Панорама Хотел & СПА****
Сакате ли вистински да се одморите? Да ѝ се вратите на Природата? Да ги наполните батериите до даска?
Да најдете оаза во која вреди да се дојде во сите четири годишни доба? Да си дозволите деноноќни панорамски глетки во еден од најубавите планиски градови во светот?
Сакате ли да бидете ем в град ем в шума? Ем на небо ем на земја?
Ем да скијате ем да летате ем да шетате и возите велосипед во волшебни шуми? Сакате ем да пливате в базен ем да гледате како врне снег?
Можеби ќе ви звучи неверојатно, ама сето тоа (а и многу повеќе) ве очекува во ПАНОРАМА хотел и спа во Крушево. Дојдете и сами уверете се!
Хотелот располага со 20 соби и апартмани, или има капацитет за 48 лица.
За вистинска релаксација ве очекува спа центарот со внатрешениот базен кој има фантастична панорамска глетка кон Крушево и стаклен покрив кој ви овозможува постојано да го гледате и небото.
Опремен е со хидраулични лежалки, џакузи, топли лежалки и финска сауна.
Големите стаклени површини на ресторанот Алто ви откриваат неверојатен поглед кон Крушево, кон боровата шума и кон облаците. Се чуствувате како да сте на чардак и на небо и на земја. Традиционалните јадења ви ја топлат душата, а интернационалното мени ве шета низ светот. Сите јадења се приготвени по највисоките гурмански стандарди, со голем мајсторлук од нашите врвни готвачи. Во ресторанот Алто очите се полнат со глетки кои ви носат радост и ведрина, звуците од шумолењето на буките ви носат спокој, а храната приготвена со највисоко готварско мајсторство го прави уживањето комплетно.
Ценовник
Цена на еднокреветна соба ВВ(ноќевање со појадок) 80 евра за ноќ.
Цена на двокреветна соба ВВ (ноќевање со појадок) 90 евра за ноќ.
Цена на Супериор соба ВВ (ноќевање со појадок) 100 евра ( цена за двајца)
Цена на јуниор апартман ВВ (ноќевање со појадок) 120 евра (цена за двајца)
Цена на делукс апартман ВВ (ноќевање со појадок) 140 евра (цена за двајца)
Во цената е вклучено појадок, користење на СПА центарот, интернет, телевизија, паркинг, ДДВ, туристичка такса, осигурување, complementarity café и вода по собите, гратис карта за жичарата и ски лифтовите, гратис скијачка опрема и 10% попуст во Lounge Bar Alto кој се наоѓа на ски терените во Крушево.
Во супериор, јуниор и делукс апартман има опција за сместување на трето возрасно лице и се доплака 10 евра BB (ноќевање со појадок) по ноќ, или кога станува збор за фамилија две деца, за деца до 8 години е бесплатно, за деца над 8 години се доплака 10 евра BB (ноќевање со појадок) за дете по ноќ.
Доколку сакате дополнителен оброк ручек или вечера цената е 10 евра за лице на ден и е на база сет мени(предјадење, главно јадење, десерт и еден безалкохолен пијалок). За деца до 8 години се доплака 5 евра и добиваат пола порција, за деца над 8 години е исто како и за возрасен.
Во СПА центарот дозволени за користење се базенот и џакузито и тоа во термини од два часа дневно.