Истанбул – City Break
НЕКА НАШАТА ПРИКАЗНА БИДЕ И ВАША – АРБОТРАВЕЛ
Истанбул-Град кој лежи на два континента,спој на исток и запад, Европа и Азија, град со своите раскошни и културни остатоци, кои никогаш не престануваат да воодушевуваат. Го обликувале четири силни цивилизации, грчка, римска, византиска, османлиска. Денес Истанбул претставува велеград со преку 13 милиони жители, кои работат и живеат на двата континента. Модерниот плоштад Таксим, или квартовите Бејоглу и Османбеј, ке направат да се чувствувате како во било која светска метропола, додека прошетка низ плоштадот на Султан Ахмет, неизбежно ке ве врати илјада години назад низ времето. Ново и старо. Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да најдете испреплетени и нераскинливо поврзување како во Истанбул.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: од 149 еур
Во цената на аранжманот вклучено е:
- Авиобилет на релација СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
(со вклучени аеродромски такси и 8 кг рачен багаж)
- Сместување во хотел 4* во Истанбул на база 2 ноќевања со појадок
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Трансфер Аеродром Хотел Аеродром
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
Напомена:
- City Break аранжманите се индивидуални патувања
- Цената на аранжманот зависи од расположливоста и слободни места на летот и во хотелите во Истанбул.
- Плаќањето се врши во денарска противвредност
Препорачуваме за посета
- Топ капи музејот
- Вселенската Патријаршија
- Римскиот аквадут
- Таксим
- Крстарење по Босфор
- Света Софија
- Ак сарај
- Долме бахче сарај
- Сината Џамија