
ВИЗА ЗА АВСТРАЛИЈА (туристичка)
ОД АВСТРАЛИЈА (ОД ГАРАНТОРОТ)
- Гаранција за туристичка посета ( STATUTORY DECLARATION) во која се гарантира вашето сместување, финансиската помош, трошоците за (евентуално) лекување и изјава дека ќе ја напуштите Австралија пред истекот на визата.
- Фотокопија од државјанство или од Австралиската постојана виза на гаранторот
- Изводи од банка ( further evidence of founds или evidence of access to funds)
ОД МАКЕДОНИЈА (ОД АПЛИКАНТОТ)
- Потврда за уплата на таксата за обработка на молбата, која изнесува 50 Евра (во Стопанска Банка ад Скопје)
- Своерачно потпишан пасош, важечки за целиот планиран престој во Австралија
- 4 фотографии
- 1 формулар 48Р
- Изјава А, Б, Ц и додатен прашалник потпишани
- Извод од родени не постар од 4 недели (преведен на англиски)
- За лица коиу се во брак, да се достави венчаница не постара од 4 недели
- Уверение за семејна положба заверено на нотар
- Потврда за примања за последните 3 месеци
- Потврда од МВР за неказнуваност за лица меѓу 15-65 години, не постара од 4 недели, должината на работниот стаж и висината на месечните примања и изјава дека продолжува со работа по враќањето од Австралија.
- Доказ за посредување на одредени недвижности
- Ако сте сопственик на фирма, евиденција за регистрација на фирмата
- Ако сте пензионер, чек од последната пензија
- Ако сте ученик/ студент потврда од училиште/ факултетдека сте редовен ученик/студент, дека е одобрено отсуство од наставата. За студенти и индекс (оригинал)
- За деца под 18 г. старост кои патуваат сами или со еден од родителите, потребна е согласност од двајцата родители потпишани лично.
- Ако вашиот брачен другар е во работен однос, доказ за висината на неговите месечни примања
- За лица постари од 70 години се доставува потврда од матичен лекар дека лицето е способно за патување
- Здравствено патничко осигурување
- Ако посетувате близок роднина (родител, брат, сестра...) се доставуваат и нивните изводи на родени – оригинал
- Воена книшка за мажи (во оригинал)
- Резервација за повратен авио билет
Времетраење на постапката за добивање на виза: 3 недели – 5 недели.
Сите приложени документи треба да бидат во оригинали или заверени фотокопии и документите кои не се на англиски јазиктреба да се приложат со оверен превод.
Документите се поднесуваат во Амбасадата во Белград.
ТА Арбо Травел - Скопје
Бизнис Центар Буњаковец, бул. Партизански Одреди 21 A2/1 локал 6, 1000 Скопје
++ (389) (2) 3109 518; 3127 728; 3132 027
fax ++ 389 2 3127 729
пон - пет 09:00 - 19:00ч, сабота 09:00 - 15:00ч