ИСТРАЖЕТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА!
ПОСЕТА НА МАНАСТИРИТЕ СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ И СВ. ЃОРЃИ ПОБЕДОНОСЕЦ, РАЈЧИЦА
Состанок на групата пред Дрводекор во утринските часови. Поаѓање за манастирот Свети Јован Бигорски, на 2 км. од селото Ростуше, дебарско, на надморска височина од 740 метри. Манастирот е положен во варовните карпи на кањонската долина на реката Радика, во бујните шуми на северозападните падини на планината Бистра.Можност да се видат сите убавини на Бигорска Обител со своите импозантни конаци, возвишени кули, живописни чардаци и традиционални одаи, прекрасни споменици на византиската архитектура.
За големина, угледот и богатството на манастирот, зборува и една од најголемите во регионот колекции на свети реликвии. Разглед на непроценливите блага на Бигорскиот манастир, за кои подробни информации ќе ни бидат презентирани од еден од монасите на Бигорската обител: прекрасниот иконостас, врвно дело на мијачките копаничари, прочуените Петре Филиповски – Гарката од с. Гари, со својата тајфа и Макариј Фрчковски од Галичник, кои, по својата вештина на обработка на дрвото, останале ненадминати и до ден денес; чудотворната икона на Свети Јован Крстител, која уште од самиот почеток до денес не престанала да чудотвори, светите мошти,кои се наоѓаат во наосот на големиот кивот и други.
После разглед на Бигорскиот манастир, пауза за ручек и одмор.
По ручекот патувањето продолжува кон манастирот Свети Ѓорѓи Победоносец, кој се наоѓа во во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар, односно во неговото предградие на само 2 км од центарот. Свети Ѓорѓи Победоносец е женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски манастир Свети Јован Бигорски.
По разглед на манастирот, заминување кон Скопје. Пристигање во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
- Организација и водство на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧЕНО:
- Ручек – факултативно
- Лични трошоци
Напомена:
Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.
За реализација на ова патување потребен е минимум од 35 патници.
Патувањето ќе биде реализирано според сите протоколи на СЗО и со 75% исполнетост на автобусот
Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 2 дена пред поаѓање.