ИСТРАЖЕТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА СО АРБОТРАВЕЛ
ПОСЕТА НА СТРУМИЧКИТЕ МАНАСТИРИ И КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАД
Состанок на групата пред Дрводекор во утринските часови и поаѓање кон Струмица. Се упатуваме кон селото Вељуса, на седум километри пред Струмица, каде што се наоѓа истоимениот манастир. Манастирскиот комплекс е сместен на карпесто плато над Велјуса и Струмичкото поле, каде на една бигорна карпа, монахот Мануил подигнал манастир во 1078 година и го посветил на Богородица. Во времето на градењето на црквата, селото се викало Палеокастро, но подоцна според манастирот го добило денешното име – Вељуса (од Елеуса). Манастирската црква до денешно време ја зачувала оригиналната архитектоника, а новоизградените манастриски зданија се во карактеристичниот македонско-византиски стил на ѕидање – кршен камен со цигла.
По разглед на манастирот се продолжува кон селото Водоча, на четири километри од Струмица, каде се наоѓа манастирскиот комплекс Св. Леонтиј. На локалитетот се сочувани три цркви (источна, западна и средна), со три фази на живописување во ентериерите, архитектонски остатоци, придружни објекти и манастирски комплекс, трпезарија, стопански објекти, две бањи и повеќеслојна христијанска некропола од VII век до IX век. Најстарата е источната, трикорабна куполна црква, која била разурната по пропаста на Самуиловата држава, а подоцна повторно обновена. Во периодот од 1018 до 1037 година изградена е западната, мала крстовидна куполна црква посветена на Св. Богородица Елеуса и Воведение. Средната куполна црква е најголема и претставува епископска црква. Таа е подигната кон крајот на XI и почетокот на XII век и е посветена на Св. Леонтиј, маченик убиен во времето на римскиот цар Беспазијан (69-79) поради прифаќање на христијанството. Во 1996 год. овде е обновено монаштвото, а денес овде живее монашкото сестринство на Струмичка епархија.
Потоа го продолжуваме патот во источниот дел на Струмица, каде што се наоѓа комплексот цркви посветени на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, каде ќе се поклониме на копијата од чудотворната икона на Пресвета Богородица Брзопослушница, која е донесена од светогорскиот манастир Дохијар, на 12 март 2017, во втората недела на Чесниот Пост, Неделата на Св. Григориј Палама.
Како неизбежна атракција во Струмичкиот регион, која ќе ја посетиме, е и еден од највисоките водопади во Македонија, Колешински водопад, сместен на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба. На надморска височина од 600 м. Со својот максимален пад на водата во висина од 19 метри, досега не оставиле рамнодушен ниту еден од нивните посетители.
Во попладневните часови заминување кон Скопје.
Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
- Организација и водство на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧЕНО:
- Лични трошоци