ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА СО АРБОТРАВЕЛ
ПОСЕТА НА ПОНИКВА – КРУНАТА НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ
Состанок на групата пред Дрводекор во 07 часот наутро и заминување кон туристичкиот центар Пониква, на 20 км. северно од Кочани на Осоговските Планини.
Осоговските Планини се еден од пределите на нашите простори што може да се пофалат со епитетот вистински еколошки и чист крај. На надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација е оформен туристичкот центар Пониква. Природните убавини, поволната клима и чистиот воздух се одлична можност за одмор и релаксација, каде по престојот во загадениот град, можете да ги наполниме градите со свеж воздух и да се одморите од градската врева. Првото нешто што ќе го почувствувате е свежиот воздух кој ќе ви ги наполни батериите за наредната работна недела. Само со една посета ќе сфатите зошто ова место е наречено „воздушна бања“.
Има неколку објекти и ресторани каде можете да јадете откако ќе завршите со прошетката, па затоа сè што ви треба е желба за одмор и опуштање… и удобни обувки за пешачење.
Во попладневните часови заминување кон Скопје.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
- Организација и водство на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧЕНО:
- Лични трошоци
Напомена:
За реализација на ова патување потребен е минимум од 25 патници.
Патувањето ќе биде реализирано според сите протоколи на СЗО и со 50% исполнетост на автобусот
Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 3 дена пред поаѓање.