ПОСЕТА НА МАНАСТИР БЕОЧИН И БЕЛГРАД
(ман. Беочин – Фрушка Гоера, Св. Сава, Св. Петка и манастир Раковица во Белград)
(03 Септември – 05 Септември 2021)
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
1 Ден – 03 Септември (Петок)
Состанок со групата и заминување кон Србија во 21:00 часот. Ноќно возење со кратки попатни паузи за царински формалности и освежување.
2 Ден – 04 Септември (Сабота)
Во утринските часови пристигнување во манастирот Беочин, сместен на 20 км од Нови Сад, после селото Беочин, под падините на Фрушка гора. Тоа е женски манастир, посветен на Вознесение Господово. Во манастирот се наоѓаат чудотворната икона на Мајката Божја Богородица Беочинска и моштите на Светиот Владика Варнава Настиќ, најмладиот српски светител. Присутвување на утринската служба. По службата поклонение на светиите и разглед на манастирот. Позади портата се наоѓа парк стар 150 години, мала копија на Версајскиот парк, подигнат од градинари од Париз.
После разгледот на манастирот сместување и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 Ден – 04 Септември (Недела)
Појадок и заминување кон Белград. Посета на црквата Ружица и капелата на Света Петка на Калемегдан, каде се наоѓа честичка од моштите на Света Петка. Од таму се упатуваме кон Соборниот храм Свети Сава, за после разгледот на храмот, да продолжиме кон манастирот Раковица, каде ќе се поклониме на гробот на Патријархот Павле.
Во попладневните часови тргнување кон Скопје. Попатни паузи за освежување и царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Цена на аранжманот: 2.500 мкд
Аранжманот вклучува:
- Превоз со високотуристички автобус
- Организација и водство на патувањето
Во цената не е вклчено:
- Едно ноќевање со појадок 15 евра (се наплаќа на самото место)
- Патничко осигурување
- Останати лични трошоци
За реализација на аранжманот потребно е минимум од 30 патника.
За ова патување важат и ќе се почитуваат сите мерки и препораки на СЗО
За овој аранжман важат општите услови за патување на туристичката агенција АРБОТРАВЕЛ.