Хотелот Барбуна е сместен на само неколку чекори од плажата во Толо, во подножјето на планината Барбуна од каде потекнува и името на хотелот. Тивок, традиционален и семеен хотел има вкупно 12 соби.
Собите се комфорни опремени со клима уред, ТВ, сопствена бања и фрижидер. Секоја соба има и сопствен балкон.
Хотел БАРБУНА *** /www.barbouna.gr/


Цените се дадени за соба, на ден, на база само ноќевање во двокреветна соба или наем на студио .
Попуст за деца:
- Дете 0-6 г. (во соба со 2 возрасни) – бесплатно
- Дете 6-14 г. (во соба со 2 возрасни) – 50% .
Цените важат за минимум 5 дена престој.
Плаќање во денарска противвредност.