ИСТРАЖЕТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА СО АРБОТРАВЕЛ
ПОСЕТА НА МАНАСТИРОТ СВЕТА МАРИНА ВО С. ТУМИНЕЦ, АЛБАНИЈА
Состанок на групата пред Дрводекор во утринските часови и заминување кон Албанија. Попатни паузи за освежување и царински формалности. Патот не води преку граничниот премин Стење, до селото Туминец во чија близина се наоѓа манастирот посветен на Света Марина.
Селото Туминец е едно од девет населени места во Мала Преспа и е второ село по големина, со околу 800 жители. Се наоѓа на падините на Пречна Планина, на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица.
Името на селото за прв пат се споменува во Слепченскиот кодик од 17 век. Според народното предание, името Туминец е добиено поради тоа што тука се минувало, на едната страна е езерото, а на другата планината.
На западниот брег од Преспанското Езеро, во правец север – југ кон с. Туминец, се наоѓа пештерна црквичка посветена на св. Богородица, над која има комплекс на монашки ќелии на два ката, од крајот на 13 и почетокот на 14 век, од кој период датира и византискиот фрескоживопис зоографисан од сликарот Алексиј, ученик на зографот Јован. Како ктитори на оваа пештерска црква се посочуваат игуменот јеромонах Пајсиј и монахот Партениј.
Во близина на селото Туминец во Мала Преспа, покрај местото наречено Писан Камен, се наоѓа преубавиот манастир посветен на Света маченица Марена/Марина. Оваа маченица е од малоазиската област Писидија, која настрадала кон крајот на 3 или на почетокот на 4 век. Манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност. Патронот на манастирот Светата Огнена Марина – Марена се слави на 30 јули, празник кој Македонците во Мала Преспа, традиционално го слават заедно и каде и да се исселени тие за овој празник се тука.
После посетата на манастирот враќање кон селото. Во попладневните часови заминуваме кон Скопје.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
- Организација и водство на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧЕНО:
- Лични трошоци
- Патничко осигурување
- Возење со кајче до манастирот
Напомена:
Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.
За реализација на ова патување потребен е минимум од 33 патници.
Патувањето ќе биде реализирано според сите протоколи на СЗО и со 75% исполнетост на автобусот
Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 3 дена пред поаѓање.