Винарска визба БОВИН
Еднодневна посета
Винарската визба БОВИН организира дегустација на вина од сопствено производство на Бовин во дегустационата сала на Винарската визба БОВИН од Неготино, и за таа цел Ви предлагаме како што следи:
– Пристигнување на група од минимум 10, а максимим 60 гости во Винарската визба Бовин;
– Разгледување на Винаријата и начинот на производство на вината во Бовин;
– Дегустација на 12 типа вина произведни во Бовин, со коментар од стручно лице од Бовин. Дегустацијата се одвива и за време на ручек;
Сервирање на ручек која се состои од следното:
– предјадење-ордевер;
– сезонска салата;
– главно јадење кое се состои од 2-3 парчиња месо со гарнир или по договор;
– вино-неограничено за консумација;
– десерт- таан алва/слатка.
Можност за купување на вината на Бовин по фабрички цени.
Времетраење на дегустацијата- помеѓу 1.5-3.0 h, зависно од типот на дегустацијата (со ручек или само со ордевер).