ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА
Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископ охридски и македонски г. г. Стефан, Скопската православна епархија, во соработка со Т. А. „Арботравел“, организира поклоничко патување по светите места во Израел.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
1 ДЕН
Поаѓање за Софија во 07:00 ч. Лет Софија – Тел Авив во 18:00ч. Пристигнување во Тел Авив во 20:30ч. и царински формалности. Трансфер до Назарет. Сместување во хотел. Вечера и ноќевање.
2 ДЕН
Појадок. По појадокот посета на гората на Преображението Тавор. Потоа продолжуваме кон Галилејското езеро, каде ќе ги посетиме светите места околу Галилејско Езеро: Гората на Блаженствата,Табха, Капернаум и Црквата на 12те Апостоли. Повраток во хотелот во Назарет. Вечера и ноќевање.
3 ДЕН
Појадок и напуштање на хотелот. Посета на црквата на Благовештението и црквата на Јосифовата работилница. Потоа патот не води до Кана Галилејска, , каде ќе ја посетиме Црквата на свадбата, каде Исус Христос го направил своето прво чудо, претворајќи ја водата во вино. После Кана, се упатуваме кон прекрасниот средоземноморски град и големото пристаниште Хаифа. Обиколка на пештерата на св. Илија и црквата Стела Марис, како и краток престој покрај прекрасните Бахајски градини. Продолжуваме кон Витлеем. Сместување во хотел, вечера и ноќевање.
4 ДЕН
После појадокот, со специјални возила се упатуваме кон манастирот на св. Сава Осветен, (каде што е дозволен влезот само за мажи). На враќање, посета на манастирот посветен на св. Теодосиј, Црквата на Пастирските полиња, и денот го завршуваме со посета на Црквата на Христовото Рождество. Враќање во хотелот, вечера и ноќевање.
5 ДЕН
Појадок. По појадокот, целодневна посета на Ерусалим, која започнува од Маслиновата Гора, Спасо Вознесенскиот манастир, местото на Вознесението Господово, манастирот на св. Марија Магдалина, Гестиманската градина, Црквата на сите народи, гробот на Пресвета Богородица, св. Ана, св. Јоаким и праведниот Јосиф, и преку капијата на лавовите во Ерусалим, црквата на Рождеството на Пресвета Богородица, бањата Витезда, стасуваме до Виа Долороса (Патот на страданијата), поминувајќи ги сите “станици” до црквата на Господовиот Гроб, каде се наоѓаат последните 5 “станици” од Страдалниот пат.
Враќање во хотелот во Витлеем, Вечера и ноќевање.
6 ДЕН
Појадок. По појадокот се возиме во Бетанија, посета на Лазаровиот гроб, црквата на Марија и Марта, и потоа низ Јудејската Пустина, преку Вади Келт се возиме кон Јерихон, најстариот град на светот, каде се наоѓа дрвото на Закхеј, Гората на искушенија, манастирот на св. Герасим, реката Јордан (каде што св. Јован Крстител Го крстил Исус Христос), и денот го завршуваме на најниското место на Земјата – Мртвото Море. Потоа враќање во Витлеем, вечера и ноќевање.
7 ДЕН
Појадок. По појадокот, се упатуваме во Еин Карем, родното место на Св. Јован Крстител, каде ќе ги посетиме Црквата на св. Јован Крстител и Богородичиниот извор (местото на средбата на Елисавета со Дева Марија). Потоа патот не води до Mанастирот на Чесниот Крст, а од таму продолжуваме кон Сионската гора, каде ќе ги посетиме собата на Тајната вечера, Давидовиот гроб, и црквата Успение на Пресвета Богородица. Денот го завршуваме со посета на Ѕидот на плачот.Враќање во Витлеем, вечера и краток одмор.
Во 22:45ч. трансфер до Црквата на Господовиот Гроб на ноќна богослужба. Во 03:00ч. Враќање во хотелот и ноќевање.
8 ДЕН –
Појадок и напуштање на хотелот. Се упатуваме кон Лида, каде што ќе ги посетиме црквата и гробот на свети Георгиј. Од Лида продолжуваме кон Тел Авив. Панорамски разглед на Тел Авив и посета на стариот град Јафа. Слободно време до 17:00 ч, кога се упатуваме кон аеродромот Бен Гурион, каде мораме да биодеме 3 часа пред полетување. Царински формалности и полетување за Софија во 21:20 ч., слетување во Софија во 23:55ч. Од Софија трансфер со автобус до Скопје. Пристигнување во Скопје во петок во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: ()
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Трансфер Скопје – Аеродром Софија – Скопје
• Авиобилет на релација Софија – Тел Авив – Софија, со вклучени аеродромски такси и вклучен багаж
• 7 ноќевања на база на полупансион од кои:
Ø 2 ноќевања во Назарет
Ø 5 ноќевања во Витлеем
• Сите трансфери согласно програмата
• Локален водич за сите денови на патувањето
• Влезници спрема следнава спецификација:
Ø Превоз на Таворската Гора
Ø Капернаум
Ø Табха
Ø Гората на блаженствата
Ø Влезници на организираната плажа со гардероби и тушеви на Мртво Море
Ø Кумран
Ø Местото на Вознесение Господовон
ØЦрквата Оче наш
Ø Бањата Витезда
Ø Жичарата на Гората на Искушенијата
ØЦрквата на Успение на Пресвета Богородица
Ø Гробот на Лазар
- Едно ноќно возење со автобус Витлеем – Ерусалим – Витлеем (каде ќе присуствуваме на бдеење на Светиот Гроб), вклучувајќи го и ноќевањето за шоферот
- Специјален превоз до манастирот на Свети Сава Освештен
- Сите потребни паркинзи
- Придружник за време на патувањето
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Патничко осигурување
- Бакшиш за локалниот водичот, за шоферот и индивидуални слушалки за
секој патник
НАПОМЕНА:
– Плаќањето е во денарска противредност, по продажен курс на девизен пазар на денот на уплатата, во Т. А. Арботравел
– Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот, промена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја корегира цената или да го откаже патувањето најдоцна до пет дена пред патувањето
– Точното време на поаѓање агенцијата го одредува најдоцна 24 часа пред патувањето. Времето на пристигнување не може да се предвиди, бидејќи зависи од многу фактори.
