24 МАЈ ВО БУДВА
(21/05 – 24/05/2022)
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
Ден 1 – Петок (21.05.2022)
Состанок на групата на Дрводекор и поаѓање кон Будва. Попатни кратки паузи и царински формалности. Ноќно возење преку Косово и Албанија.
Ден 2 – Сабота (22.05.2022)
Во раните утрински часови пристигнување во Црна Гора, во Острошкиот манастир, кој е наоѓа на надморска височина од 900 метри, издлабен во карпа. Поклонение на моштите на светецот и разглед на манастирот. Потоа се упатуваме кон Подгорица. Слободно време за прошетка и освежување. По паузата продолжуваме кон Будва. Пристигнување и сместување во апартмани. Слободно попладне за одмор и индивидулани активности со можност за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на Стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани.
Ноќевање.
Ден 3 – Недела (23.05.2022)
Факултативен излет на Бокакоторскиот залив. Бока е единствениот природен фјорд на Медитеранот со необична убавина, поради што ја нарекувале „Невестата на Јадранот“. Прво ќе го посетиме живописното рибарско село Рисан, кое датира од 3 век п.н.е, и е најстариот град во Которскиот залив. Кратка пауза за разглед и продолжуваме кон блискиот Пераст. Низ историјата, многумина се обидувале да го освојат ова место (Византиска империја, Венецијанци, Унгарци, Французи, Австријци…). Секој од нив оставил значаен белег на ова прекрасно мало место. Секако, најголемата знаменитост на Пераст е мал остров со светилиште, црквата Пресвета Богородица од Шкрпјела (незадолжително поаѓање на островот). Продолжуваме кон Котор, стариот град заштитен од УНЕСКО. Можност за прошетка низ ѕидините, живописните приморски улици, каде ќе уживаме во прекрасната атмосфера на градот. Повраток во Будва во раните вечерни часови и слободно време за уживање во стариот дел на градот.
Ноќевање.
Ден 4 – Понеделник (24.05.2022)
Појадок и одјавување од хотел. Попатна фото пауза на Свети Стефан, од каде се протега восхитувачки панорамски поглед. Патот го продолжуваме кон Бар, најголемото пристаниште на Црногорската обала, каде ќе го посетиме Соборниот храм посветен на Св.Јован Владимир. По разгледот продолжуваме кон Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Редовна цена на аранжманот: 4.340 денари.
Цена со попуст: 3.720 денари
Аранжманот вклучува:
- Превоз со високотуристички автобус.
- Посета на манастир Острог
- Две ноќевања во апартмани
- Организација и водство на патувањето
Во цената не е вклчено:
- Патничко осигурување
- Локален превоз 1 еур и туристичка такса на манастир Острог 1 еур
- Туристичка такса во Будва 1 еур на ден
- Факултативна посета на Котор 20 еур
- Останати лични трошоци
Напомена:
- Се патува со лична карта, без цертификати.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 3 дена пред поаѓање.
За овој аранжман важат општите услови за патување на туристичката агенција АРБОТРАВЕЛ.