Директен чартер лет Софија – Малага
29.12-02.01
Андалузија – шпанскиот југ; тука е Севиља со нејзините бербери , Гранада со маварските
принцези, Малага – градот благословен од сонцето, раскошно осветлен и делови со
булевари и високи палмини дрвја, со бурен и оживен ноќен живот. Тука тече матниот
Гуадалкивир, но исто како река се лее локалното шери „Херес”. Андалузија е симбол на
шпанската страст, на пламеното фламенко, на фиестите.
5 дена/ 4 ноќевања
Цените во табелата подолу се во ЕВРА за лице (плаќање во денарска противвредност), во
стандардна соба, на соодветната база на исхрана и аеродромски такси до пополнување
на промо местата.
Цената е за лице во ЕВРА (плаќање во денарска противвредност) и вклучува:
– Авио билет Софиja – Малага – Софиja сo авиокомпаниjата Бугарија Ер чаретер, со
вклучени аеродромски такси и багаж 20 кг чекиран и 10 кг рачен багаж;
– 4 ноќевања, на соодветната база на исхрана, според избраниот хотел;
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром со луксузен автобус;
– водич на бугарски јазик;
– Осигурување 10 000 евра;
– Водич од Бугарија за целиот престој.
Цената не вклучува:
Превоз до/од аеродромот во Софија
Целодневна екскурзија до дворецот Алхамбра во Гранада – Арапска приказна –
84 евра за возрасен / 42 евра за дете до 11,99 г. со вклучена влезница за дворецот
Алхамбра;
Целодневна екскурзија до Севиља– Бисерот на Шпанија со вклучена влезница за
Катедралата – 73 евра за возрасен/ 37 евра за дете до 11,99 г.;
Целодневна екскурзија до Кордоба – 68 еур за возрасен/ 34 еур за дете до 11,99 г.;
Такса гориво се објавува 21 дена пред лет;
Во цената на туристичкиот аранжман не се вклучени такси, плаќања и други
дополнителни трошоци , кои не можат да се дефинираат во разумен степен пред
склучувањето на договорот и може да се наложи да бидат платени од патниците
како на пр. туристички такси, градски такси, такси за пристигање или такси за
заминување или за слегување од борд на пристаништата и аеродромите, цената на
влезниците за туристичките објекти, музеи, бродови , фериботи, користење на јавен
превоз за некои градови, конзумираните пијалоци во автобусите или авионите и др.
Ред на летање:
Превозник: Bulgarian Air charter (часовите се на препотврдување)
Софија – Малага: 13:30 – 16:20 ч.
Малага – Софија: 12:00 – 16:30 ч.
Трансфер аеродром – хотел – аеродром:
со 3*/4* автобус.
Резервации:
Прва уплата: 200 еур. при потпишување на договор.
Краен рок за полно плаќање: 31 дена пред датата на патување.
ВАЖНО:
1. Минимален број патници: 100 лица. При неостварен минимален број на патници
туроператорот е должен да извести 20 дена пред започнувањето на исполнување
на туристичкиот пакет.
2. Нема специјални медицински и здравствени барања, поврзани со патувањето.
3. Патувањето не е погодно за лица со ограничена подвижност.
4. Патниците е неопходно да имаат валиден пасош минимум 6 месеци по датата на
влез во државата .
5. Туроператорот си го задржува правото да прави промени по програмата,
авиокомпанијата и редот на летање.
ХОТЕЛИ
LAS PALMERAS 4*, Premium
Хотел Las Palmeras 4* , Premium е лоциран во срцето на Коста дел Сол со топ локација,
хотелот има лесен достап до туристичките објекти, ресторани и продавници во
Фуенхирола. Хотел Las Palmeras 4* , Premium располага со просторни и комфорни
соби, секоја од нив со тераса.
http://www.hotel-laspalmeras.com/en/
Местоположба
Хотелот се наоѓа во срцето на ресортот Коста дел Сол. Плажата се наоѓа на околу 200
метри од хотелот, се пристига за 4-5 минути. Има поглед кон пристаништето во градот
Фуенхирола. Тој располага со тениски терен , откриен базен со поглед кон
пристаништето и соби со сопствен балкон.
