Новогодишно патување

Нова Година Атина

Грција
Времетраење

4 денови

Тип на тура

Групно патување

Група

35 особи

img
img
img
img
img
img

Опис

Во цената е вклучено:

- Превоз со автобус на наведената релација

- 2 ноќевања со појадок во хотел ***

- Панорамски разглед на градот со водич

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето


Во цената не е вклучено:

- Туристичка такса 1,5 € по oсоба од ден, наплата на рецепција во хотел

- Факултативна свечена вечера во национален ресторан – 45 €

- Влезници за музеите и културно-историските споменици

- Организиран разглед Сунион – Пиреа – 10 €

- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида – 35 €

- Патничко здравствено осигурување


- За реализација на програмата потребно е минимум 40 патници.

- Организаторот го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред реализација доколку не се пополни бројот.

- За реализација на факултатитвните разгледи, потребно е минимум 35 патници.

Агенда

30.12.2022

Состанок на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

31.12.2022

Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Вечерта, можност за индивидуално присуство на Новогодишната прослава на Атинскиот плоштад “Синтагма„ или пак факултативно - на Новогодишна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

01.01.2023

Појадок Заминување од хотелот и Атина, со претпладневна прошетка покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени... рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Во враќање посета на Пиреа (едно од најголемите пристаништета на Медитеранот), како и на нејзините познати марини. Враќање во Атина. Ноќевање. 

02.01.2023

Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во доцните попладневни часови. Заминување кон Македонија околу 18.00 часот. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Детали

Датум на поаѓање

30 December, 2022

Датум на враќање

3 January, 2023

Информации

Нова година во грчката пpecтoлнинa Атина, град обвиен со стотици приказни, митови и легенди и илјадници години историја. Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација.


Да ја испратиме старата и да ја дочекаме новата година со патување!


Цена на аранжманот: 139 € (за резервации направени до 28.11.2022)

Цена

139.00 € / по особа

icon

Добијте ги последните новости и понуди

Претплатете се на нашиот билтен

Побарај понуда

Одбери особи

Возрасни

12+

1
Деца

2 - 12 години

0
Бебиња

Под 2 години

0

Ви благодариме на барањето за понуда од нас

Нашиот тим го доби вашето барање, ќе ве контактираме наскоро