МАЛДИВИ
Малдивите или Малдивските Острови се островска земја која се состои од група атоли воИндискиот океан, југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка. 26-театолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња.Малдивите се познати посвоите природни убавини – син океан, бели плажи и умерени температури. Температуритена водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година.Главнииндустрии се туризмот и рибарството.Природните убавини се магнет затуристите и најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни коралнипејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите восветот.Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотелна сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друголокално население.