1ви МАЈ ВО ВРЊАЧКА БАЊА
(30/04 – 02/-4/2022)
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
1 Ден – Сабота (30.04.2022)
Поаѓање за Врњачка Бања во раните утрински часови. Попатни кратки паузи за царински формалности и освежување. Пристигнување во Врњачка бања и сместување во хотелот. Слободно време за одмор и индивидуални активности.
Можност за информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања. Вистинската авантура започнува на главното шеталиште – Врњачката променада, неизбежна дестинација за сите посетители на бањата, по чија должина се нижат кафулиња, ресторани, продавници, бутици, улични продавачи на сувенири и слики….. Од таму ќе наидете на бројни патокази, кои ќе ве насочат кон неизбежните знаменитости на бањата: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина, Замокот на културата, Јапонската градина и сл.
По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор и релаксација. Вечера и ноќевање.
2 Ден – Недела (01.05.2022)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и уживање во благодетите на Врњачка Бања. Вечера и ноќевање
3 Ден – Понеделник (02.05.2022)
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Се упатуваме кон манастирот Жича, подигнат од српскиот крал Стефан Првовенчан, со помош на неговиот брат Свети Сава. Разглед на манастирскиот комплекс, чија историја е подолга од осум векови. Во попладневните часови тргнување за Скопје, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 5.350 денари
Аранжманот вклучува:
- Превоз со високотуристички автобус
- Две ноќевања со појадок во хотел 3*
- Посета на манастир Жича
- Придружник за време на патувањето
Во цената не е вклчено:
- Туристичка такса 1.5 евра на ден (се плаќа на рецепција)
- Влезници за музеите и културно историски споменици
- Доплата за полупансион 4 евра
- Патничко осигурување
- Останати лични трошоци
НАПОМЕНА:
- Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
- Плаќањето е во денарска противредност (1 Еур=62 мкд)
- Уплата на 30 % депозит при пријавување
- Остатокот од сумата да се уплати најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 5 дена пред поаѓање, доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување, или за корекција на цена во случај на помал број на пријавени патници од наведениот минимум.
За реализација на аранжманот потребно е минимум од 40 патника.
За овој аранжман важат општите услови за патување на туристичката агенција АРБОТРАВЕЛ.