– Пријавените се сместуваат во двокреветни или трокреветни соби, доколку не изразат желба за еднокреветна соба со доплата.
– Двокреветна соба може да содржи два одвоени кревета или еден брачен кревет, а трокреветната соба три одвоени кревети или еден брачен и еден одвоен (помошен).
– Пријавување и уплата на депозит до .
– Остатокот од сумата ќе биде поделен на соодветни рати.
– Целосно плаќање до .
– Доплата за еднокреветна соба
– Доколку има промени во аеродромските такси се доплаќаат
– Патувањето е од поклонички карактер и важат правилата за поклонички патувања: пристојно однесување и пристојно облекување итн.
– Со групата ќе има придружба од свештеник, кој ќе ги исполни барањата на поклониците за молитви и др.
– Информации и уплата во Т.А. АРБОТРАВЕЛ, тел. +389 2 310 9518 и 070 317 420 лице за контакт Надица.
Организаторот има право да ја измени програмата (во времетрање или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности, кои не можел да ги предвиди избегне или отстрани.
За реализација на патувањето потребно е минимум 45 патника.
За овој аранжман важат општите услови на патување на Т. А. АРБОТРАВЕЛ и СКТМ.
ОПШТИ ПОДАТОЦИ:
– Површина: 20.320 km2 ; Број на жители: околу 7.000,000 во 2000 год.
– Главен град: Ерусалим; Државно уредување: Република
– Валута: Препорачливо е да се плаќа во УСД, и тоа во мали апоени (5,10 или 20 УСД). Препорачано е една помала сума да се смени во шекели (ќе го прашаме локалниот водич колкава да биде сумата)
– Јазик хебрејски, арапски и голем дел од населението англиски
– Време – Есента во Израел (9,10 и 11 месец) е многу пријатна, просечна температура во Тел Авив помеѓу 16 до 24 С°, во Ерусалим околу 3 степени пониска. На почеток на Ноември се уште е топло времето, но можни се и дождливи денови и постудени денови. Да се носи гардероба и за топло и за постудено време (потенка јакна, подебел џемпер), како и чадор или кабаница за секој случај.
– На аеродром треба да се биде најмалку 3 часа пред полетување.
– Пасошот треба да е со важност уште најмалку 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– Агенцијата не сноси одговорност за дискреционото право на граничната полиција на било која земја низ кои проаѓаме, доколку не го пушти патникот или го депортира. Во тој случај не постои обврска за поврат на средства.
– Царински формалности – Сите предмети за лична употреба се ослободени од царина , а вредните предмети (апарати и камери) да се пријават на царина на Софискиот аеродром.
– Рачен багаж: максимум 8 кг., димензии 54х40х20 цм (должина/ширина/висина). Во рачниот багаж не смее да се носат остри предмети (ножиња, турпија за нокти, ножички, грицкалка, течности и сл.). Овие работи да се стават во чекираниот багаж кој оди долу во авионот.Обично за рачен багаж се препорачува ранец, кој ќе се користи во текот на денот при посетите на светите места, каде ќе може да се понесе вода, палома, ужина, јакна и сл.
– Сите течности, како и паста за заби, дезодоранс, парфем, крема за лице, треба да бидат во посебна амблажа која не надминува 100 мл. А се заедно да се спакува во проѕирна кеса 20х20 цм (може да се добие на аеродром) и да не надминува 1л. Препорачуваме за да се избегне оваа процедура, истите да бидат спакувани во чекираниот багаж.
– Чекиран багаж до 23 кг, со максимална дозволена големина за куфер 158 цм (должина/ширина/висина). Во Израел нема забрана за внес на храна, доколку сака некој нешто да понесе да биде во чекираниот багаж.
– Доколку некој користи специфични лекови (кои се добиваат со специјална лекарска потврда), или ако имаат некои метални протези или сл. препорачливо е да носат потврда (извештај) од лекар.
– Личните документи (пасош) и парите треба добро да се чуваат, и секогаш да бидат со вас. Најдобро е да носите мала торбичка околу врат и во неа да се чуваат истите, поради безбедност од џепароши, кои не се насилни, но се неприметни и вешти.
– Во собите во хотелот да не се оставаат вредни работи, да се носат со себе или да се користи хотелскиот сеф.
– На поголемиот дел од локалитетите дозволено е сликање и снимање. Онаму каде е забането ќе бидеме информирани. Забрането е сликање на војни и полициски објекти.
– Сите дестинации во програма се сигурни, поклониците и туристите во Светата Земја имаат посебен статус, и Израелците и Палестинците се внимателни и љубезни кон нив.
– Да се води сметка дека се оди на дестинација каде преовладува друга култура (Блиски Исток) каде нема алкохол и дриги работи кои се кај нас нормални.
– Оние што ќе се бањаат во Мртво море треба да носат костими за капење.