе најдете бројни атракции, но Венеција е многу повеќе од тоа: историја, архитектура, религија, традиција, култура, забава, мода и храна. Одвојте време да ги откриете сите овие богатства.

Не пропуштајте во Венеција:

• Плоштадот Св. Марко (Piazza San Marco), срцето на градот, каде се наоѓаат најпознатите знаменитости, како базиликата Св. Марко, Дуждовата Палата, Саат кулата, крилестиот лав – симболот на Венеција. Одморете се уживајќи во кафето во некои од познатите кафетерии, како Caffe Florian, Caffe Quadri или Caffe Lavena. Секоја година плоштадот е средиште на карневалот познат по креативните маски и костими, каде во ритамот на музиката танцуваат сите возрасти .

• Големиот канал (Canale Grande) – главната и најдолга “улица” во Венеција, кој го дели градот на две дела, кои се поврзани со три моста: Rialto, Skalzi i Accademia.

• Шеталиштето Zattere, каде може да го доживеете најубавиот залез на сонце, или да уживате во својот оброк покрај вода со поглед на каналот Guidecca и црквата Madonna della Salute.

• Својата среќа може да ја испробате во познатото Casino Venecija, а во операта La Fenice можете да уживате во добрата опера во текот на целата година.

• Венецијанската лагуна, островите Murano, Burano, Torcello, Chioggia. Венецијанскиот Лидо, популарна дестинација, каде може да уживате на плажа и каде за време на Венецијанскиот Филмски Фестивал се слеваат илјадници туристи, актери и славни личности.

• Шопинг во Венеција, (Giacomo Rizzo, Calle San Giovanni Crisostomo, Cannaregio), – израдувајте ги своите блиски со уникатни и интересни подароци – карневалски маски, мурано стакло, рачно боени ткаенини и тестенини во облик на гондола.

Како да стигнете од аеродромот до Венеција:

Сите информации за ред на возење и цена на билетот може да ги проверите на следнава страница: www.trevisoairport.it

Посете ја кралицата на Јадранот, позната по гондолите и романтичните зајдисонца над каналите!

Во цената на аранжманот вклучено е:
• Авиобилет на релација СКОПЈЕ-ВЕНЕЦИЈА-СКОПЈЕ
• Аеродромски такси
• Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром
• Индивидуални трошоци

Цената на аранжманот зависи од расположливоста и слободни места на летот и во хотелите

Плаќањето се врши во денарска противвредност

Спеделете со пријателите!Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestPrint this pageEmail this to someone