БУДВА
Ден 1 – СКОПЈЕ – БУДВА Состанок на групата во 22:30 пред просториите на Т.А. Арботравел. Поаѓање за Будва во 23:00 часот. Попатни кратки паузи и царински формалности. Ноќно возење преку Косово и Албанија.
Ден 2 – Манастир Острог – БУДВА
Во раните утрински часови пристигнување во Црна Гора. Најпрво се упатуваме во посета на Острошкиот манастир, кој е наоѓа на надморска височина од 900 метри, издлабен во карпа и e издигнат над рајските шуми. Манастир кој датира од 17 век и е секојдневно прибежиште на илјадници верници. Упатување кон Будва. Пристигнување и сместување во хотел. Попладнето слободно време за индивидуална прошетка во стариот дел на Будва, градските ѕидини или самостојна посета на црквите Св. Марија и Св.Иван. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 3 – БУДВА
Појадок. По појадокот слободни активности и прошетки во Будва. Ноќевање.
Ден 4 – БУДВА-СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотел. Заминување кон Скопје и попатно застанување кај Свети Стефан-панорамски разглед . Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз на дадената релација со високотуристички автобус. Ќе бидат испочитувани сите мерки и препораки на СЗО и Владата на Република Северна Македонија
- Сместување во двокреветни соби вохотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
- Организација и водство на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса на Острог 1 еур за лице, во хотел 1,5 еур за лице, на ден
- Патничко осигурување
Напомена:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 30 патници.
- Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Арботравел.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 2 дена пред поаѓање.