Во хотелот има деноноќна рецепција и туристичко биро, каде можете да земете автомобил
под наем. Трговскиот центар Mercacentro се наоѓа на 200 метри од Las Palmeras, а
коридата во Фуенхирола е на 15 минути пешачење.
Соби
Хотелот располага со 381 двокреветни соби, 11 мали апартмани, 6 соби приспособени за
лица со тешка подвижност. Собите се комфорни и со пријатна атмосфера.
Собите располагаат со:
– Бебешко креветче – при возможност;
– Поглед кон плажа или град;
– Бања со фен;
– Клима уред;
– Сеф – со доплата;
– ТВ;
Ресторан
За појадок, ручек и вечера хотел Las Palmeras 4* има ресторан Oasis со капацитет до 700
лица.
Ресторанот на хотелот е со поглед кон пристаништето и предлага јадења на шведска маса.
Хотелот има кафе и 3 бара, како снек- бар и пиано бар. Осигурен е и рум-сервис.
Забава
Las Palmeras 4*, Premium располага со сала за игри со маса за билијар и пинг понг,
откриен базен за возрасни и еден за деца на петтиот кат на хотелот со фантастичен поглед
кон пристаништето за јахти. Исто така има снек-бар, каде што можете да се добиете
коктел со прекрасен поглед кон пристаништето за јахти.
За време на престојот си можете да уживате во широка забавна програма за возрасни и
мини клуб за деца на возраст од 5 до 12 години.
Во околината на хотелот можете да практикувате туризам, велосипедизам , тенис, сквош,
јавање на коњи и спортови на вода, како на пример сурф, нуркање, едрење , џет или разни
екскурзии.
FUENGIROLA PARK 4*, Superior +
http://www.hotelfuengirolapark.es/
Хотелот Fuengirola Park 4* е познат со својата вкусна традиционална кујна, одлична
локација на комуникативно место, чисти и комфорни соби и професионален и љубезен
однос на персоналот кон клиентите на хотелот.
Местоположба
Хотел Fuengirola Park Hotel 4* е еден од најудобните хотели во Фуенхирола, официјално
категоризиран 4*. Хотелот е на само на 200 метри од големата плажа Las Gaviotas,
достапен до метрото, каде можете да се уживате во поголем дел од годината во нежна
клима.
Има одлични железнички и автобуски услуги, а меѓународниот аеродром Малага е само
на 20 минути и само на неколку километри од различни голф игралишта.
Хотелот
Хотел Fuengirola Park **** е еден од најудобните хотели во Fuengirola. Благодарение на
близина до плажата Las Gaviotas и многу голф игралишта, овој хотел е најдобриот избор
за одмор во Фуенхирола.
Ќе добиете топло добредојде од рецепцијата, која е на располагање 24 часа деноноќно.
Кога сте сместени во собата, се ќе биде направено, за да вашиот престој да биде пријатен.
Има можност за промена на валута, резервации за екскурзии, голф игралишта, тематски
паркови, коли под наем итн.
Собите
Хотел Fuengirola Park **** располага со 393 соби, кои се одлично расположени и добро
проектирани и опремени. Тие се наоѓаат во зграда, која се состои од две крила, свртени на
југ. Достапни се четири лифтови .
1. Бања;
2. Централно затоплување;
3. Сеф;
4. Клима уред;
5. Телевизор;
6. Телефон;
7. Фен ;
8. Просторна тераса.
Ресторан
Хотелот располага со голем ресторан, каде има два бифеа со голема разновидност од
вкусни национални и меѓународни јадења.
Една од кафеаните е на последниот кат. Таа е многу голема и светла, а дансингот може да
биде уреден со англиски бар, за да се создаде топла и спокојна атмосфера. Втората кафе-
слаткарница има сала за средби на партерниот кат на хотелот, на истото ниво како
базенот. Тој исто е голем, добро опремен и со сцена за сите видови празнични и вечерни
забави
Бар на базенот
Лоциран е во градината, многу близу до базенот, каде можете да се опуштите и
релаксирате, додека седите на сонце или на сенка, со пијалоци и лесни закуски .
Од егзотичната градина на главниот хотел ќе откриете прекрасен базен за возрасни со
големо откриено пространство, каде можете да се уживате во пријатно пливање. Наблизу
има мал пливачки базен за децата.
