ОСТРОВИТЕ ТИНОС И АНДРОС

ТИНОС И АНДРОС

Грција
Времетраење

3 денови

Тип на тура

GROUP

Група

40 особи

img
img
img
img
img
img

Опис

ПРОЛЕТНИ ПАТУВАЊА ВО НАЈАВА ТИНОС И АНДРОС МАРТ 2025

ТИНОС - ГРЧКИ ЕРУСАЛИМ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АРБОТРАВЕЛ

I ден СКОПЈЕ - РАФИНА

Состанок на групата во ............часот на договорено место во Скопје и заминување за Грција.Патот за Грција не води преку граничниот премин Евзони.Ноќно возење со попатни застанувања за одмор.

II ден РАФИНА - ТИНОС

Во утринските часови пристигнување на пристаништето Рафина. Испловување со траект кон островот ТИНОС (3,5 часа возење ). По пристигнувањето во пристаништето во градот Хорхе посета на најзначајниот манастир во цела Грција црквата посветена на Пресвета Богородица.

Поклонение на чудотворната икона посветена на Благовештението на Пресвета Богородица, која се наоѓа во црквата Богородица на Тинос, во манастирот “Агиа Панагиа Евангелистриа”. Манастирската црква е изградена на блиското ридче, на околу седумстотини метри оддалеченост од пристаништето и центарот на градот. До неа се пристигнува преку широката и стрмна улица, покрај која од десната страна е издвоена и соодветна патека. По таа патека најчесто, голем дел од верниците со запалени свеќи во рацете, на колена се искачуваат кон самата црква и светата икона. Посета на целиот манастир читање на молитва и молебен на Богородица, слободно време на островот, потоа со траект продолжуваме кон островот АНДРОС ( два часа возење).

По пристигнувањето на АНДРОС се упатуваме кон хотелот сместување, слободно време за индивидуална прошетка на градот, ноќевање.

III ден АНДРОС -РАФИНА

Присуство на Света Литургија во манастирот на Свети Никола кај што се чува миротичивата икона на Пресвета Богородица - цвет кој никогаш не вене и мошти од многу светители ( главата на Свети Никола Мириклијски, Св.Маме,Св.Андреј, Св.Партениј, Св.Козма етолски, Св.Никола нови, икона на Св. Никола извезена со коса од монахиња,.Слободно време за индивидуални активности до попладневните часови до заминување со траект кон пристаништето РАФИНА и од таму патот продолжува кон Македонија со попатни паузи за одмор и гранични формалности .

IV ден Пристигнување во Скопје во утринските часови

Цена на аранжманот: ..............

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

-Превоз со туристички автобус на наведената релација

-Превоз со траект со вклучена пристанишна такса на релација: Рафина - Тинос - Андрос - Рафина

-Сместување во хотели **/***

-Организирани посети според програмата.

-Туристички придружник за време на патувањето

-Организација и реализација на патувањето

Во цената не е вклучено:

-Патничко осигурување

-5€ туристичка такса

-Локален туристички водич 10€ се плаќа во автобус

-Индивидуални трошоци

Напомена: За реализација на оваа програма потребни се минимум 35 патници

​Агенцијата има право за промена на програмата во однос на моменталната состојба или при помал број на пријавени со договор на групата следи корекција на цената.

Напомена:

- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.

За сите информации 023109518

070570844 ;072212134

Агенда

Детали

Датум на поаѓање

28 February, 2025

Датум на враќање

3 March, 2025

Информации

НАЈНОВО ТИНОС И АНДРОС

ТИНОС - ГРЧКИ ЕРУСАЛИМ 28/02 - 03/03/2025

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АРБОТРАВЕЛ


Цена

180.00 € / по особа

icon

Добијте ги последните новости и понуди

Претплатете се на нашиот билтен

Побарај понуда

Одбери особи

Возрасни

12+

1
Деца

2 - 12 години

0
Бебиња

Под 2 години

0

Ви благодариме на барањето за понуда од нас

Нашиот тим го доби вашето барање, ќе ве контактираме наскоро