ИСТРАЖЕТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА СО АРБОТРАВЕЛ
ПОСЕТА НА МАНАСТИР СЛЕПЧЕ
Состанок на групата во 06:30 на паркингот кај Дрво декор и заминување кон Слепченскиот манастир посветен на славниот Претеча.
Сокриен во столетна дабова шума,сместен во источните падини на Илиница,на 680 метри надморска височина, манастирот Слепче е еден од најголемите и добро сочувани манастирски комплекси. Според пишаните извори манастирот датира од 14 век, а легендата вели дека го изградила Самоиловата ќерка Косара на почетокот на 11 век. Во својата десетвековна историја дал многумина истакнати црноризци. Повеќето од нив се истакнале во препишувачката и преведувачката дејност оставајќи зад себе богато книжевно наследство.
Во манастирот се чуваат и моштите на Свети Кипријан Слепчански, новоканонизираниот македонски маченик, кој духовно го раководел братството на Претечевата обител сè до Пасха во 1780 г., кога измачуван и горен од Турците, бранејќи ја верата Христова, маченички се упокоил.
По посетата на манастирот, пауза за освежување и ручек.
Во попладневните часови заминување кон Скопје.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
- Организација и водство на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧЕНО:
- Лични трошоци
Напомена:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 25 патници.
- Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.