Забава
Хотелoт може да организира разновидна програма за забава во текот на денот и ноќта за
возрасни и деца, предлага забава и музика во живо во секое време на неделата .
Други услуги
Голем салон;
Сала за игри ;
ТВ сала;
Фризер;
Продавница;
Интернет;
Базен ;
Лежалки ;
Чадори;
Градина;
Тениско игралиште;
Катче за деца.
BEST SIROCO 4*, БЕНАЛМАДЕНА
https://www.besthotels.es/en/best-siroco.html
Местоположба
Хотел Best Siroco 4* се наоѓа во Беналмадена, на 250 метри од плажата на Торе Бермеха,
заобиколен од убави цветни градини. Хотелот е само на 10 минути пешачење од
пристаништето за јахти на Торе Бермеха. Голф игралиштето Torrequebrada е на околу 3 км
оддалечено од хотелот.
Хотел
Хотел Best Siroco 4* е делумно реновиран во 2016/17 година. Тој располага со два базена,
турска бања и сауна. Хотелот нуди на своите клиенти одлична можност за одмор при
бизнис патувања.
Соби
Хотелот располага со двокреветни соби со балкон. Некои од собите можат да се користат
за сместување на 4 лица. Собите се декорирани во убави бои со дрвен под и дрвен мебел.
Снабдени се со различни дополнителни удобности за своите гости. Можат да се
резервираат соби за непушачи и соби за лица со проблеми за движење.
Сите соби располагаат со:
централно греење ;
минибар;
клима уред ;
сателитска телевизија.
Хотелот располага со менувачница, банкомат и продавница за сувенири и подароци.
Осигурен е безжичен интернет.
Има можност за наем на кола или лимузина.
Фитнес центар.
Хотелот располага со конференциска сала.
Ресторани и барови
Се нуди избор од различни видови за храна како ресторан и барови.
Пробајте вкусови од различни кујни или релаксирајте се со пијалок во рестораните и
баровите на хотел Best Siroco 4*:
Бар – терасата во хотелот – предлага лесни закуски и пијалоци ;
Ресторан, во кој се сервира појадок , ручек и вечера сред удобна атмосфера
/вклучувајќи и шпанска кујна/.
Се нуди безглутенска храна и диетално мени
Базени и анимација
Откриениот базен на хотелот предлага бесплатни лежалки и чадори за гостите на хотелот.
Од хотел Best Siroco 4* до плажата има подземен тунел.
СПА центарот на хотел Best Siroco 4*е на располагање со доплата и вклучува сауна и
турска бања.
За децата е осигурено детско игралиште, детски клуб, аниматори и сала за игри.
ХОТЕЛ FENIX TORREMOLINOS 4*
https://www.thepalmexperiencehotels.com/en/hotel-fenix-torremolinos/
Местоположба
Хотел Fénix Torremolinos 4* се наоѓа во Торемолинос, на 170 метри од плажата
Баџондило, само на 100 метри од улица „Сан Мигел“ – главната трговска зона на
Торемолинос.
Автобуската станица и железничката станица на Торемолинос се лоцирани само на 400
метри од хотелот.
Хотел
Хотел Fénix Torremolinos 4* нуди СПА, велнес центар и базен. Располага со тераса на
покривот со хидромасажна када и поглед на морето . Хотелот нуди на своите клиенти
одлична можност за одмор при бизнис патувања.
Не се нуди сместување на деца и нема капацитет за бебешки креветчиња.
Соби
Хотелот располага со еднокреветни , двокреветни , трокреветни соби и апартмани
опремени со различни дополнителни удобности за своите гости. Можат да се резервираат
соби за непушачи и соби подгодни за лица со проблеми во движењето.
Сите соби располагаат со:
централно затоплување;
опрема за бања;
сеф;
мини бар;
клима уред;
фен;
сателитска телевизија.
Хотелот располага со менувачница и банкомат.
Осигурен е безжичен интернет.
Има можност за наем на кола или лимузина.
Фитнес центар.
Се нудат медицински услуги со дополнително плаќање.
Ресторани и барови
Се нуди избор од различни видови на храна како ресторан и барови.
