Посета на манастири во Косово

Манастир Грачаница, Ѓурѓови Ступови, Студеница

Косово
Времетраење

1 денови

Тип на тура

Групна Тура

Група

40 особи

img
img
img
img
img
img

Опис


Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус
  • Организација и водство на патувањето.

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Останати лични трошоци


Дополнителни информации:

Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.


За реализација на патувањето потребно е минимум од 40 патника.

За ова патување важат општите услови за патување на туристичката агенција АРБОТРАВЕЛ. 

НАПОМЕНА ЗА РАСПОРЕД ЗА СЕДИШТЕ ВО АВТОБУС

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата, земајќи го во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата на 20 евра при уплата на аранжманот.

Агенда



Детали

Датум на поаѓање

13 June, 2026

Датум на враќање

14 June, 2026

Информации

НАЈНОВО ПАТУВАЊЕ

ПОСЕТА НА ДЕЛ ОД ПРАВОСЛАВНИТЕ СРПСКИ МАНАСТИРИ ВО КОСОВО И СРБИЈА ОД 13-14/06/2026

ПАТУВАЈ И УЖИВАЈ ПОЧУВСТВУВАЈ И СПОДЕЛУВАЈ СО АРБОТРАВЕЛ

ПОЧИТУВАНИ,

Повторно Арботравел организира поклоничко патување на Православните Манастири во Косово и Србија.

Присуство на Светата Божествена Литургија во Манастирот Грачаница .

Грачаница — манастир во Косово, изграден на левиот брег на реката Грачанка, десна притока на реката Ситница. Манастирот е оддалечен околу 10 километри од Приштина.

Манастирот е изграден во 1321 година, а ктитор бил српскиот крал Милутин. Манастирот е посветен на Успението на Пресвета Богородица.

Следи пауза за да си купиме нешто од манастирската продавница и во договорено време однапред се упатуваме кон Манастирот Ѓурѓови Ступови , разгелд на целиот комплекс кај што ќе се задржиме 1-2 часа .

Потоа се упатуваме кон Манастирот Студеница , тоа е манастир на српската православна црква и се наоѓа на околу 39 километри од Краљево и е воедно еден од најголемите и најбогатите манастири на српската црква. Манастирот бил основан во 1190 година од страна на Стефан Немања. Самиот ѕид се состои од две цркви: Богородица и Свети Јоаким и Ана. И двете цркви биле изградени од бел мермер. Манастирот е познат по своите фрески кои датираат од крајот на 13 век и почетокот на 14 век. Од 1986 година, манастирот е под заштита на УНЕСКО.

Тука се сместуваме во конаците на манастирот и ноќеваме.

Наутро на 14/06 следиме Божествена литургија причест и потоа појадок во манастирската трпезарија.

После појадокот се упатуваме кон црквата во Ѓунис посветена на Покров на Пресвета Богородица кај што има извор на света вода од истата може да си понесеме за дома.

ЦЕНА: 4.960 денари

Во цената е вклучено:

- Превоз со автобус

- Сместување во конаците во Манастир Студеница со појадок.

- Придружник од агенцијата за време на патувањето

- Осигурување до 65 години возраст.

Во цената не е вклучено:

- Други лични трошоци

За реализација на оваа програма потребни се минимум 40 патници.

​Агенцијата има право за промена на програмата во однос на моменталната состојба или при помал број на пријавени со договор на групата следи корекција на цената.

Напомена:

- При посета на црквите, манастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.

За сите информации 023109518

070570844;072212134

Цена

81.00 € / по особа

icon

Добијте ги последните новости и понуди

Претплатете се на нашиот билтен

Побарај понуда

Одбери особи

Возрасни

12+

1
Деца

2 - 12 години

0
Бебиња

Под 2 години

0

Ви благодариме на барањето за понуда од нас

Нашиот тим го доби вашето барање, ќе ве контактираме наскоро