ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА СО АРБОТРАВЕЛ
ПОСЕТА НА БЕРОВО – БИСЕРОТ НА МАЛЕШЕВИЈАТА
Состанок на групата пред Дрводекор во утринските часови и заминување кон источниот дел на Македонија, во Малешевската котлина, каде на 850 метри надморска височина гордо се издига Берово, под падините на Малешевските планини, обиколено со борова, букова и дабова шума.
Во целата природна убавина, се упатуваме кон нашата прва дестинација машкиот манастир Успение на Пресвета Богородица. На овој локалитет, кој има посебно значење за беровчани, како место на поклонение и молитвено почитување на Пресветата Богомајка, порано имало црква посветена на Успение на Пресвета Богородица која била обновена и прилагодена за монашки живот, па со тоа е преобразена во Манастир, во 2002 година. Во овој манастир, освен другите редовни активносати, монасите го прават највкусниот и најнеобичен локум, со сите видови овошје и јаткасти плодови што ги нуди Малешевијата.
После посетата и разглед на манастирот Успение на Пресвета Богородица, се упатуваме кон центарот на градот, каде се наоѓа женскиот манастир Свети Архангел Михаил. Тоа е единствениот манастир, во овој крај, во кој непрекинато се одвива монашки живот веќе 153 години, токму онолку колку што се стари и конаците. Историската вредност на манастирот, со богати тавани во резба и со прекрасна живописна камбанарија е од непроценлива вредност, дом е на огромен број икони од 19тиот век и е од огромна важност за градот Берово.
Слободно време за разглед на градот, пауза за освежување и ручек. Берово, навидум, со ништо не се разликува од другите мали места во земјава, но со запознавање на природните раритети, традицијата, природни убавини и свеж воздух, традиционалната и природна храна, се открива тајната која привлекува илјадници посетители годишно токму овде во ова мало граче на Истокот. Движејќи се по главната улица, ќе го доживеете тој пресек на старото со новото, на старите дуќанчиња, на старите занаети.
Потоа факултативно, се упатуваме кон бисерот на Малешевските Планини, Беровското Езеро, вештачко езеро кое се простира покрај извишени борови стебла. Сместено е до селото Ратево, на 6 километри од градот Берово, на надморска височина од 1000 метри.Околината на езерото изобилува со прекрасни терени за излет, рекреација и спорт.
Во попладневните часови заминување кон Скопје.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
- Организација и водство на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧЕНО:
- Лични трошоци
Напомена:
За реализација на ова патување потребен е минимум од 33 патници.
Патувањето ќе биде реализирано според сите протоколи на СЗО и со 75% исполнетост на автобусот
Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 2 дена пред поаѓање.