– Гаранција за туристичка посета (STATUTORY DECLARATION) во која се гарантира вашето сместување, финансиската помош, трошоците за (евентуално) лекување и изјава дека ќе ја напуштите Австралија пред истекот на визата
– Фотокопија од државјанство или од Австралиската постојана виза на гаранторот
– Изводи од банка (further evidence of founds или evidence of access to funds)
Од Македонија (од апликантот)
– Потврда за уплата на таксата за обработка на молбата, која изнесува 160 еур
– Своерачно потпишан пасош, важечки за целиот планиран престој во Австралија
– 4 фотографии
– 1 формулар
– Извод од родени не постар од 4 недели (преведен на англиски)
– За лица кои се во брак, да се достави венчаница не постара од 4 недели
– Потврда за примања за последните 3 месеци
– Потврда за должината на работниот стаж и висината на месечните примања и изјава дека продолжува со работа по враќањето од Австралија
– Доказ за посредување на одредени недвижности
– Ако сте сопственик на фирма, евиденција за регистрација на фирмата
– Ако сте пензионер, чек од последната пензија
– Ако сте ученик/ студент потврда од училиште/ факултетдека сте редовен ученик/студент, дека е одобрено отсуство од наставата. За студенти и индекс (оригинал)
– За деца под 18 г. старост кои патуваат сами или со еден од родителите, потребна е согласност од двајцата родители потпишани лично
– Ако вашиот брачен другар е во работен однос, доказ за висината на неговите месечни примања
– За лица постари од 70 години се доставува потврда од матичен лекар дека лицето е способно за патување
– Здравствено патничко осигурување
– Ако посетувате близок роднина (родител, брат, сестра…) се доставуваат и нивните изводи на родени – оригинал
– Резервација за повратен авио билет
Времетраење на постапката за добивање на виза: 3 – 5 недели.
Сите приложени документи треба да бидат во оригинали или заверени фотокопии и документите кои не се на англиски јазик, треба да се приложат со оверен превод.
Документите се поднесуваат во Амбасадата во Белград
Copyright © 2022 All Rights Reserved. Powererd by Develephant