Пробајте ги вкусовите на различни кулинарии или релаксирајте се со пијалок во
рестораните и баровите на Хотел Fénix Torremolinos 4*:
Bar – Cafe е снек бар во хотелот нуди лесни закуски и пијалоци, даваат
можност за одмор и прекрасни мигови со пријатели и блиски;
Chillout Bar се наоѓа на седмиот кат на хотелот и е идеалното место каде
гостите да ќе уживаат во својот пијалок, егзотичен коктел ;
Бифе – ресторан, во кој се сервира појадок, ручек и вечера во удобна
атмосфера /вклучувајќи и средоземноморска кујна/. Од бифе-ресторанот на хотелот
има прекрасен поглед кон Средоземното море;
Cabaret е многуфункционална сала за средби, презентации, жива музика и
претставувања.
Базени и анимација
Откриениот базен на хотелот е со бесплатни лежалки и чадори за гостите на хотелот. Во
зимата откриениот базен се претвора во покриен со стако. Од Хотел Fénix Torremolinos
4* до плажата има лифт
СПА центарот на хотел Fénix Torremolinos 4*е на располагање со дополнително плаќање
и вклучува сауна, турска бања и солариум.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ
Претходно запишување и плаќање се препорачува за сите екскурзии. Екскурзиите се
реализираат на бугарски јазик при минимум 20 лица. Сите екскурзии можат да се најават
и платат на место, при слободни места. Реализацијата на екскурзии не се гарантира без
минимум собрани патници.
Целодневна екскурзиja до дворецот Алхамбра во Гранада – Арапска приказна
84 евра за возрасен / 42 евра за дете до 11,99 г.
Алхамбра во Гранада – последниот бастион на маврите во Шпанија е едно од
најневеројатните места, кое може да се посети во Андалузија- вонземно убав, нацртан,
испишан .Малку места во светот ги оставаат своите посетители без здив и без зборови.
Градот ги носи белезите на вековното преплетување на култури и историски дејствија.
Дворецот на Насридите, последната маварска династија, која управувала во Шпанија е
вистинско ремек дело на архитектурата и не случајно е сред новите Чуда на светот под
закрилата на УНЕСКО.
Со оваа екскурзија ќе можете да погледнете во светот на гранадските емири со посетата
на Дворецот и Градините на Алхамбра. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
Цената вклучува: трансфер, водич, влезница за дворецот Алхамбра.
Цената не вклучува: трошоци од личен карактер.
Важно: задолжителна доплата на слушалки на место – 2 eвра за лице.
Целодневна екскурзија до Севиља – Бисерот на Шпанија
73 евра за возрасен/ 37 евра за дете до 11,99 г.
Ја нарекуваат Севиља-Бисерот на Шпанија, каде што под зраците на сонцето се раѓа
страсното фламенко. Неспоредливиот шарм на Севиља ја претвора во сцена на светски
познатата Кармен и на пламениот Дон Жуан.
Град, во себе го комбинира минатото и сегашноста. Севиља е четвртиот по големина град
во Шпанија и престолнината на Андалузија. Тука живеат над 700 000 лица. Тука времето
запрело. По улиците уште можете да видите луѓе во традиционални носии, а некои од
зградите, обрабени со фајанса, се едни од најубавите во Европа. По пристигање во
Севиља: Панорамски разглед со автобус –Шпанско-Американската изложба од 1929 г.,
убавите мостови Аламио и Баркета, Булеварот на палмите, Плоштад Шпанија и паркот
Марија Лујза. Следува пешачење – обиколка со посета на познатиот кварт Санта Круз,
забележителната Катедрала на Севиља. Катедралата е најголемата готска катедрала во
светот. Изградена е во XV век со прочуената камбанарија Хиралда, слободно време кај
дворецот Алказар на Шпанскиот плоштад со прекрасна фонтана – сцена за многу улични
музиканти и артисти. Слободно време за прошетки и ручек. По ручекот отпатување за
хотел.
Цената вклучува : трансфер, водич, влезница за Катедралата на Севиља.
Цената не вклучува: трошоци од личен карактер.
Целодневна екскурзија до Кордоба
68 евра за возрасен/ 34 евра за дете до 11,99 г.
Вo своjaтa песна „Песна за возачот” Федерико Гарсија Лорка се восхитува на „кулите
возвишени” на тој единствен , светски познат андалузиски град, во стариот дел во кој
човек се губи низ мудроста на вековите.
