Посета на манастири во Србија
(манастир Свети Роман и манастир Ѓунис)
На десната обала од Јужна Морава, на 20 км од Крушевац, во близина на Ѓунис, се наоѓа манастирот посветен на Свети Роман, со храм посветен на Благовештение на Пресвета Богородица. Прв пат, овој манастир се спомнува во византиска хрисовула од 1020 година. Во него монахот Роман, ученик на Свети Климент Охридски, го поминал својот земен живот, исполнет со подвизи и чуда, за на крајот и самиот да се освети и да биде прогласен за светител после неговата смрт. Гробницата на Св. Роман со неговите свети мошти се наоѓа во јужниот дел на црквата. Многубројни се примерите каде се услишени молитвите пред светите мошти.
Со ова се согласува и Свети Николај Велимировиќ, кој повеќе пати го посетил светороманскиот манастир и напишал служба на овој Божји угодник, кого го нарекува Роман Моравски во која се вели: „Со неговите молитви слепите гледаат, глувите слушаат, сакатите проодуваат, обземените со лошите демони се прочистуваат…“
Во манастирот се наоѓа и гробното место на рускиот полковник Николај Рајевски, , кој му послужил како инспирација на Лав Толстој за ликот на Вронски, во романот “Ана Карељина”.
Манастир Ѓунис со црквата Покров на Пресвета Богородица е женски манастир, кој се наоѓа во долината на Јужна Морава во истоименото село Ѓунис.Ова Свето место е откриено на чудесен начин 24 Јули 1898 година. На овој ден Пресвета Богородица се јавила на тринаесетгодишната Милојка Јоциќ, фрлајќи стомна со вода на камен, благословувајќи го изворот од кој потекла вода и за кој прорекла дека ќе исцелува болни, го посочила местото каде треба да се изгради црква.
Каменот денес се наоѓа во малата црква, подигната во 1934 година по благослов на Светиот владика Николај.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
20/03/2021
Состанок со групата во утринските часови пред Дрво Декор и заминување кон Србија. Возење со кратки попатни паузи за царински формалности и освежување.
Во предпладневните часови пристигнување во манастирот Свети Роман. Присуствување на Светата Литургија, поклонение на светињата и разглед на манастирот.
Потоа продолжуваме кон манастирот Ѓунис. Слободно време за разглед на манастирот, чудотворниот извор со бунарот и местото со каменот каде се јавила Пресветата Богомајка на малата Милица.
Tргнување кон Скопје во попладневни часови. Попатни паузи за царински формалност и освежување.
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА ПАТУВАЊЕТО: 1.250 мкд (за група од 35 патника)
Аранжманот вклучува:
- Превоз со високотуристички автобус
- Придружник за време на патувањето
Аранжманот не вклучува:
- Патничко осигурување
- Останати трошоци
Дополнителни информации:
Во манастирите се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.
За ова патување ќе бидат испочитувани сите мерки на СЗО и сите препораки на Владата на Р. Северна Македонија
За овој аранжман важат општите услови за патување на туристичката агенција АРБОТРАВЕЛ.