ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА СО АРБОТРАВЕЛ
ПОСЕТА НА МАНАСТИР ВИСОКИ ДЕЧАНИ И ПЕЌКА ПАТРИЈАРШИЈА
Состанок на групата пред Дрводекор во утринските часови и заминување кон Косово. Пристигнување во манастир Високи Дечани, сместен во живописната долина на реката Бистрица, под стрмните падини на Проклетије, на едно убаво и пошумено место. Манастирот,посветен на Вознесение Христово, е изграден помеѓу 1327 и 1335 година од Светиот крал Стефан Дечански. Познат е како најголем и најдобро сочуван средновековен манастир, кој во својата бурна историја, претставува важен духовен центар во кој се развива црковната уметност, мисионарски и преведувачки дејности и многу други духовни активности. Во 2004 год. прогласен е за светско културно историско наследство од страна на Унеско. Разглед и поклонение на светињите во манастирот.
Потоа продолжуваме кон Пеќката Патријаршија, манастирски комплекс во близина на Пеќ, на влезот на реката Пеќка Бистрица до клисурата Ругова, вековното седиште на српските архиепископи и патријарси, каде е зачувано богатото уметничко и црковно наследство повеќе од седум века. Изграден е од третата декада на 13 век до средината на 14 век и се состои од главната црква Свети Апостоли, црквата Св. Димитрија од нејзината северна страна, а од јужната – Богородичната црква со помала црква Св. Никола.
По посетата на Пеќката Патријаршија, се упатуваме кон Скопје, каде што пристигнуваме во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
- Организација и водство на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧЕНО:
- Лични трошоци
Дополнителни информации:
Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.
Напомена:
За реализација на ова патување потребен е минимум од 33 патници.
Патувањето ќе биде реализирано според сите протоколи на СЗО и со 75% исполнетост на автобусот
Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 3 дена пред поаѓање.