Градот Кордоба се наоѓа во централниот дел на Јужна Шпанија и лежи на бреговите на
реката Гуадалкивир. Населението брои около 320 000 лица. Месноста околу Кордоба била
населена уште од праисториски времиња. Низ годините градот бил под управа на
различни народи, и најголем подем забележува при кордобскиот калифат, за времето на
маврите. Денес Кордоба има добро развиен туризам, и ги радува своите посетители со
разновидни културни и историски споменици, многу цркви, убави улици со калдрма и
друго. Како и други градови во Шпанија, во Кордоба може да видите христијанска,
мусиманска и еврејска архитектура. Забележителен е историскиот центар на градот, кој е
вклучен во списокот за Светско културно наследство на УНЕСКО. Тука се наоѓа
познатата католичка катедрала „Меските де Кордоба“, која е изградена како џамија за
времето на маврите и била втората по големина во тогашниот свет. Посета на стариот дел
на градот, вклучен вo светското наследство на УНЕСКО, познатата џамија Мескита,
претворена подоцна во катедрала – еднa невероjaтнa комбинација на стилови и религии.
Прошетката продолжува со разглед на Синагогата, еврејскиот кварт, римскиот мост над р.
Гуадалкивир. Слободно време. Отпатување за хотел.
Цената вклучува: трансфер, водич, влезница за Катедралата на Кордоба.
Цената не вклчува: трошоци од личен карактер.
ПРОГРАМА
ДЕН-1 : Софија – Малага
Средба на аеродромот во Софија , Терминал 1 околу 2 часа пред лет. Директен лет
Софија- Малага со авиокомпанијата Bulgarian Air charter. Слетување на аеродромот во
Малага.
Трансфер до хотелите. Сместување. Слободно време. Информативна средба. Вечера.
Ноќевање.
ДЕН-2: Појадок. Слободно време или по желба дополнителна екскурзија:
Целодневна екскурзија до дворецот Алхамбра во Гранада – Арапска приказна
/ околу 160 км- 1:46 часа
Прибирање во хотел. Вечера. Ноќевање.
ДЕН-3: : Појадок. Слободно време или по желба дополнителна екскурзија:
Целодневна екскурзија до Кордоба.
/ околу 186 км- 2:00 часа
Прибирање во хотел. Вечера. Ноќевање.
ДЕН-4 Појадок. Слободно време или по желба дополнителна екскурзија:
Целодневна екскурзија до Севиља – Бисерот на Шпанија.
/ околу 218 км- 2:38 часа
Прибирање во хотел. Вечера. Ноќевање.
ДЕН-5: Малага – Софија
Појадок. Заминување од хотелот.
Трансфер до аеродромот во Малага. Директен лет Малага-Софија.
Услови за откажувања – раскинување на договор
ПАТНИКОТ има право да го прекрати договорот за туристичкиот пакет пред
започнувањето на исполнувањето на на туристичкиот пакет.
Кога ПАТНИКОТ ќе го прекрати договорот по горната точка, тој е должен да плати на
ТУРОПЕРАТОРОТ такса за прекратување на договорот.
ПАТНИКОТ има право да го прекрати договорот за туристички пакет пред започнувањето
на исполнувањето на туристичкиот пакет, без да плаќа никаква такса за откажување во
случај на неопределини и извонредни околности, кои настапиле или случиле во местото
на дестинацијата или во непосредна близина до него, кои го засегаат значително
исполнувањето на програмата или превозот на патниците до дестинацијата.
При прекратување на договорот за туристички аранжман согласно предходната точка,
ПАТНИКОТ има право на полна рефундација на сите направени плаќања за
туристичкиот аранжман , но нема право на дополнително обештетување.
ПАТНИКОТ може да го прекрати договорот во секое време пред започнувањето на
исполнувањето на туристичкиот пакет, откако ќе ги плати стандардните трошоци за
прекратување на договорот.
ПАТНИКОТ должи такса во износ на првата уплата, ако го прекрати договорот до 30 дена
пред започнување на исполнувањето на туристичкиот пакет.
ПАТНИКОТ должи такса во износ на полната сума на договорот, ако го прекрати
договорот во период меѓу 30 дена пред започнување исполнувањето на туристичкиот
пакет и датата на започнување на исполнувањето на туристичкиот пакет вклучително.