loading...
Arbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, КрстарењаArbotravel – Хотели во Грција, Аранжмани, Превоз, Авиобилети, Летувања, Зимувања, Крстарења
Forgot password?

Винарска визба ТИКВЕШ

pfz_2248
, Македонија
1
100
6.00€

6.00€
per adult

Sold Out

Exceed Persons

Винарска визба ТИКВЕШ

Еднодневна посета

Сместени во срцето на македонскиот лозарски регион, нашите вина претставуваат култура стара повеќе од 120 години. Култура која го слави целокупното винарско искуство, од растење, до берба, ферментација, и до најважниот дел: уживање во виното со најблиските. Создадени со страст и трпение, вината на Тиквеш ја претставуваат повеќевековната традиција на производство на вино во Македонија. Винарската визба Тиквеш е сместена во срцето на Тиквешкото виногорје, најпознатиот лозарски регион во Македонија. Токму на ова место медитеранската клима од југот ги среќава континенталните ветрови кои доаѓаат од север, при што се создаат одлични услови за производство на грозје од кое се добиваат темпераментни, комплексни вина богати со овошни ароми.

Распространета на површина од 100 000 м², Винарската визба Тиквеш има 350 вработени и претставува најголема винарска визба во Македонија. Годишно, околу 30 000 тони грозје се преработуваат во нашата винарска визба, а производите се продаваат во Македонија и во повеќе од 15 странски земји.

ЦЕНОВНИК

Тиквеш
Туристички пакети минимум 8 лица

Пакет „Школска“ ( само за ученици од основните и средните училишта) – 30 денари
• Прошетка низ винаријата со водич – 60 мин
Детали:
Посетите во пакет еден се за посети на ученици на ВВ Тиквеш. Овој пакет вклучува разгледување на винаријата.
Време 60 минути

Пакет „Тиквеш дневна винска“ – 200 денари
• Прошетка низ винаријата со водич – 45 мин
• Дегустација на минимум 4 вина – 45 мин
• Можност за купување на вина по дисконтни цени
Детали:
Посетит е во овој пакет вклучуваат посета на винаријата со водич и послужување на посетителите во просториите на ресторанот со минимум 4 чаши вино од програмите Класик и Special Selection и вода.
Време 90 минути

Пакет „Special Selection“ – 300 денари
• Прошетка низ винаријата со водич – 45 мин
• Дегустација на минимум 4 вина – 45 мин
• Можност за купување на вина по дисконтни цени
Детали:
Посетите во овој пакет вклучуваат посета на винаријата со водич и послужување на посетителите во просториите на ресторанот со минимум 4 чаши вино од програмата Special Selection и вода.
Време 90 минути

Пакет „Alexandria“ – 340 денари
• Прошетка низ винаријата со водич – 45 мин
• Дегустација на минимум 5 вина – 45 мин
• Можност за купување на вина по дисконтни цени
Детали:
Посетите во овој пакет вклучуваат посета на винаријата со водич и послужување на посетителите во просториите на ресторанот со минимум 5 чаши вино од програмите Aelexandria Clasic и Alexandria Cuvee, вода.
Време 90 минути

Пакет „Limited Edition“ – 500 денари
• Прошетка низ винаријата со водич – 45 мин
• Дегустација на минимум 4 вина – 45 мин
• Можност за купување на вина по дисконтни цени
Детали:
Посетите во овој пакет вклучуваат посета на винаријата со водич и послужување на посетителите во просториите на ресторанот со минимум 4 чаши вино од програмата Limited Edition и вода.
Време 90 минути

Пакет „Тиквешки ордевер“ – 600 денари
• Прошетка низ винаријата со водич – 45 мин
• Закуска со сирење, сувомесни производи – 60 мин
• Дегустација на минимум 5 вина – истовремено со закуската
• Можност за купување на вина по дисконтни цени
Детали:
Посетите од овој вид вклучуваат прошетка низ винаријата со водич, послужување на гостите со закуска од минимум 4 различни видови сирење, 2 различни видови сувомесни производи, дегустација на минимум 5 чаши вино и вода.
Време 105 минути.

Пакет „Македонска традиционална кујна“ – 8 00 денари
• Прошетка низ винаријата – 45 мин
• Ручек македонско мени/ интернационално мени – 90 мин
• Дегустација на минимум 4 вина – истовремено со ручекот
• Можност за купување на вина по дисконтни цени
Детали:
Посетите од овој вид вклучуваат прошетка низ винаријата со водич, послужување на гостите со ручек во кој е вклучено салата , главно јадење и десерт, дегустација на 4 чаши вино и вода. На крај се служи дигестив ракија и кафе.
Време 150-180 минути.

Пакет „ Македонска традиционална збогатена кујна“ – 1000 денари
• Прошетка низ винаријата – 45 мин
• Ручек македонско мени/ интернационално мени – 90 мин
• Дегустација на минимум 6 вина – истовремено со ручекот
• Можност за купување на вина по дисконтни цени
Детали:
Посетите од овој вид вклучуваат прошетка низ винаријата со водич, послужување на гостите со ручек во кој е вклучено салата , топло предјадење, главно јадење и десерт, дегустација на 6 чаши вино и вода. На крај се служи дигестив ракија и кафе.
Време 150-180 минути.

Пакет Луксузна кујна – 1500 денари
• Прошетка низ винаријата – 45 мин
• Ручек македонско мени/ интернационално мени – 90 мин
• Дегустација на минимум 7 вина – истовремено со ручекот
• Можност за купување на вина по дисконтни цени
Детали:
Посетите од овој вид вклучуваат прошетка низ винаријата со водич, послужување на гостите со ручек во кој е вклучено салата , главно јадење и десерт, дегустација на 7 чаши вино и вода. На крај се служи дигестив ракија и кафе.
Време 150-180 минути.

Пакет – Кетеринг – 700 денари/1000 денари
• Кетеринг само со сувомесно, сирење, суво овошје, ситни колачи и апетисани
• Кетеринг со топла храна, десерт, апетисани
Детали:
Храната се сервира на локација по избор на клиентот. Во цената се вклучени и пијалаци од програмата на Тиквеш и Пивара Скопје. Во оваа понуда се вклучени по 3 пијалаци за гостите. Во случај на поголема потрошувачка дополнително ќе се пресмета во цената според ценовникот.
Целокупната опрема за сервирање и послужување на храната ја превзема Винаријата Тиквеш.

Семинарски пакети:

Пакет СЕМ – 1 – 750 денари
• Користење на просториите на винаријата за семинари, презентации, состаноци
• Користење на мултимедијска опрема
• Освежителни пијалаци и кафе
• Прошетка низ винаријата со водич
• Закуска со сирење и сувомесни производи
• Дегустација на вино
Детали:
Овој пакет е наменет за пократки презентации или состаноци на посетителите. Пакетот вклучува користење на просторија, мултимедијска и презентациска опрема, 1 кафе, вода, дегустација на вино во ресторанот, закуска од минимум 4 различни видови на сирење, леб и 4 чаши вино.
Време 180-240 минути.

Пакет СЕМ – 2 – 1000 денари
Користење на просториите на винаријата за семинари, презентации, состаноци
• Користење на мултимедијска опрема
• Освежителни пијалаци и кафе
• Колачи за закуска при кафе пауза
• Прошетка низ винаријата со водич
• Ручек – коктел ( buffet lunch)
• Дегустација на вино
Детали:
Овој пакет е наменет за подолги презентации каде што на посетителите им се на располагање просторија, мултимедијска и презентациска опрема, а ќе бидат послужени со 2 кафиња, освежителни пијалаци, ужина од разни колачиња, дегустација на вино во ресторанот, ручек (Buffet lunch) каде што ручекот е сервиран на т.н. „шведска маса“. На крај од јадењето се служи лозова ракија како дигестив.
Време 180-240 минути.

Пакет СЕМ – 3 – 1800 денари
• Користење на просториите на винаријата за семинари, презентации, состаноци
• Користење на мултимедијска опрема
• Освежителни пијалаци и кафе
• Колачи за закуска при кафе пауза
• Прошетка низ винаријата со водич
• Ручек од минимум 4 ганг-а (сервирања)
• Дегустација на вино
Детали:
Овој пакет е наменет за долги, еднодневни семинари, работилници или состаноци. На располагање на посетителите им е просторија, опрема за мултимедијска и презентациска опрема, 3 кафиња и освежителни пијалаци, вода, ужина од разни колачиња, ручек во ресторанот со салата, топло предјадење, главно јадење и десерт и дегустација на минимум 5 чаши вино. На крај се служи лозова ракија како дигестив.

Сите цени се изразени со вклучен ДДВ од 18 %.

ВВ Тиквеш го задржува правото да врши корекции на Ценовникот во било кое време освен на цените во потпишаните договори.

Спеделете со пријателите!Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestPrint this pageEmail this to someone