arbotravel.com

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech English French German Greek Italian Polish Romanian Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish Ukrainian

contact

Јазични Курсеви

 

germany

Зградата на училиштето нуди фантастична глетка кон стариот град, замокот и долината Некар. Денеска е Ф+У Академија за јазици една од најголемите јазични училишта во Германија. Секоја година во просек 5,000 ученици од целиот свет ги поминуваат нашите курсеви во Хајденберг. Преку својот меѓународен карактер школото представува единствена раскрсница на различни јазици и култури.

Повеќе...
 

majorka spanskiШколото е лоцирано источно од центарот на Палма де Мајорка, 25м. од главната плажа “Playa de Palma”. Со должина од 5.5 км плажата и шеталиштето се идеални за џогинг, возење ролери, велосипеди и уживање во кристалното чиста вода. Јавниот транспорт до центарот е овозможен со 2 директни автобуски линии за што е потребно возење од 25 минути. Центарот на ноќниот живот се наоѓа на “Playa de Palma” во нејзините барови, ресторани и најголемите дискотеки на островот, на 5 мин. возење со автобус или 20 мин пешачење. Се заедно – перфектна локација за учење на Шпанскиот јазик во релаксирана атмосфера покрај плажа, како и изобилниот ноќен живот во близината.

 

Повеќе...
 

malaga spanijaУчилиштето е сместено во Андалузиска вила и отсекогаш било многу популарно меѓу сите академии за изучување на шпанскиот јазик. Се наоѓа близу до плажата во Малага, на 2 км од центарот. На шеталиштето покрај плажата се наоѓаат голем број на барови и автентични ресторани со морска храна. Тука можете да уживате и што е најважно да го усовршите шпанскиот јазик.

 

Повеќе...
 

barcelonaНајновото училиште на Sprachcaffe е лоцирано во културниот епицентар на Барселона. Училиштето нуди перфектно балансирана атмосфера за учење, со сите пријатни работи кое вашето срце ги посакува. Ramblas, познатиот шопинг булевар во Барселона е лесно пристапен. Но кога ќе пристигнете до галериите, продавниците, бутиците, музичките продавници итн, веќе нема потреба да патувате понатаму, се се наоѓа ”веднаш зад аголот”.

 

Повеќе...
 

spanski madridУчилиштето е сместено во прекрасен “Listed” објект. Лоцирано е близу до Порта Дел Сол, во срцето на градот, во модерен и отмен кварт. На само неколку минути пешачење ќе стигнете до скалите на Кралската Палата и “El Prado” музејот.

 

Повеќе...
 

paris francijaУчилиштето во Париз е основано во 1986 како приватен институт акредитиран од Ректоратот на Париз и Министерството за Труд и е добро познато по својата методологија базирана на педагошкиот проект за изучување на Францускиот јазик во соработка со Ректоратот на Париз. Се наоѓа во центарот на само неколку минути од историскиот, културниот, уметничкиот и економскиот центар. Најблиска метро станица е "Grand Boulevard", на пешачка дистанца од музеите, хостелите и рестораните, како и безбројните мали бутици и барови.

 

Повеќе...
 

nica francijaУчилиштето во Ница е лоцирано во прекрасна зграда која датира од the Belle Epoque, на кратка одалеченост од катедралата Нотр Дам и автобуската/ железничката станица. Училиштето располага со светли и удобни училници за интернационалните студенти.

 

Повеќе...
 

calabrija italijaАко барате место со опуштена атмосфера, можеме да ви понудиме перфектна адреса за изучување на Италијанскиот јазик. Училиштето кое се наоѓа близу до центарот во прекрасна градина од портокали е отворено само во текот на летните месеци, нормално од Мај до Октомври. Училиштето е единствено по тоа што се наоѓа во опкружување од градини, портокалови дрвја, со идилични апартмани и училници. Многу од часовите се одржуваат на отворен простор, под самите дрвја, а самиот објект се наоѓа на неколку минути пешачење од плажата и центарот на селото. Училиштето нуди релаксирана и пријателска, фамилијарна атмосфера и наставниците се секогаш подготвени да го практикуваат јазикот со студентите, во и надвор од училниците.

 

Повеќе...
 

firencaВо Фиренца поседуваме прекрасна локација за сите љубители на Италијанската култура и јазик. Училиштето се наоѓа во многу чист и сликовит дел на Фиренца, на само 5 минути пешачење од станицата “Piazza della Stazione”. Со кратко пешачење можете да стигнете до плоштадот со катедралата и во срцето на градот.

 

Повеќе...
 

italija rimУчилиштето во Рим се наоѓа во убав кварт во самиот центар на Рим, блиску до базиликата Св. Петар. Училиштето е опремено со најсовремена опрема и има група врвни професори.

После часовите, учениците можат да го исполнат времето шетајќи низ центарот на Рим и обиколувајќи ги најпознатите знаменитости.

 

Повеќе...
 

Училиштето и сместувачките капацитети се лоцирани во северернот дел од островот Малта во местото St. Paul’s Bay.Местото е доста популарно кај Британските туристи па така учениците имаат прилика да го вежбаат јазикот и надвор од училиштето.

 

Повеќе...
 

Училиштето едноставно го одзема здивот. Тоа е прекрасен архитектонски објект изграден на почетокот на 20-ти век.Овој прекрасен камен објект изграден во класичен Грчки стил ќе остави длабоки импресии во вас со својот прекрасен изглед.

Училиштето е лоцирано во тивкиот дел на St. Julian’s Bay, во близина на центарот каде се одвива ноќниот живот. Комплексот, училниците, апартманите, рестораните и градината - а да не зборуваме за базенот и игралиштата за одбојка на плажа, се одлично место за учење и релаксација. Како што сонцето практично сјае и грее во текот на целата година можноста за релаксација и уживање е практично безгранична.

 

Повеќе...
 

london anglija Ако една работа е сигурна во животот , тоа е дека вие никогаш нема да се досадувате во Лондон! Само погледнете во “Time Out”, таткото на сите градски магазини и ќе пронајдете илјадници случувања и активности кои се случуваат во градот секоја недела. Сакате да се забавувате во театар? Нема проблем, Лондон е светската престолнина на театрите. Или што со забавата во ноќните клубови? Во Лондон е еден од најголемите клубови во светот.

Повеќе...
 

Страница 1 од 2

<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Work and travel 2012

Work and Travel 2012

Понуди на вашиот e-mail

Име:

E-mail:

You are here:   ПочетнаУслугиЈазични Курсеви

Kонтакт Информации

ТА Арбо Травел - Скопје

locationБизнис Центар Буњаковец, бул. Партизански Одреди 21 A2/1 локал 6, 1000 Скопје

telephone++ (389) (2) 3109 518; 3127 728; 3132 027

faxfax ++ 389 2 3127 729

emailarbo@t-home.mk

timeпон - пет 09:00 - 19:00ч, сабота 09:00 - 15:00ч

Конвертер на Валути

Сума:
Од:
Во: