Посета на манастири во Србија
(манастир Свети Роман и манастир Ѓунис)
На десната обала од Јужна Морава, на 20 км од Крушевац, во близина на Ѓунис, се наоѓа манастирот посветен на Свети Роман, со храм посветен на Благовештение на Пресвета Богородица. Прв пат, овој манастир се спомнува во византиска хрисовула од 1020 година. Во него монахот Роман, ученик на Свети Климент Охридски, го поминал својот земен живот, исполнет со подвизи и чуда, за на крајот и самиот да се освети и да биде прогласен за светител после неговата смрт. Гробницата на Св. Роман со неговите свети мошти се наоѓа во јужниот дел на црквата. Многубројни се примерите каде се услишени молитвите пред светите мошти.
Со ова се согласува и Свети Николај Велимировиќ, кој повеќе пати го посетил светороманскиот манастир и напишал служба на овој Божји угодник, кого го нарекува Роман Моравски во која се вели: „Со неговите молитви слепите гледаат, глувите слушаат, сакатите проодуваат, обземените со лошите демони се прочистуваат…“
Во манастирот се наоѓа и гробното место на рускиот полковник Николај Рајевски, , кој му послужил како инспирација на Лав Толстој за ликот на Вронски, во романот “Ана Карељина”.
Манастир Ѓунис со црквата Покров на Пресвета Богородица е женски манастир, кој се наоѓа во долината на Јужна Морава во истоименото село Ѓунис.Ова Свето место е откриено на чудесен начин 24 Јули 1898 година. На овој ден Пресвета Богородица се јавила на тринаесетгодишната Милојка Јоциќ, фрлајќи стомна со вода на камен, благословувајќи го изворот од кој потекла вода и за кој прорекла дека ќе исцелува болни, го посочила местото каде треба да се изгради црква.
Каменот денес се наоѓа во малата црква, подигната во 1934 година по благослов на Светиот владика Николај.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
(26/01/2020 Недела)
Состанок со групата во 02:45 часот пред Дрво Декор. Заминување кон Србија во 03:00 ч. Возење со кратки попатни паузи за царински формалности и освежување.
Во предпладневните часови пристигнување во манастирот Свети Стефан.Поклонение и разглед… Продолжуваме со посета на манастирот Свети Роман. Поклонение на светињата и разглед на манастирот.
Tргнување кон Скопје во попладневни часови. Попатни паузи за царински формалност и освежување.
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 1.350 МКД
Аранжманот вклучува:
♦ Превоз со високотуристички автобус
♦ Придружник за време на патувањето
♦ Патничко осигурување
Дополнителни информации:
♦ Потребно е да се понесе храна за време на патувањето. Според манастирскиот типик храната не треба да содржи производи од месо.
♦ Во манастирире се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.
За реализација на аранжманот потребно е минимум од 40 патника.
За овој аранжман важат општите услови за патување на туристичката агенција АРБОТРАВЕЛ.